Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Ке го наместат Турново, слушајте ми зборо!:smir:

Како ќе го наместат и кој ќе го намести? Тој што мести и што ја има ФФМ зад грб, вчера си изгуби дома и тоа баш од Турново и пропушти шанса да се оддалечи од бараж. Да беше овој резултат во Англија можеби и ќе го прифатев, ама кај нас се знае како е кога на некој му гори под нозе. Не се бираат средства за триумф. Не дека Турново е слаб и не може да победи во Прилеп, точно дека Победа има сузпензирани фудбалери, сепак ова е Македонија.

Мене целата работа околу годинашново првенство ми оди на некој голем циркуз што ќе се случи. Се си мислам дека ќе има некое проширување на лигата.
 
Чекајте, само 9то место игра бараж? Не и осмо?
 
Како ќе го наместат и кој ќе го намести? Тој што мести и што ја има ФФМ зад грб, вчера си изгуби дома и тоа баш од Турново и пропушти шанса да се оддалечи од бараж. Да беше овој резултат во Англија можеби и ќе го прифатев, ама кај нас се знае како е кога на некој му гори под нозе. Не се бираат средства за триумф. Не дека Турново е слаб и не може да победи во Прилеп, точно дека Победа има сузпензирани фудбалери, сепак ова е Македонија.

Мене целата работа околу годинашново првенство ми оди на некој голем циркуз што ќе се случи. Се си мислам дека ќе има некое проширување на лигата.

Газдата на Турново излезе од канџите на Донот, и јавно проговори дека ФФМ работи нерегуларно.
Излезе дури и од клубот!

Автоматски смртна казна за клубот.

А победата во Прилеп сплет на околности.

Друга варијанта пак е да се задуши востанието кое ке биде после добивањето на пресудата од Уефа која ке има интересни работи (немој да ме сватите погрешно...пресудата треба да стаса до ФФМ а д’лг е пато до тамо). Тогаш може патникот во Втора лига да биде Победа за да колку толку се намали галамата дигната околу неа.:toe:
Но тоа е помалку веројатно со оглед на тоа дека Прилепчани дури тогаш ке сватат кој е Хари и ке го стават на Колец.

Така да Труново со ГАРАНЦИЈА ке биде патникот во Втора Лига......едино ако не си обезбеди некој друг спонзор или да се предомисли стариот па во Баражот да си купат Виза за во Прва Лига!:smir:
 
Обратно, 3 со 10, а 4 со 9 :)

Искрено не верувам дека Турново чесно победи во Прилеп...

Veruvaj brat,pocesno zdravje...Pobeda so onaa ekipa,vo koja falea 5 igraci od prvata postava tolku i moze,nisto povejke...turnovo imase eden sut na golot,si dade gol i toa e toa...sepak mislam deka so 6 domasni boda *Vardar i Milano" Pobeda ke se spasi od barazot,no ke videme...Kako sto ednas rekov,najverovatno se mesti Turnovo za baraz,no sepak sekakvi igri se vo igra do krajot...Ke videme...
 
Ристовски промовиран во Парма
*Газета дело Спорт го потврди трансферот на младиот талент од Вардар
Еден од најталентираните македонски фудбалери, Стефан Ристовски и официјално најавен како ново име во редовите на калчолигашот Парма за новата 2010/2011 натпреварувачка сезона.
Тоа што беше познато уште од зимскиот преоден рок и официјално потврдено од раководството на "млекарите" пред италијанските медиуми во најавата околу очекувањата на клубот за новата сезона. Поранешниот вардаров фудбалер ќе биде едно од засилувањата за тимот, како што пренесува и "Газета дело Спорт", заедно и со Бразилецот Армеро од Палмеирас и Аргентинецот Сомоза од ФЦ Велез.
18-годишниот Ристовски прво ќе биде вклучен во младинскиот тим на Парма, но за време на летните подготовки приклучен и на најдобриот тим. Стефан Ристовски од свои 17 години веќе е стандарден член и на младата македонска репрезентација за игворачи до 21 година.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=E4CBCA539C04E24A809D33DA912870C2
 
^
Ццццц,каков играч отиде без оштета од Вардар.... Да имаше луѓе кои бар малце се разбираат од фудбал,Вардар можеше и до 500 000 евра да земе за играчов (ако не и повеќе).Со тие пари шампионски тим ќе направевме за другата сезона,али кој да мисли:tapp:
 
Интересно е што тоа не е случај со другите клубови како ова со Вардар и Ристовски. Другите клубови продаваат патарушки од играчи за пари, а ние го продадовме момчево за кое гарантирам дека ќе прерасне во феноменален фудбалер за ич пари. Види само Таковски од Горан и Аце Стојков колку пари зема, чоекот не знам зашо не живее у палата. Може ги искоцкал парите... :toe:
 
Интересно е што тоа не е случај со другите клубови како ова со Вардар и Ристовски. Другите клубови продаваат патарушки од играчи за пари, а ние го продадовме момчево за кое гарантирам дека ќе прерасне во феноменален фудбалер за ич пари. Види само Таковски од Горан и Аце Стојков колку пари зема, чоекот не знам зашо не живее у палата. Може ги искоцкал парите... :toe:

Даде ги на Беласица!:toe:


ПС. Очекувај сеа негирања!
 
Мислим дека сеа ќе играа у бараж Турново или Победа. Турново од причина што спонзорот више се откажал од клубот, а Победа е казнета па и да остане у прва лига ќе неможе да мести утакмице заш не веруем да ја има у некоја кладилница после ова...
Сеа ќе биде супер ако влеза сите први 4 екипе од втора лига, од причина што тие 4 имаат навивачки групе па би било многу поинтересно првенствово по паѓањето на Слога и Ѓорче од прва лига, а со тоа и 2 добри навивачки групе...
А за ова со Ристевски, тоа е јбг кај незнаемо да искористимо, а да играше детево у Динамо,Звезда... би летнал од клубот за некое милионче кои многу значат за ова наше првенство...
 
Ренова може да почне да слави!!!
*Според мене 99% работата е завршена, но, сепак, да го одработиме уште тој еден процент па официјално да прославиме", вели тренерот Влатко Костов
F60B6422FFA21E468FDDEBD942FA6CC8.jpg

Како одминува времето, како се ближи крајот на првенството с$ појасно станува дека годинава Македонија ќе добие нов фудбалски шампион. Како се наближува крајот на сезоната, с$ поизвесно е дека тоа ќе биде Ренова. По одигрувањето на 27. коло, и поразот на Работнички на домашен терен од Силекс, а секако и по победата на Ренова над Милано, на "гипсарите" им се потребни само три бода за и официјално да ја заверат првата историска шампионска титула. До крајот на годинешнава сезона има уште четири кола, но, сепак, нема да има дилеми околку новиот шампион на Македонија. Нема никакви шанси, па дури ниту теоретски, Ренова да ја загуби титулата. Само уште три бода, само уште еден триумф, без разлика дали тоа ќе биде против Силекс идниот викенд, или потоа против Пелистер, Металург или Работнички, шампионската титула ќе биде заверена. На четири кола до крајот од првенството, Ренова има цели десет бода предност во однос на единствениот конкурент Работнички, кој самиот се "сопна" во неделата против Силекс, и уште помалку ја намали неизвесноста. Веќе во наредното коло Ренова има шанса да ги реши сите дилеми, секако доколку слави против Силекс. Но во следното коло Работнички има супер тешко гостување кај Пелистер, па доколку не успее да победи таму, Ренова и со пораз во Кратово ќе ја завери шампионската титула. Јасна ни е математиката на нас, јасна е на сите, па и на тренерот на Ренова, Влатко Костов.
"Работата 99% е завршена, но да го одработиме уште тој еден процент па да почнеме и официјално да ја прославуваме титулата", задоволно изјави тренерот на Ренова, Влатко Костов, кој притоа за потребните три бода за титулата додаде:
"С$ може да биде решено уште овој викенд. Ние гостуваме во Кратово, Работнички во Битола, имама неколку варијанти за и официјално да ја освоиме титулата по ова коло. Ние да победиме, па без разлика што ќе направи Работнички да си ја осигураме титулата", вели Влатко Костов.
За само кусо време, или неколку години Ренова успеа да направи шампионски тим. Секако тоа е благодарение на амбициозното раководство и спонзорот, но секако до тренерот кој го склопи мозаикот.
"Неколку години се гради овој тим. Полека но сигурно чекоревме кон врвот. Ренова сега е голема екипа, тим кој заслужува респект. Сето ова е награда за максимално професионалната работа", вели Костов.
Ренова до крајот на сезоната има да одигра уште четири натпревари. Иако биде решено прашањето околу шампионот уште во наредното коло, сепак, до крајот на сезоната "гипсарите" ќе играат максимално ангажирано.
"Нема да застануваме. Ќе играме на победа на секој меч до крајот. Си наоѓаме ние мотивација за секој меч. Сакаме да завршиме со што е можно поголем бодовен фонд, да играме за рејтингот на клубот, за самите нас, да одиграме за да ги добиеме сите мечеви дома, значи мотицавија има секако", потенцираше Костов, кој во наредните неколку кола ќе прави измени во составот, но, сепак, костурот ќе остане ист.
"Секако дека ќе добијат поголема шанса оние со помала минутажа, но костурот нема да се менува. Ќе има само две до три измени на натпревар, ништо повеќе", изјави тренерот на Ренова.
Вреди уште еднаш на крајот да се спомне дека на "гипсарите" им треба само уште три бода па да ја осигураат историската шампионска титула. Со една ваква состојба на табелата, со една ваква игра на Ренова, но и Работнички, слободно можеме уште сега Ренова да ја наречеме фудбалски шампион на Македонија за сезоната 2009/2010 година.
Е.Растодер

Ефектот на домашен терен за влез во историјата
Импресивен е ефектот на Ренова сезонава на домашен терен. Од вкупно 14 одиграни натпревари, тетовските "сино-бели" забележаа исто толку победи. Сите екипи "капитулирале" во Тетово, а Градски го напуштиле со наведнати глави. Во последните неколку години, ова не & успеало на ниту една домашна екипа. Секако дека Ренова, покрај првата шампионска титула, ќе брка максимален ефект на домашен терен на последните два меча пред својата публика, за и на ова поле да испише нова фудбалска историја.

Ренова ќе биде најмладиот фудбалски шампион
Кога се спомнува името на фудбалскиот клуб на Ренова и секако патот кон шампионската титула, името на овој клуб на секој можен начин ќе биде пишувано во македонската фудбалска историја. Тимот од Џепчиште е формиран 2000 година, но од 2003 година го носи името ФК Ренова. Секоја сезона напредуваше по еден ранг погоре, за во сезоната 2005/06 да обезбеди пласман во Првата лига како второпласирана во второлигашката конкуренција. Со максимално професионална работа, од млад прволигаш овој тим прераснува во силна и квалитетна екипа, која за само пет години успеа да дојде до првата историска шампионска титула, иако за тоа & се потребни само уште три бода.

Има докажани фудбалери, но и такви кои треба да се докажуваат
Во последните неколку кола младинскиот репрезентативец Арџент Гафури добива с$ поголема доверба кај Влатко Костов.
"Тој имаше долга пауза поради повреда. Шест месеци не играше, но, ете, тоа за него е минато, и полека но сигурно добива се поголема минутажа. Секако дека на најдобар можен начин Гафури ја користи довербата. Има Ренова играчи кои треба да се докажуваат, но секако има докажани. Пред с$ мислам на Османи и Бајрами кои влегуваат од клупа, но ја имаат истата заслуга за успесите. Османи освоил шампионски титули, додека Бајрами е интернационалец, поголемо докажување не е потребно", вели Костов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom