Како може да е срамно кога е единствен македонски тим кој стигнал до групи приота елиминирајќи ги Фенербахче со победа дома и гости?
А за Шкендија воопшто не е срамно што испаднаа од Дуделанж, тие се во подем...срамно е што испаднаа од Номе Каљу.
Тоа треба да му кажеш на смотаниот погоре, како го замислува срамот. Ниту знае како испадна Шкендија со два кикса на младиот голман, и дека водеше 1:0 а имаше неколку шанси за 2:0, и во втората утакмица буквално 4-5 идеални шанси не успеа да реализира за 0:1 , а истиот Дуделанж потоа да игра во групи, и да го победи на гости Апоел и изедначи со Карабах (кој не е срам да го победи Силекс 10:0)
Нормално дека не е срам да Вардар прими 20 гола во групи и да дава само 3, оти е прв пат во такви групи, и така се мерат мадињата, со посилни, и знаеш што треба да сториш за да стигнеш таму.
Сигурно, да имаше добри финанциери вториот пат ќе имаше подобри резултати.
И сето тоа благодарение на добриот конкурент што го имаше во првенството, Шкендија, (не викаат за џабе дека здрава конкуренција е предност).
Вистинскиот навивач на Шкендија не треба да се радува на моменталната ситуација на Вардар, бидејќи таква ситуација ќе донесе вакви резултати, испаѓање од Номе Калу, и Дуделанж (иако и во таква состојба бевме далеку по силни од нив), а во иднина можеби и од анонимците од Азербејџан. Без здрава конкуренција, џабе ќе остане да се радуваме на шампионска титула (макар и тоа не е сигурна), кога надвор нема да бидеме спремни да им парираме на појакитее екипи..