Ајде да почнеме по ред. Што нуди нашиот образовен систем? Rote learning и фронтална настава базирана на концепт стар 2000 години. Додека во развиените земји децата учат да учат, ние се уште ги третираме нашите деца како дебили и им тураме знаење со инка и по секоја цена се трудиме да ја истиснеме креативноста која децата до 10 години ја имаат. Невелам дека нема исклучоци - но тие се ретки.
Одиме на вториот циклус на образование - од еден интегриран пристап на работа, кој донекаде функционира до 6 одд, наеднаш ученикот се соочува со 15 наставници,секој со убедување дека неговиот предмет е најважен. Што е уште пострашно, тој предметен наставник кој што студирал на ПМФ или незнам каде, има (формално) положено само три испити за да може да се стекне со квалификација наставник. Тој човек можеби е експерт, ама не е доволно квалификуван да работи со деца.
Сега доаѓаме до средното образование кои од пред некоја година стана задолжително, а повторно не се нуди ништо. Пред некој месец присуствував на една тркалезна маса на која беа презентирани анализи на тоа што нашите стручни училишта нудат и колкав дополнителен период е потребен лицата кои имаат учено во тие стручни училишта бидат способни да извршуваат некоја работна задача. Пак ќе го споменам Johnson Metty кој неможе да најде квалификувани лица за работа во новоотворената фабрика. Нивната анализа е дека ќе бидат потребни 6 месеци интезивна обука за да нашите кадри се осопособат за работа.
Ете не на крај на факултетот, кој здравје боже можеби за некоја година ќе стане и задолжителен. Која е целта на уситнување на Високото образование? Социјален мир во наредните 4-6 години. Што ќе се случува потоа, сегашнава влада не ја интересира. Меѓутоа факт е дека стануваме држава на магистри, доктори и останати титулаши кои никогаш нема да бидат во состојба да најдат работа во државава од проста причина 0 нема нема работници кои ќе треба да се менаџираат!