Не се откажаа А1 од англиско, туку Сител понудил повеќе пари на лицитација. Имаше за тоа во весници. Се утепав од смеење кога Велија (на А1 нормално) рече дека „ не сакал да ги фрла парите за странски првенства туку сакал да го промовира домашниот спорт“ :pos2: Да да не сакал, откако Сител им го лапна англиско.
Летото пишување дека Сител понудил околу 600.000 евра, а А1 нешто повеќе од 500.000.
Мора да се признае дека на А1 беа многу подобри преносите.
А за преносите од домашна лига, А1 ги прави бесплатно. Ниту дава пари на некој ниту пак има реклами од кои може да земе пари. Ова ми го кажа еден од коментаторите, на полувреме еднаш кога беа на Металург. Имале некоја идеја за реклами за да може и клубовите на ТВ што ќе ги даваат да имаат некоја добивка од тоа, ама не кажа конкретно.
Пред некој месец кај Чомовски имаше гости (Трифун, Николовски и уште некој) и тогаш спомнаа и за овој дел околу преносите. Според сегашнава (не)организираност на клобовите и ФФМ, преносот зависи и од расположението на домаќинот. Ако му текне, може да не ги пушти камерите

Баш на тоа се пожали новинарот од А1 Горан Стерјов, во емисијата кај Чомо.
Исто тогаш кажаа колку бил штетен договорот на УФА Медиа и ФФМ. Сите пари од ТВ права на репрезентација и на клубовите за евро настапи одат кај УФА Медиа.
Многу мал дел од парите од ТВ пренос земале клубовите што играат во Европа. Интересна емисија беше таа, фалат многу повеќе од тој тип.