Турново, со класична бункер тактика , и лежење на терен (како и мнозинсто екипи што доаѓат во Тетово), со една цел, додај ја топката до Блажевски. А дечкото како брз воз кога беше еден на еден со нашите одбранбени играчи, и нон стоп ги ставаше под притисок.
Како не го прочита тоа Шаќири уште не ми е јасно (или пак го прочита, ама....не сум мнгогу по теориите на заговор, но... ).
Меџит Демири требаше да добие задача стриктно до него (наш најбрз одбранбен), а тоа го примени само 10-15 мин, цело време покрај Блажевски беа спорите Ертан Демири и Бериша.
Турново игра бункер, а Шаќири ги вади единствените (покрај Положани) што можат да направат вишок играч, Неџипи и Емини,(иронијата да биде поголема става двајца ДМ Алиу и Усеини), и плус замена напаѓач (Ејупи) со таканаречен напаѓач (Хасан).
...Не знам, можеби сепак била наместена?!?!?
Секоја чест на турновци, затоа и беа испратени со аплауз..