Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Заврши првиот дел од првенството
MONDAY, 14 DECEMBER 2009 00:33 DARKO JANKULOVSKI ВЕСТИ - ВЕСТИ & ИНФО


Половина од сезоната помина, четвртина од екипите бојкотираат. Хаџи-Ристески уште 4 години на власт, Ренова лидер со +5 пред Работнички. Ретроспектива на случувањата оваа есен.

Можеби Македонија е единствената земја каде шампионот на првенството во фудбал веќе по една сезона ќе настапува во четврта лига. Секако дека ако се прави ретроспектива на она што го видовме есенва не можеме а да не започнеме со бојкотот на едни, „пишманењето“ на други, исклучувањето од лига на првите, приклучувањето на Вардар кон бојкотот. Сезонава повеќе гледавме и слушавме закани, отколку фудбал. Македонија Ѓорче Петров и Слога Југомагнат незадоволни од реизборот на Хари Хаџи-Ристески за старо-нов претседател на ФФМ се одлучија на непопуларна мерка. Бојкотираа и беа исфрлени од лигата. Турново и Пелистер им правеа друштво, па се премислија. Затоа, Пелистер му „поклони“ 3 бода на Милано, а Турново сеуште е на дисциплинска комисија, но се чини како ФФМ да подзаборави на тој факт. Вардар се приклучи кон бојкотот, но од друга причина. Нивниот супер-талентиран играч Стефан Ристовски доби исписница од ОФС Гази Баба со документ потпишан од поранешен претседател на Вардар. Или, барем тоа го споменуваат како причина. Во секој случај, првенството почна со 12, продолжи со 10, а лесно може да се случи на пролет да видиме 9 екипи. И, кој профитира од сево ова? Никој - некои „вљубеници“ во фудбалот тријат раце од настанатите ситуации, а македонското првенство се повеќе заличува на аматерско.

Општо познато е дека фудбалот се игра за навивачите, но такви во Македонија има се помалку. А, како и да има кога фудбалската федерација забрани гостувања на навивачките групи. Како и да има после сите перипетии за кои сме сведоци? Ќе тргне ли овој македонски фудбал во нагорна линија или осудени сме на пропаст?

А да, и фудбал се играше есенва. Колку-толку, полу-сезона помина. Некој ќе рече конечно, некој се радува на „есенска титула“. Ренова ќе влезе во пролетниот дел со +5 пред Работнички, тие пак имаат полу-финале во купот против Пелистер. По лошиот старт сезонава, Металург успеа да ги оправда високите амбиции и ќе презими на третото место. За тоа беше потребна смена на Ѓоре Јовановски на чие место дојде Никола Илиевски - Џиџи. Хоризонт Турново се најде на четвртото место, а иако сите му предвидуваа лоша сезона на Пелистер, тие долго време се одржуваа на третото место, за само во последните три кола тоа да го изгубат и да паднат на петто, кое го делат со Силекс. Доколку Победа на време му исплатеше на нивниот поранашен играч, Родриго Алмеида, сега ќе имаа 22 бода и ќе беа сериозни претенденти за високо место. Вака, имаат три помалку и ја држат златната средина. Тетекс ќе одмора малку полесно откако во полу-финалето од купот го добија второлигашот Скопје, додека зимскиот сон може да се претвори во кошмар за Вардар, кој се наоѓа на деветтото место. Милано е десетти, со само 3 освоени бодови и тоа на зелена маса, од оној неодигран натпревар против Пелистер.

Наредниот дел стартува на крајот на февруари, наредната година. Многу време за да се средат некои работи, но дали е доволно? Македонскиот фудбал имаше и повеќе од доволно време, но се повеќе сме под впечаток дека прогресот на овој спорт во Македонија е со негативен предзнак. Да се надеваме дека во вториот дел ќе гледаме фудбал, а не празни стадиони. Да се надеваме дека во вториот дел фер-плејот ќе преовладува, најдобриот тим ќе стане шампион, а Македонија достојно ќе биде претставена во европските натпреварувања. Да се надеваме...

Службени бодови за ФК Металург


Понеделник, 14 Декември 2009 12:27


Врз основа на член 10 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија, Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија разгледувајки ги записниците и материјалите од 18 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. "Металург" – Скопје и Ф.К. "Вардар" - Скопје, а во врска со член 55 став 3 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија на ден 14 декември 2009 година донесе:

ОДЛУКА

1. Неодиграниот натпревар од 14 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. "Металург" – Скопје и Ф.К. "Вардар" - Скопје се регистрира со службен резултат 3 : 0.

2. Одлуката да се достави на знаење и извршување и да се објави во службеното гласило на ФФМ "Макфудбал".

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија разгледувајки ги материјалите од 14 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. "Металург" – Скопје и Ф.К. "Вардар" - Скопје го констатира следното :

1. Според утврдениот Календар за одигрување на првенствени натпревари на ден 13.12.2009 година (недела) со почеток во 13 часот на стадионот во Железарница – Скопје требаше да се одигра првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Ф.К. "Металург" – Скопје и Ф.К. "Вардар" - Скопје.

2. Во терминот за одигрување на натпреварот и по чекање од 30 минути од определениот термин за одигрување на натпреварот, од страна на делегатот и судиската четворка констатирано е дека гостинската екипа не се појави на теренот, по што е направен записникот на натпреварот.

Имајки го во предвид погоре наведеното Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија со примена на нормативата на Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука како во диспозитивот.

ПОУКА: Незадоволната страна од оваа Одлука има право на жалба до Комисијата за молби и жалби на Фудбалската Федерација на Македонија во рок од три дена од денот на приемот на оваа Одлука преку овој Комесар.
 
Бавно "умирање" на мак-фудбалот
* Бојкотот на Вардар, Македонија ЃП и Слога Ј, заедно со подигнатиот глас на Пелистер и Хоризонт Т, но и силното незадоволство кое "тлее" во Работнички, а сите дополнети со вештачки одржуваниот во живот Милано, јасно укажуваат дека кај нас фудбалот с$ повеќе се сведува само на хартија
Македонскиот фудбал некако со крајни напори успеа да изживее уште една тажна полусезона од своето постоење во 21. век, овој пат обележена со бојкоти, дисквалификации, службени бодови, празни стадиони... Македонскиот фудбал во суштина за многумина ако не веќе "мртов", тогаш одамна е во длабока "кома" од која очигледно нема така лесно да се извлече согласно актуелниот начин на негово живеење, меѓутоа и сето тоа сосема извесно малкумина од оние одговорните искрено ги засега, затоа што на крајот фудбалската игра ја сведуваат на лесно формално, онака на хартија бришење и одземање бодови, 'кастрење' лиги, промена на натпреварувачки формати и задоволување на сопствените апетити. А, реалните потреби за чесен фудбал и натаму остануваат желба.
Последниот бојкот на најтрофејниот македонски клуб кој се одлучи на најекстремниот чекор е вистински удар за целокупната наша фудбалска игра. Реакцијата на ФК Вардар а надополнета на оние претходните на Македонија ЃП и Слога Југомагнат, заедно со доволно подигнатиот глас на Пелистер и Хоризонт Т, но и силното незадоволство кое "тлее" во Работнички, а сите заокружени со вештачки одржуваниот во живот Милано, како и од УЕФА суспендираната Победа, јасно укажуваат дека кај нас фудбалот с$ повеќе се сведува само на хартија. Сето тоа јасно укажува дека фудбалот кај нас е с$ повеќе само срамен одраз пред европските очи.
Според многумина, добро е што, конечно, заврши една од најсрамните наши полусезони, иако малкумина притоа се свесни дека согласно начинот на кој ја живееме есенската сезона 2009/2010 нема уште долго да има крај на нашите маки да се соочуваме со целокупното македонско фудбалско "мртвило".
Низ целокупните најаснотии во начинот на кој се води ФФМ, неизбежно на крајот од есенскиот дел е да се издвои фактот дека сепак ФК Вардар е клубот кој во голема мера е кошмар за челниците на Фудбалската федерација. Затоа што останува нејасно како и кој од таборот на ФФМ за само неколку часа со едно "голо", непотпишано од никого соопштение, ја промени одлуката за стопирање на раскинот на договорот за Стефан Ристовски, кој беше причината за активирање на бојкотот на "црвено-црните". Останува симптоматично како лесно се поништуваат одлуки кога е во прашање ФК Вардар, нешто слично како добро познатото непочитувањето на одлуката на Арбитражниот суд во случајот "Васоски", со што сега веќе отворено е јасно, и по цена на кршење правни норми или принципи, на крајот на краиштата, за стравот на Хаџи-Ристески единствено од црвено-црната "лавина". Токму затоа ударот, па и на веќе сериозно немоќниот, оваа година сосема "импотентен" Вардар, Фудбалската федерација на Македонија и неговите челници и тоа како не сакаат да го занемарат свесни за можните и дополнителни последици во пролетната сезона доколку нешто не се промени низ меѓусебниот однос. Попустот за најтрофејниот македонски клуб следи токму поради свеста на ФФМ за можните последици од натоварање на сопствениот грб на 2.000 до 5.000 континуирано електризирани "Комити".
Како и да е, македонската лига како никогаш досега во историјата е безмалку на работ на пропаста. Без разлика колку и како понатаму ќе се делат службени бодови, без разлика колку и како ќе се променуваат натпреварувачки формати, жално е што никој од ФФМ низ изминатиот месец не се обиде да разбере дека "умртвувањето" на клубовите е само обично самоубиство. Смешни делуваат и објаснувањата на оние задолжените за организацијата на нашето лигашко натпреварување дека Првата лига ќе биде сосема регуларна и професионална и ако во неа учествуваат и само шест клубови, за што од ФФМ наводно биле подготвени. А никој не помислува колку е залудна калкулацијата со бројки ако ние во суштина го немаме фудбалот. Затоа што за нас не би било проблем Лигата да брои и два клуба, па Ренова и Победа на секои две години да си ги менуваат титулите, но што добива македонскиот фудбал со тоа!?
В.Булатовиќ

ДЕВЕТ "ВАРДАРЦИ" НЕДЕЛАВА ДОБИВААТ РАСКИН НА ДОГОВОРИТЕ НА ШТЕТА НА КЛУБ
Само спонзор ги задржува играчите!
Финансиските проблеми со кои "вардарците" се соочуваа низ текот на првиот дел од шампионатот оваа недела се очекува да кулминираат со заминувањето на поголемиот дел од фудбалерите од актуелниот играчки кадар. Девет вардарови фудбалери сосема оправдано поради неплатени придонеси веќе имаат активирано постапки за добивање раскин на штета на клуб чии барања се очекува оваа недела да бидат прифатени од Комисијата за молби и жалби при ФФМ.
Нескриен факт е дека единствено доаѓање на стабилен финансиер може единствено да влијае во одлуката за останување на играчите на "Филип Втори" и за следната сезона.
"Играчите се професионалци и сосема е извесно дека единствено финансиската сигурност е нивен предуслов за останување во клубот. Знам дека сите тие го сакаат Вардар, но нормално не може да останат под едни вакви услови. Верувам, без разлика на поднесените барања за раскин на договорите, дека доколку дојде нов сигурен генерален финансиер лесно ќе се дојде до заеднички јазик со играчите кои навистина му се потребни на Вардар за останување во клубот", вели шефот на стручниот штаб, Ѓорѓи Тодоровски-Џони.
Од Вардар засега сигурно заминува Србинот Драган Љубисављевиќ, кој веќе се врати во Белград, а на кого клубот нема да му прави никакви проблеми околу заминувањето.

Се чека одговорот од Швајцарците
Без разлика на бојкотот активиран на крајот од есента, без разлика на односите со ФФМ, од страна на колективните членови на Собранието на ФК Вардар истакнуваат дека деновиве продолжуваат активно преговорите со швајцарската консалтинг компанија "Феникс свис", која нуди руски бизнисмен за нов финансиер на клубот. До крајот на годинава, како што велат од Иницијативниот одбор за спас, се очекува одговорот од Швајцарците околу начинот за евентуално преземање на Вардар. "Завршени се поголемиот дел од преговорите, па сега се чека финалниот одговор од страна на 'Феникс свис' по што, согласно најавите, би се минало на прецизирање на деталите за нивни посреднички влез во нашиот најтрофеен клуб. Имаат понуда за преземање на клубот во период од пет години со вложувања на годишно ниво од 700.000 евра", велат од Иницијативниот одбор за спас.
Според најавите, желбата е до стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната да се дојде до финален договор за помирно да се очекува продолжението од шампионатот.
"Жалосно е Вардар да испушти одлични млади фудбалери кои во моментов ги има. Затоа е неопходно што поитно да се затвори прашањето со новиот финансиер", истакнува тренерот Ѓорѓи Тодоровски, кој веќе на тренинзите на првиот тим на крајот од полусезоната, со оглед на отворената веројатност за заминувањето на поискусните фудбалери, приклучи осум играчи од младинскиот тим.

Работнички, Металург, Ренова..., чекаат!
Со огромно внимание целокупната ситуација околу вардаровите фудбалери ја следат и најдобрите три клуба во шампионатот Ренова, Работнички и Металург. Сериозен е од нивна страна интересот за Бошко Ступиќ, Оливер Пеев, Музафер Ејупи, Марко Костенцовски, Филип Петров, Менсур Идризи... Меѓу желбите се и искусните Никола Карчев, Марјан Белчев и Александар Крстески. Веќе следеа најавите и за преселба на еден најголемите наши таленти Дино Најдоски во белградска Црвена Звезда. Стефан Ристовски, пак, веќе неколку месеци е на "тапет" на добар дел западноевропски клубови, меѓу кои "најзагреана" е шпанска Валенсија.

Службени три за Металург
Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, согласно Правилникот за натпревари, вчера веднаш со службени 3:0 во корист на Металург го регистрираше неодиграниот неделен натпревар на Автокоманда на кој не се појави екипата на ФК Вардар.
 
Победа и Милано бараат евро-лиценца
77C3AE04E1342F4293588ADE75832990.jpg

Меѓу пријавените фудбалски прволигаши пријавени за добивање дозвола за играње во европските купови се и казнетата од УЕФА Победа и отпишаниот Милано
Деветте од 10. фудбалски прволигаши кои го завршија есенскиот дел од шампионатот на Македонија, сакаат да добијат евро-лиценца за играње во европските купови, а меѓу нив го нема најтрофејниот, Вардар. Меѓу пријавените екипи кои го испочитуваа рокот од Лиценцната администрација е и казната од УЕФА со осумгодишна забрана во меѓународните купови Победа и отпишаниот Милано кој натпреварувачки не може да стаса до место за во евро-куповите, бидејќи досега има 14 порази во првенството. Меѓу пријавените ги нема ни дисквалификуваните Македонија ЃП и Слога југомагнат.

За пријавување клубовите уплатиле 250 евра, а во наредните три месеци, до крајот на март 2010 година треба да ги исполнат спортските, инфраструктурните, персоналните, правните и финансиските критериуми пропишани според Правилникот за лиценцирање.

Лиценцата ќе важи за натпреварувачката сезона 2010/11 година. Право на учество во меѓународните купови ќе имаат само екипите кои ќе ја добијат дозволата од Одделението за лиценцирање при ФФМ. Пласманот во евро-куповите се изборува врз основа на пласманот во прволигашката конкуренција, а едно место има и за најуспешниот во домашниот куп.

Од лигата со 10 екипи тројца ќе излезат на евро-сцената, и еден претставник преку купот, каде во игра останаа три прволигаши и еден второлигаш. Ако второлигашот Скопје триумфира во ова натпреварување, или пак игра во финалето со шампионот, тогаш ќе добие дополнителна и скратена постапка за евро-виза. ФФМ во квалификациите за ЛШ учествува со шампионот, а во Лигата на Европа има три места, две од првенството и едно од купот.

Казнетата Победа, чии претставници вчера беа на сослушување пред Арбитражниот спортски суд во Лозана, и очекуваа преиначување на одлуката на УЕФА, а во одработување на изречената казна ќе им се бројат само изборените и одобрените настапи во Европа.

Во новата меѓународна натпреварувачка сезона, на сила стапува и задолжителното користење на стадионите столчиња со 30 сантиметри наслон. Во Македонија за квалификациските натпревари во куповите каде досега настапува екипите, покрај Градскиот стадион во Скопје, се користеа стадионот во Куманово и Прилеп.

Samo tri tima imaat fansi spored mene da dobijat licenca drugite sme za zaleke so gajda
no sepak nema nikoj da izlezi vo evropa koga nemame dovolno utakmici ova de ke nemame dovolno utakmici pa taka da :kesa:
 
Победа и Милано бараат евро-лиценца
77C3AE04E1342F4293588ADE75832990.jpg

Меѓу пријавените фудбалски прволигаши пријавени за добивање дозвола за играње во европските купови се и казнетата од УЕФА Победа и отпишаниот Милано
Деветте од 10. фудбалски прволигаши кои го завршија есенскиот дел од шампионатот на Македонија, сакаат да добијат евро-лиценца за играње во европските купови, а меѓу нив го нема најтрофејниот, Вардар. Меѓу пријавените екипи кои го испочитуваа рокот од Лиценцната администрација е и казната од УЕФА со осумгодишна забрана во меѓународните купови Победа и отпишаниот Милано кој натпреварувачки не може да стаса до место за во евро-куповите, бидејќи досега има 14 порази во првенството. Меѓу пријавените ги нема ни дисквалификуваните Македонија ЃП и Слога југомагнат.

За пријавување клубовите уплатиле 250 евра, а во наредните три месеци, до крајот на март 2010 година треба да ги исполнат спортските, инфраструктурните, персоналните, правните и финансиските критериуми пропишани според Правилникот за лиценцирање.

Лиценцата ќе важи за натпреварувачката сезона 2010/11 година. Право на учество во меѓународните купови ќе имаат само екипите кои ќе ја добијат дозволата од Одделението за лиценцирање при ФФМ. Пласманот во евро-куповите се изборува врз основа на пласманот во прволигашката конкуренција, а едно место има и за најуспешниот во домашниот куп.

Од лигата со 10 екипи тројца ќе излезат на евро-сцената, и еден претставник преку купот, каде во игра останаа три прволигаши и еден второлигаш. Ако второлигашот Скопје триумфира во ова натпреварување, или пак игра во финалето со шампионот, тогаш ќе добие дополнителна и скратена постапка за евро-виза. ФФМ во квалификациите за ЛШ учествува со шампионот, а во Лигата на Европа има три места, две од првенството и едно од купот.

Казнетата Победа, чии претставници вчера беа на сослушување пред Арбитражниот спортски суд во Лозана, и очекуваа преиначување на одлуката на УЕФА, а во одработување на изречената казна ќе им се бројат само изборените и одобрените настапи во Европа.

Во новата меѓународна натпреварувачка сезона, на сила стапува и задолжителното користење на стадионите столчиња со 30 сантиметри наслон. Во Македонија за квалификациските натпревари во куповите каде досега настапува екипите, покрај Градскиот стадион во Скопје, се користеа стадионот во Куманово и Прилеп.

Samo tri tima imaat fansi spored mene da dobijat licenca drugite sme za zaleke so gajda
no sepak nema nikoj da izlezi vo evropa koga nemame dovolno utakmici ova de ke nemame dovolno utakmici pa taka da :kesa:

Ово нема ни у Београду !!!:nesum::tapp::nesvest:
 
Игор Климпер и официјално промовиран во генерален секретар



ФФМ одлучи да го реконструира кровот на Јужна трибина на „Филип Втори“ и да постави кров на стадионот во Маџари

Сашко Ѓ. Димовски


Игор Климпер и официјално е именуван за нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На вчерашната седница на Управниот одбор на ФФМ тој едногласно ја доби довербата на членовите во фудбалската влада на Харалампие Хаџи-Ристески. Климпер, кој беше единствен кандидат на конкурсот, ќе ја извршува функцијата во наредните четири години.

Управниот одбор донесе одлука да инвестира 650.000 евра за реконструкција на јужната трибина на националната арена „Филип Втори“ во Скопје согласно реализацијата на проектот на ФФМ со УЕФА наречен „Win in Europe“. Меѓудругото беше донесена одлука за поставување кровна конструкција и на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари за докомплтирање на објектот за потребите на Европското првенство за фудбалери до 19 години кое во 2010 година ќе се одржи во Македонија.

Управниот одбор го усвои извештајот за продадените билети за мечот меѓу Македонија и Канада и донесе одлука за набавка на спортска опрема со средства од солидарната помош на УЕФА. Опремата во вредност од 170.000 евра ќе биде од марката Пума и ќе биде наменета за младинските, кадетските и пионерски категории во екипите вклучени во системот на натпреварување на ФФМ. Донесена е и одлука за потпишување договор меѓу ФФМ, Агенцијата за млади и спорт (АМС) и локалната самоуправата на општина Аеродром за изградба на фудбалски игралишта во рамки на новиот тренинг центар.

На седницата беа потврдени и предлозите на комисиите за избор на најдобрите во мак-фудбалот за 2009 година. Тоа се: Бесарт Ибраими (Ренова/најдобар играч и стрелец), Влатко Костов (Ренова/најдобар тренер), Горан Попов (Херенвен/најдобар наш играч во странство), Кристијан Наумовски (Работнички/најдобар млад фудбалер), Македонија Ѓ.П. (за најдобра младинска школа), Александар Ставрев (најдобар судија), Мирослав Милошевиќ (Хоризонт Турново/најдобар странски играч во македонското првенство), Силекс (фер-плеј), Ренова (најдобра екипа), Наташа Андонова (КФМ Велес/најдобра фудбалерка), Тиквешанка (најдобар женски клуб), КМФ Железарец (најдобра екипа во футсал), Жарко Наскоски (најдобар играч во футсал), Шефки Идризи (спонзор на екипата на Ренова и сопственик на компанијата Ренова/најдобар фудбалски работник). Посебни признанија во фудбалскиот спорт ќе им бидат доделени на Ивица Коневски (градоначалник на општина Аеродром) и на Бранко Азески (претседател на стопанската комора на Република Македонија).


#
Статијата е прочитана 123 пати.

 
.............................................................




НОВА ОПАСНОСТ ЗА РАКОВОДСТВОТО НА ФФМ
Поповски иницијатор за формирање здружение
Раководните луѓе на Фудбалската федерација на Македонија многу брзо ќе мора да се соочат со тоа дека Здружението на прволигаши ќе биде формирано и ќе заживее. Иницијатор за создавање на ова тело ќе биде претседателот на Работнички, Драган Поповски, кој на овој начин застана зад барањата на двата исклучени клуба од првата лига.
- Точно е дека Здружението на прволигаши ќе мора да биде формирано. Клубовите конечно мора да го преземат првенството и финансиите во свои раце. Впрочем тие ја сочинуваат Првата лига и не би смеел друг да одлучува за нивните потреби и права. Во најскоро време ќе контактирам со сите клубови за да видам какво е нивното размислување на тој план. Ќе свикам и состанок на ниво на претседатели на клубови за да може секој да ги искаже своите размислувања. Ако повеќето се сложат, тогаш ќе нема никакви проблеми околу организирањето и формирањето на ова тело. Барањата на Слога југомагнат и на Македонија ЃП се во ред и ќе бидат повикани и нивните претседатели. Не може некој друг да одлучува во името на клубовите - вели првиот човек на Работнички, Драган Поповски.
Влегувањето на Поповски во игра за формирањето здружение и дава уште поголема тежина на целата иницијатива. Тој е претседател на Работнички, клуб кој во последните неколку години игра значајна улога во македонскиот фудбал.
Ако секаде во светот фудбалот функционира преку здруженијата на клубовите, зошто тоа не би се остварило и во Македонија. Ситуацијата која сега владее во македонскиот фудбал е неиздржлива. Има недостиг од спонзори, а доколку се продолжи на ваков начин, и оние постојните ќе се повлечат.
 
УЕФА ја "брише" Победа од "Вуко Каров"

*Предупредувањето од УЕФА ќе биде пратено во Македонија и Бугарија поради тоа што во Кавадарци треба да настапат екипи од двете земји
Прилепска Победа има суспензија од 8 години како забрана за настап на меѓународни натпревари. Поради "местенката" со "Пјуник" ваквите санкции ги изрече УЕФА, а подоцна ги потврди и ФИФА. Двете водечки фудбалски институции премногу сериозно го сфаќаат овој проблем за разлика од казнетите и луѓето кои во земјава го водат фудбалот и кон целиот тој скандал гледаат со потсмев.
06A8D1AFCF4ACD4DA69748F78DAEB7E3.jpg
Последните најави дека ФК Победа од Прилеп ќе настапи на меѓународниот турнир "Вуко Каров" во Кавадарци се доволна причина за нов аларм во седиштето на Нион. Покрај прилепчани, на споменатиот турнир ќе учествуваат домашниот состав на Тиквеш и есенскиот првак Ренова. Како гостин од Бугарија свое учество најави и ФК Пирин од Благоевград. Како што дознавме во текот на наредниве неколку часа или дена во седиштето на ФФМ во Скопје и она на БФС во Софија ќе пристигне предупредувачко писмо од УЕФА со кое на екипите ќе им биде забрането учество на турнирот доколку на истиот настапи и суспендираната екипа на ФК Победа.
Прилепчани како да не се свесни за казната која ја добија од водечките фудбалски федерации. Забраната се однесува на забрана за одигрување меѓународни натпревари, а токму дуелот со Пирин би бил меѓународен.
По ваквиот развој на настаните се очекува ФФМ да го предупреди тимот од Прилеп, кој ќе треба да се повлече од турнирот доколку организаторот сака да има гостин од соседна Бугарија и турнирот да има статус на меѓународен.
За жал, некои луѓе во Македонија на чело со функционери во ФФМ постојано не ги почитуваат казните и санкциите од ФИФА и УЕФА иако се обрзани да ги спроведуваат сите нивни одлуки. ФФМ уште во процесот на судењето направи еден куп глупости со кои одеше да & наштети на истрагата. Да потсетиме дека токму "куќата на фудбалот" беше местото од каде почнаа да се шират одредени имиња за кои подоцна и медиумите пишуваат дека се заштитени сведоци, па кодоши иако за сето тоа сега на ред се судските процеси во земјава и во странство по кои ќе следи уште една фатална приказна за фудбалот во Македонија.
Колку за потсетување дека с$ уште Победа ја чека веста на судот во Лозана по нивната жалба за казните од УЕФА иако шансите за помилување се речиси никакви.


http://sport.com.mk/?ItemID=E2C94D8E4D18ED4ABECBBD10A1D4D00A
 
На 27-ми Феверуари почнува првата лига.:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom