И да имаат ист буџет (што не верувам покрај овој нов спонзор на Шкендија) Вардар и Шкендија има ооогромна разлика. Не можеш да ги споредиш. Во Вардар, не правеа ништо за доброто на клубот, експерти за кошарка ни го водеа фудбалскиот клуб, секакви партиски пиунчиња влегоа во клубот, наместо да работеа за фановите преку клубот, тие преку клубот сакаа да добијат партиски поени, така да во Вардар само мачкаат очи и мене ми се гади од оваа

од управа што раководи со клубот кој го следам буквално од кога сум роден, се надевам дека ќе отидат во неповрат што побрзо од клубот па макар и да пати клубот некој пеирод, вака пати и клубот и навивачите. За Шкендија и новиот спонзор искрено не знам многу, сево ова за мене е мачка во вреќа

ама овде сигурно е сосема друга работата, навивачите (Балистите) го примамија овој спонзор да инвестира, што значи спонзорот дојде за навивачите, плус според мене мотив повеќе да инвестираат во Шкендија беше и тоа што многу Албанци во Македонија навиваат за Шкендија, како што рече некој погоре, Шкендија ги обединува Албанците во Македонија. Ќе видиме дали сево ова има некоја позадина или сепак искрени намери, ќе биде интересно