- Член од
- 1 декември 2008
- Мислења
- 1.043
- Поени од реакции
- 182
Металург со тужба против Артим Шакири, бара 6 милиони денари како надомест за клевета
Металург ја продолжува битката со Артим Шакири откако тренерот на Шкендија посочи дека дел од фудбалерите на овој тим им нуделе мито на неговите играчи во пресрет на првенствениот дуел меѓу двете екипи. Од таборот на Металург експресно ги демантираа овие тврдења на Шакири, дадени за весникот „Македонски спорт“, за денеска да биде обелоденето дека скопскиот клуб почнал и судска постапка против поранешниот македонски репрезентативец, од кого бараат огромни 6 милиони денари (100.000 евра) за изречените клевети.
„Ве информираме дека во текот на денешниот ден фудбалскиот клуб Металург АД Скопје покрена тужба за клевета во граѓанска постапка пред Основен суд Скопје 2 - Скопје против шефот на стручниот штаб на Шкендија Тетово, Артим Шакири. Тужбата се однесува на изнесеното тешко обвинување и клевета од страна на Шакири против фудбалерите на ФК Металург како и самиот клуб, во дневниот весник „Македонски спорт“ на 9 мај 2013 година, по првенствениот натпревар Шкендија - Металург. Висината на отштетата што ја бара ФК Металург во оваа постапка изнесува 6.000.000 денари“ - се вели во соопштението на „металурзите“ до медиумите.
Ептен ќеф ќе ми направи макар и 1000 денари да му земат на овој лажго. После нека купат топки и дресови со парите.
Колку може да си глуп за да изјавиш во весници нешто ко Артим што изјави?