Стјепановиќ потпиша две години во Вардар!
"Ми недостасува титула во Македонија. Затоа доаѓам во Вардар, но и поради желбата преку игрите во црвено-црниот дрес да се наметнам во македонската репрезентација", ни изјави вчера Стјепановиќ
Најтрофејниот македонски клуб и официјално вчера стави потпис на двегодишен договор со 26-годишниот фудбалер од средниот ред Остоја Стјепановиќ... Согласно претходните најави Стјепановиќ повторно се враќа во црвено-црниот дрес по неговите настапи во 2007 година, сега отворено најавувајќи ја желбата за новиот Вардар да стигне до својата прва титула во македонскиот шампионат.
http://sport.com.mk/?ItemID=012A606BDD31334DAF5C20B57F45D684
Вујчиќ со државјанство и повик во А репрезентацијата
"Бабунски ми најави за можност да внесам конкуренција во средниот ред на националниот тим. За мене би било огромна чест и задоволство да настапувам во македонскиот дрес", вели Штефан ВујчиќАктуелниот фудбалер од средниот ред на "романтичарите", 25-годишниот Штефан Вујчиќ според амбициите и плановите на новиот стручен штаб на македонската репрезентација предводен од Велшанецот Џон Тошак наредниот период треба да добие македонско државјанство и повик за настап во националниот тим... На иницијатива на главниот асистент на Џон Тошак, селекторот на младата селекција, Бобан Бабунски, кој всушност реално го крои актуелниот состав и на сениорскиот национален тим, веќе се очекува да стартува процедурата за добивање македонско државјанство за "Брацо јуниор" по што би следел и официјалниот повик за настап меѓу сениорите.
http://sport.com.mk/?ItemID=26000B8ADF282B47B78A0A1A74A9DD8A
Реџепи продолжи со Ал Тавон
Поранешниот стопер на Шкендија и на Ренова, Шаќир Реџепи, кој во минатата сезона настапуваше во првенството на Саудиска Арабија во дресот на Ал Тавон, го продолжи договорот со оваа екипа на уште една година, со можност истиот да биде продолжен уште плус една сезона. Раководството на Ал Тавон беше задоволно од играта на Реџепи и се одлучи да го задржи во своите редови. Исто така во Ал Тавон игра и Ертан Демири, а до пред некое време настапуваше и Менсур Куртиши, кој сега е играч на Шкендија.
http://sport.com.mk/?ItemID=172C6DB60998C9469DF96AC00255C905
Оставка на Николче Здравески!
Од вчера в.д. шеф на стручниот штаб е досегашниот помошник Трајче Илиоски
По првите четири порази од исто толку натпревари на стартот од новата сезона, Николче Здравески вчера поднесе оставка на местото шеф на стручниот штаб на новиот фудбалски прволигаш, 11 Октомври. Тоа се толкува како висок морален чин по четирите врзани порази, дома од Вардар и Металург по 0:1, на гости од Шкендија 0:3 и во саботата од Хоризонт Турново со 0:1. Оставката е прифатена и од Управниот одбор на клубот на состанокот во понеделникот вечер.
http://sport.com.mk/?ItemID=0767271AB9ED464C8998EF1943CCDD7E
Се врати Влатко Костов!!!
Договорена е соработка со тренерот кој по третпат се враќа на клупата на "гипсарите", човекот кој го донесе тимот од Џепчиште до најголемиот успех
Денеска тренингот на Ренова ќе го води нов тренер. Информацијата која доаѓа од таборот на екс шампионот е дека Влатко Костов се враќа во тимот од Џепчиште по пауза од една сезона. Откако во натпреварувачката 2009-2010 година ја освои шампионската титула, носејќи го најголемиот успех во историјата на "сино-белите", одново ја презема диригентската палка во тетовската екипа. Блиските односи со раководството, но пред сe успесите од минатото одново го враќаат Костов на клупата на Ренова, и тоа по третпат откако во минатото двапати правеше "кам-бек" на кормилото на тимот од Џепчиште.
http://sport.com.mk/?ItemID=C3F563DFC91A1A4C810A13851F216C5E