Македонското лоби ја бомбардира Бакојани

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонското лоби во САД ја „бомбардира“ Бакојани


Автор: Ивана Костовска
bakojani.jpg
Зошто Грција одбива да ги признае правата на македонското малцинство и покрај препораките на повеќе меѓународни организации, кога планира на малцинствата да им дозволи да се идентификуваат и кога грчката влада ќе им даде целосни права на малцинствата. Со вакви прашања беше бомбардирана шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во Вашингтон деновиве од Обединетата македонска дијаспора. Македонското лоби во САД ја искористи ретката шанса преку прашање упатено до Бакојани да покаже дека Грција, и покрај препораките на организациите за малцински права, одбива да признае друго малцинство во земјата, покрај муслиманското.

Бакојани го слушна ваквото прашање од нашата дијаспора токму во угледниот институт „Брукингс“, каде што преку својот говор ја обвини македонската влада дека го буди национализмот на Балканот. Македонското лоби на тоа и возврати со фактите од последниот извештај од Советот на Европа, каде што Грција беше критикувана поради непочитување на малцинските права и каде што пишува дека македонското малцинство нема право на свој идентитет и се соочува со непријателство во земјата.

- Изјавивте дека Турција мора да ги почитува малцинските права, слободата на религија и изразување. Според минатонеделниот извештај од комесарот за човекови права на Советот на Европа, постои загриженост затоа што грчките власти одбиваат да признаат друго малцинство, покрај муслиманското. Што ги спречува грчките власти во тоа да им дозволат на македонските, влашките, турските, албанските и ромските малцински групи да се идентификуваат како такви и да имаат право да го изразат својот идентитет? Кога Грција планира да ги ратификува Конвенцијата за заштита на малцинските права, Европската конвенција за националностите и Четвртиот протокол на Европската конвенција за човекови права и кога македонското, ромското, влашкото, албанското и турското малцинство ќе имаат целосни малцински права, религиозна слобода и признавање од грчката влада - на ваквото прашање на претставник на Обединетата македонска дијаспора грчката министерка за надворешни работи Бакојани дава нејасен одговор:

- Секој европски граѓанин, што значи секој грчки граѓанин ги има сите права што ги спомнавте. Во Европската Унија сите граѓани имаат право на своја религија и ги уживаат сите човекови права. Зашто Грција признава само муслиманско малцинство? Одговорот е многу едноставен. Лозанскиот договор го потпишавме со Турција во еден многу чувствителен момент. Во тоа време со тој договор беше признаено муслиманското малцинство во Грција и христијанското малцинство во Турција. Има јасна историска причина зашто муслиманското малцинство се нарекува така и важно е што Грција го почитува тој договор. Во нашето муслиманско малцинство има и Роми.


Извор Нова Македонија


Конечно македонското лоби доби замав, 16 години беа одфрлени од државата, а нивните ставови беа исмејувани од предходните влади...Нивните барања никој не ги зимаше за сериозно , а за нивните човечки права државата немаше слух...
 
Ок и сега ме интересира што одговорила ???????:vozbud:
 
*Photoshop loves Dora and Dora loves Photoshop*

*make it blink


Pozdrav za ova angaziranje na UMD, sepak trebale i poostri da bidat i da ne i dozvolat diplomatski recnik da koristi.
Vakva kravetinka treba od takt da se izvadi i da tropne nesto epten glupo pa ke si trieme race posle toa.

PS. Grcija ne priznava etnicki i jazicni malcinstva, priznava samo religiski.
 
- Изјавивте дека Турција мора да ги почитува малцинските права, слободата на религија и изразување. Според минатонеделниот извештај од комесарот за човекови права на Советот на Европа, постои загриженост затоа што грчките власти одбиваат да признаат друго малцинство, покрај муслиманското. Што ги спречува грчките власти во тоа да им дозволат на македонските, влашките, турските, албанските и ромските малцински групи да се идентификуваат како такви и да имаат право да го изразат својот идентитет? Кога Грција планира да ги ратификува Конвенцијата за заштита на малцинските права, Европската конвенција за националностите и Четвртиот протокол на Европската конвенција за човекови права и кога македонското, ромското, влашкото, албанското и турското малцинство ќе имаат целосни малцински права, религиозна слобода и признавање од грчката влада -
Требало многу многу поостро. Штом веќе ја начекале требаше уште малку да ја раздрмаат инаку ова е воопшто најнеуспешно патување за Дорчо. Прво не и било дозволено да ја спомне Македонија:vozbud::vozbud::vozbud: второ за Турција била исмеана бидејќи после изборот на Обама за Претседател на САД му се јави на Турскиот Претседател и телефонски разговарале 30 мин а на педериве им се заблагодари со copy paste на писмото наше значи не ги есапи многу а се надеваа толку многу дека ќе им се најде :toe:, за визите им било кажано ко на нас за во ЕУ и НАТО исполнете услови :pos2::pos2::pos2: и на крај за Ковосо имаат правено муабет :tapp::tapp: значи Дорчо освен што потроши пари не заврши работа
П.С. и за договорот со Русија може да направиле муабет :pos2::pos2::pos2:

*Photoshop loves Dora and Dora loves Photoshop*

.

:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Hristijansko i muslimansko malcinstvo i romi,kakva e taa kategorizacija za malcinstva,prv pat slusam.Ovaa ja tepa klimaks ili skroz poulavela.A helenite se mnozinstvo,ha ha ha.A Evropjanive molcat.Ne znam dali znaete,vo site Turski ucebnici po istorija,sekade pisuva deka Turcija se granici so Makedonija,mozebi zatoa e potpisan toj dogovor vo Lozana.Mnogu e matna rabotava.
 
Значи како си ја врти водата во својата воденица, махер е за тоа Бркојани. Во прашањето од Мето Коловски стоеше и македонското малцинство, а таа зеде да објаснува зошто наместо турско малцинство признавале муслиманско малцинство. Воопшто не одговори на директното прашање, туку само го изврти.
 
Инаку ова е истата Обединета македонска дијаспора (ОМД), која пред неколку недели упати забелешка до Груевски поради погрешната политика која ја води во спорот со името.

Тогаш од страна на неколкумина форумџии, под знак прашалник беа ставени активностите на ОМД.
 
Инаку ова е истата Обединета македонска дијаспора (ОМД), која пред неколку недели упати забелешка до Груевски поради погрешната политика која ја води во спорот со името.

Тогаш од страна на неколкумина форумџии, под знак прашалник беа ставени активностите на ОМД.

Не беа ставени никогаш туку беа лути на нивната реакција :toe:
 
Инаку ова е истата Обединета македонска дијаспора (ОМД), која пред неколку недели упати забелешка до Груевски поради погрешната политика која ја води во спорот со името.

Тогаш од страна на неколкумина форумџии, под знак прашалник беа ставени активностите на ОМД.

Јас бев еден од нив. И што е проблемот. Впрочем треба да бидеме критикувани сите кога не правиме она што треба да го правиме, а исто така и пофалени за она што добро го правиме. Токму ова сега го правам и ги пофалувам нашиве во дијаспората и им посакувам да бидат уште пософистицирани за да сметаме на нив во надворешната политика на Македонија како помош на министерот за надвоершни работи и сите други кои на надворешен план ја претставуваат Македонија.
 
*Photoshop loves Dora and Dora loves Photoshop*

Ама немојте така, она е природна убавица... Афродита...:pos2:
1072903.jpg


5B38CDBA80AD0941B85D2335c.jpg


1516792_70x74.jpg


:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Патем, редно беше македонската дијаспора да се разбуди малку.
 
Јас бев еден од нив. И што е проблемот. Впрочем треба да бидеме критикувани сите кога не правиме она што треба да го правиме, а исто така и пофалени за она што добро го правиме. Токму ова сега го правам и ги пофалувам нашиве во дијаспората и им посакувам да бидат уште пософистицирани за да сметаме на нив во надворешната политика на Македонија како помош на министерот за надвоершни работи и сите други кои на надворешен план ја претставуваат Македонија.


Зар Македонија има министер за надворешни работи ?:nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom