На 3 кола до крај на првенството, Шкендија и Вардар одеднаш станаа најголеми пријатели, или што би рекле некои сајтови што пишуваат за спорт „Шкендија ги надигра во купот, а вардарци желни за одмазда победија во првенството“.
Мижи Асан да ти баам.
И додека првенството си тече по старо (а Хари го нема), на некои сајтови што пишуваат за спорт се појавуваат слики од стадионот во Тетово и од автобусот на Вардар? Како да нема пари Вардар за подобар автобус и како тие гадотии на стадионот во Тетово да се од завчера.
Со такви евтини финти ли ќе успеат да ни го одвлечат вниманието?
Наместо да се дискутира за „успехот“ на „моќниот“ Вардар кој без пот ја победи Шкендија во Тетово и за новиот пристап на Шкендија во играње дерби натпревари (љубезни, без навреди, без камења па дури и без жолт картон) нашите форумџии дискутираат за кривите линии на терените и за скапаниот автобус на Вардар. Браво. Уште линиите да ги нацртаат како што треба и ете не во Лига на шампиони.
Друже па не октри топла вода мајко му стара, тоа што сега го зборуваш ние го дискутиравме уште пред 2-3 недели.
Дали била Шкендија дали Ренова или Дрита, Вардар сигурно ќе им го дадеше полуфиналето, божем не знаеш како одат работите во Мак фудбалот.
Сите сме гневни, ама лек нема...
Никакви казни нема да има, затоа фудбалот ни е на ова ниво. А кој сакаше да напише за местенките?
Како прво 90% од медиумите ги боли кур за Мак фудбал, а второ луѓето од единствениот портал што јави за мечот во Тетово (екипа.мк) се задолжени и за изгледот на страната на Вардар. Зар очекуваш да напишат нешто против клубот?

Ме чуди како воопшто пишале за автобусите.
Ме курчи што се палите како демек нас ни била предодредена титулата.
Титулата сами ќе си ја освоиме, па сигурно и другите клубови си имаат такви пријателски клубови кои им пуштаат поен, божем само Вардар е таков.
Сами си искомпликувавме работа ние, кога им пуштивме на Работнички, или со Пелистер, и со авантурата на Џиџи.
Да останеше Боби тренер веќе ќе ја имавме титулата кај нас
Плус не гледам дека титулата е освоена, имаме тешко гостување кај Металург, па веројатно е дека во последно колоТурново ќе влезе како прв на табела. Така да тој меч ќе си решава за титула.
Никогаш не сум можел да сфатам како судиите судат против нас секое коло, а сите викаат не местеле за титула
