Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
И шо, ќе ги пренесуваат само натпревариве од Скопје?
Рекоа дека и од други градови ќе пренесуваат натпревари.
Реално ова коло, Работнички - Металург е нај привлечен, па по него Вардар - Дрита.
Го чекам денот кога Шкендија - Вардар, ќе биде пренесувана на телевизија.
 
Ау, дал је могуче? :D Само да не бидат и овие ко А1, и да пренесуваат мечеви само од Скопје.
 
Во вчерашниот спорт мислам пишуваше дека ништо од Куртиши и Макро ( :icon_lol: ) сепак не потпишуваат за Шкендија.. точно е ова?

Клубот не сакаше да го задржи Мако Лукиќ, на Артим Шаќири не му се допаднал.
А со Куртиши изгледа нема да биде ништо иако не е 100% сигурно.
 
„Почнува проектот за директни преноси од натпреварите во Првата фудбалска лига на Македонија на програмите на Македонската телевизија. Отсега најмалку по еден натпревар од секое наредно коло ќе биде директно пренесуван на нашата програма, а многу често ќе има и поголема понуда, во зависност од интересот за одреден меч, но и од условите за директни преноси. Ќе се потрудиме многу брзо да следат и други емисии, разговори, анализи на македонското фудбалско првенство“, изјави за ЕКИПА, уредникот на спортската редакција на МТВ, Горан Милковски.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=11284
 
Клубот не сакаше да го задржи Мако Лукиќ, на Артим Шаќири не му се допаднал.
А со Куртиши изгледа нема да биде ништо иако не е 100% сигурно.
Па средина на септември дојде други засилувања не гледам како би дошле, а овие двајца дали за прва постава дали за долга клупа ако сакавте битка за титула ви беа неопходни...

Мислам дека ова ве кочи, секако сте тим за топ 3 али моментално со тој ростер тешко ќе играте на гостувања. Ма да не само во Тетово туку и во гости ќе можете на секого да му скинете бодови само за титула треба константност...

ПС. Ме интересира што се случува со вестите за засилувања прво објавувате 100% официјално доаѓање на некој играч за после тоа да се испомешаат работите... вие сте измамени од управата, пролематични се играчите (барања/однос), лоша информираност ( ова неверувам зошто оставивте слики од тренинг со Лукиќ) или некоја друга причина ?
 
Па според мене тенки сме во одбрана но тоа може да се покрие бидејќи Ертан Демири може да игра како централен дефанзивец, исто така и левиот бек Цуцули може да игра како централен дефанзивец. Значи најтенки сме на десната бековска позиција каде го имаме Незири, а може да покрие таму и Бурхан Алији но сепак не му е природна позиција тоа. И во нападот не сме којзнае што, но го имаме Ејупи кој трча многу и не е шпиц што чека топка туку отвара простор и за соиграчите, на клупа го имаме Хасан кој не е којзнае каков играч. Куртиши би ни дошол како кец на десетка ама ајде...
Ако овој тим што побрзо се воигра тогаш ќе бидеме и тоа како опасни за сите, најголем проблем е воиграноста.

Вестите демек официјални се ги пуштат луѓето кои се блиски со управата, тоа го прават на своја глава демек ете јас прв сум знаел. Управата никогаш не пуштила официјална вест што после не се потврдило тоа. Значи сето тоа се чаршиски муабети.
Шкендија беше многу блиску до ангажман на Куртиши, преговорите сеуште траеја а некој ќе каже дека готово е, Куртиши потпишал со нас и ете ти веста се шири одма.
За Лукиќ кажав, не им се допаднал на стручниот штаб. Некој кажа еден муабет демек сакаат да го вратат Никитовиќ, но јас не верувам се додека не потпише.

Како и да е во недела имаме тешко гостување во Кичево, ако се вратиме со полн плен тогаш верувам дека ќе сврземе една победничка серија.
 
Каков почеток на работнички Мелтаург ,комшиките за нас играат денес :D
 
И пак ќе речам, за што ли фрла пари овој Минчо :tapp:
--- надополнето: 15 септември 2012 во 16:23 ---
Ова преносиве како уште толку да ја намалија посетеноста :eek:
Океј, знам дека скоро никогаш во Скопје нема многу обична публика, особено не на мечеви на Работнички или Металург, ама па до толку да нема ни 100 гледачи на дерби меч од колото? :eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom