Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Големо задоволство е што денеска во Тетово потпишавме договор за реализација на соработката за реконструкција на Градскиот стадион, дел од проектот ‘Хет Трик 4’ на УЕФА кој предвидува реконструкција на пет стадиони во државата. По Битола, Тетово е вториот град каде ние потпишуваме договор за почеток на активностите. Овој град заслужува да има модерен стадион каде би се играле и меѓународни натпревари, а желбата на ФФМ е заеднички со градовите да ја подобриме спортската инфраструктура. Ние како федерација имаме обврска да градиме најмодерен терен со дренанжен систем по највисоките стандарди на УЕФА, како и поставување рефлектори за осветлување. Општината треба да изгради покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион. Се надеваме дека работите ќе се движат според планираното и на крајот Тетово да добие ќе убав и модерен фудбалски стадион”
Па и за Штип потпишаа УЕФА и требаше да се почне со работа па не е мрднато едно каменче на стадионо
од која година кенгурот беше на логото??http://sportmedia.mk/legendarniot-kengur-zamina-vo-istorijata-belasitsa-go-smeni-logoto-foto/
Според мене едноставно ФК Беласица веќе не е онаа старата и никогаш нема да ја гледам како иста поради овој потег!
Очекувам да видам каква ќе биде реакцијата на нивните навивачи (ако воопшто се активни и постојат) и општо љубителите на Беласица... иако знам дека незнаат 99,9 % од нив што значи за еден клуб да му сменат традиционално лого.
КАТАСТРОФА.