Maкедонско образование

  • Креатор на темата Креатор на темата DD
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не би се откажал, но зошто владата прави толку напори?

Што ако сите бидеме маѓистри?

Глупости... Тука некоја валкана игра се игра!

Лопови македонски!

Чекај што е проблемот ако се запишат и 90% на факултетите, мислиш дека сите ќе завршат ? - Тие што ги кажуваш идиоти сигурно ќе неможат да поминат чим се идиоти како што ти ги нарече, денеска луѓево се толку ненаситни како да уживаат кога ќе има некој под нивната класа и да го газат.
 
Јас не би се откажал, но зошто владата прави толку напори?

Што ако сите бидеме маѓистри?

Глупости... Тука некоја валкана игра се игра!

Лопови македонски!
Дет вос д поинт за форумџиите кои велат дека има премногу факултетлии. Ако се премногу, добро е тие самите да се откажат од високо школување, да дадат свој пример :)
Или оние кои сметаат дека ради мрзливост некој продолжува со школување...може да даде свој пример, да поработи во КХС...се надевам ме сфати со поентава.
 
Јас не би се откажал, но зошто владата прави толку напори?

Што ако сите бидеме маѓистри?

Глупости... Тука некоја валкана игра се игра!

Лопови македонски!

А што се секираш ти толку за мноштво магистри? Сакаш да кажеш дека тие ботови, како што ги нарекуваш, ке ти претставуваат конкуренција?
 
4. Неможе секој селјак да оди на факултет.Според програмата на бладата на РМ сакаат 99% од матурантите (ботови) да се запишат на факултет.Тие во иднина ќе бидат доктори, архитекти, градежници ...Можете да замислите кој ќе ви го прави домот и кој ќе ве лекува?

кога лично ќе се запишиш на факултет ќе знаеш што точно се случува, а дотогаш ќе можеш да напишеше нешто што некој ти го кажал
некои факултети неможат да ги завршат неписмени, па затоа и годишно малку дипломираат, оти излегува на површина само квалитетот
Уште еден пример:
Во математичкото списание "Нумерус" за осмо одделение најдовме една задача што неможеме да ја решиме.Ј

Не се ништо посебно задачите од нумерус. Ќе знаеш малку повеќе од врсниците и во средно па и на факултет па се ќе биде исто
 
Ајде да почнеме по ред. Што нуди нашиот образовен систем? Rote learning и фронтална настава базирана на концепт стар 2000 години. Додека во развиените земји децата учат да учат, ние се уште ги третираме нашите деца како дебили и им тураме знаење со инка и по секоја цена се трудиме да ја истиснеме креативноста која децата до 10 години ја имаат. Невелам дека нема исклучоци - но тие се ретки.

Одиме на вториот циклус на образование - од еден интегриран пристап на работа, кој донекаде функционира до 6 одд, наеднаш ученикот се соочува со 15 наставници,секој со убедување дека неговиот предмет е најважен. Што е уште пострашно, тој предметен наставник кој што студирал на ПМФ или незнам каде, има (формално) положено само три испити за да може да се стекне со квалификација наставник. Тој човек можеби е експерт, ама не е доволно квалификуван да работи со деца.
Сега доаѓаме до средното образование кои од пред некоја година стана задолжително, а повторно не се нуди ништо. Пред некој месец присуствував на една тркалезна маса на која беа презентирани анализи на тоа што нашите стручни училишта нудат и колкав дополнителен период е потребен лицата кои имаат учено во тие стручни училишта бидат способни да извршуваат некоја работна задача. Пак ќе го споменам Johnson Metty кој неможе да најде квалификувани лица за работа во новоотворената фабрика. Нивната анализа е дека ќе бидат потребни 6 месеци интезивна обука за да нашите кадри се осопособат за работа.
Ете не на крај на факултетот, кој здравје боже можеби за некоја година ќе стане и задолжителен. Која е целта на уситнување на Високото образование? Социјален мир во наредните 4-6 години. Што ќе се случува потоа, сегашнава влада не ја интересира. Меѓутоа факт е дека стануваме држава на магистри, доктори и останати титулаши кои никогаш нема да бидат во состојба да најдат работа во државава од проста причина 0 нема нема работници кои ќе треба да се менаџираат!

Искрено, не знам што си се фатил со Johnson Matthey. Прво, познавам неколку луѓе што работат таму и тоа дека толку време не можат да најдат квалификуван кадар е чиста дезинформација. Johnson Matthey има направено детален Бизнис план и безброј истражувања и стратешки планирања и верувај, немало воопшто да внесува толкав капитал во земјава доколку не бил сигурен дека овде ќе најде квалитетни луѓе со кои ќе работи. Второ, Johnson Matthey е интернационална компанија како и многу други во земјава. Доколку мислиш дека во некоја домашна компанија некој би почнал да работи веднаш, без било каква обука поради тоа што има стручно образование во одредена област, се лажеш. Дури и во Велика Британија каде што се наоѓа матичната Johnson Matthey, се потребни МИНИМУМ 6 месеци интензивна обука на секој што ќе влезе во компанијата. Не затоа што нивните стручни школи не се доволно стручни, туку едноставно затоа што компанијата си има своја култура, уникатни процеси и најразвиен R&D во Европа - начин на работа што е развиван со децении и придонесува за успехот и различноста на компанијата. И според мене и ред други аналитичари што ги имам читано, и тие 6 месеци се многу малку за да се оспособи една личност за работа. И трето, образованието на запад во целост, не е ни оддалеку супериорно. Нека не те лаже тоа што постојат огромни институти за надградба, специјализации во секоја можна област итн. Нема да навлегувам во тоа колкава земја е Америка, колку милијарди долари на средства се финансирани од моќни могули и бизнис гуруа. Неблагодарно е да се споредуваме со такви институции и да очекуваме ист квалитет на образование како земја со 200 години историја и 200 години вложување во истото. Се додека кај нас не почнат да се отвараат приватни универзитети кои ќе бидат affiliates на познатите интернационални универзитети, каде ќе бидат задоволени сите услови што треба едно модерно образование да ги поседува (притоа ни оддалеку не мислам на приватните факултети што во моментов постојат кај нас), се дотогаш не можеме да очекуваме од земја со толку мал буџет, од бесплатното основно и средно образование, да ги помага и храни идеите на креативните деца, не можеме да очекуваме наставниците да предаваат не знам како додека се обидуваат да врзат крај со крај.

Четврто, никогаш нема да станеме држава на магистри и доктори, дури и ако е се бесплатно (тоа не се случило во Александрија кога и робовите учеле заедно со кралевите), нема да се случи ни сега. Пазарот на труд нема да дозволи такво нешто. На еден или друг начин, секогаш еден слој ке се издвојува по статус од другиот, секогаш еден слој и еден поредок ќе биде во функција на другиот - исто како што функционира понудата и побарувачката во економијата ден денеска.

Се согласувам дека сме далеку од тоа да бидеме образовна сила која генерира најквалитетен кадар. Треба уште многу да се направи, но да бидеме реални и за benchmark да земеме некој поблизок до нас, не да се споредуваме со водечките држави во светот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom