kano
Farang
Без навреда ама секој треба да си живее со својот срам во животот. Ќе те заебаваат, тебе нема да ти се свиѓа ама ќе ќутиш и ќе голташ, тоа си е твој срам. Како јас како навивач и другите, не сме направиле ништо за клубот да ни оди напред, како битолчаниве што неможат да опстанат 3 сезони по ред во Прва Лига, како Војводи што неможат да го стабилизираат клубот и ги шупчат у ребро...така и навивачите на Вардар треба да живеат со дамката со Миравци. Јас не видов еден навивач на друг клуб да го оправда тоа еве и после 4-5 год. Едноставно тоа е тоа. Цска Софија сакаше летово да направи фузија со Литекс со цел да остане да игра во Прва Лига после одземањето на лиценцата поради финансиски задолжувања. Навивачите на Цска Софија им се заканија на управата на крај на памет да не им текне да прават фузија пошто ќе има мртви луѓе. Сите до еден застанаа зад клубот да игра во најниска лига од Септември а Цска е најтрофеен клуб во Бугарија. Рекоа дека ако се спојат со Литекс тоа веќе нема да биде нивниот клуб и буквално излегуваа на прес секој ден со прилично заканивачки пораки. Со Вардар тоа не беше случај. Не е ова провокација туку само паралела. Бтв паролата пред некоја година со Ривер Плата уште неможам да разберам дека некој воопшто смисли таква парола. Едноставно секој навивач на клуб во Македонија треба да ја бара кривицата во себе. Ние дозволуваме газдите на клубовите да си играат ку*ац со нас и да не работат ко бавча. Едноставно не си ги сакаме доволно клубовите. Тоа е тоа.
Тоа си е твое мислење и ок си е. Мое мислење е дека си го губиме времето со сите вас и дека колку побрзо се направи балканска лига и немора да се замараме со вас толку подбро. Искрено ниту се срамам ниту ми е гајле што мислите, фактите се тие, ние опстанавме, и продолживме ко ништо да не било, дури станавме и шампиони наредната година, а останативе бувкално кој ве врти... Паролата со Ривер Плата си е на место, во Аргентина има повеќе клубови, во Македонија постои само Вардар.