Цар Самуил
Царот Самоил бил син на комесот (кнез) Никола и Рипсимија која била со ерменско потекло. Според
Скилица, тoј и неговите браќа се „
синови на еден од најмоќните комити во Бугарија“;
Стафан Таронски пак пишува:„
Тие биле од ерменскиот народ и по потекло од провинција Дерџан,а императорот Василиј ги префрлил со наемните војски во Македонија да се борат против Бугарите. Но тие се одделиле од императорот на Грците и преминале на страната на царот на Бугарите“. Антрополошката анализа на неговиот скелет, укажува дека се работи за егејско-кавкаски тип на расна припадност. Според оваа анализа, тој бил висок само 1,55 метри (по
N.C. Moutsopoulos).

Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (од саркофаг "Г") црква
Свети Ахил,
Мала Преспа (по Н. Муцопулос, Βασιλικη).
Самоил не тежнеел кон наследување и продолжување на историските и правните традиции на бугарската средновековна држава, туку напротив, се стремел кон вообличување на сопствен идентитет[
се бара извор], создавајќи ново политичко тежиште на спротивниот крај на Балканот, каде што биле формирани новите престолнини Преспа и Охрид. Покрај тоа тој основал и посебна автокефална црква со ранг на патријаршија, не со седиште во старите бугарски црковни центри, туку во Преспа, а потоа и во Охрид. Исто така бил и многу талентиран и искусен владетел, војсководец и дипломат. Постигнал големи успеси во војната против Византијците, Србите и Хрватите, и успеал да ги прошири териториите на својат држава надвор од границите на Македонија.
[уреди] Освојувања и крунисување
Иако Самоил не бил крунисан како
цар сѐ до
997, поради што бугарскиот цар
Роман бил уште жив, тој управувал со државата од
976. Познат како успешен генерал, Самоил освојувал нови територии во сите правци. Набрзо, неговото царство било распространето по речиси целиот
Балкан, со делови од
Грција,
Тракија, кои биле се уште под византиска власт. Во
986, Самоил ја истуркал армијата на Василиј II Македонски (од
византиската династија на Македонците и наречен со прекарот
Бугароубиец) од полето кај
Тројанова врата и императорот набрзо се свртел кон исток по нови освојувања. Во борбата се заробени „царските знаци“ со целиот императорски шатор(Јоан Скилица, Лав Ѓакон). Јоан Геометар исто пишува дека „Истарот заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна.
По оваа победа, Самоил бил крунисан веројатно од страна на патриарх
Филип. Хипотезата дека бил крунисан од
папата Грегориј V во
Рим се темели на подоцнешната кореспонденција меѓу бугарскиот цар
Калојан (
1197-
1207) и
папата Инокентиј III (
1198-
1216). Спомнувањето на царевите Симеон, Петар и Самоил како добитници на круна од Рим (Симеон и Петар се крунисани од цариградскиот патриарх), како и фактот дека тоа е дипломатска трка, ја прави хипотезата неверодостојна. Уште
Снегаров забележал дека Самоил имал „канонски патриарх“, коjшто може да го круниса. Титулата на цар Самоил како бугарски цар, крунисувањето и воопшто, припадноста на Самоил и неговото царство е контроверзна денес и претставува предмет на спор меѓу историчарите.

Самоиловото царство, 996, според Димитар Ризов (Преземено од атласот: Die Bulgaren in ihren historischen, etnographishen und politischen Grenzen, Berlin 1917, p. 14) - Бугарите во нивните историски, етнографски и политички граници, Берлин 1917, с. 14
[уреди] Војна со Византија
Во следните 15 години, Самоил и
Василиј II се спремале за голем судир. Во
1002, меѓу нив е отворена војна. Во оваа точка, армијата на Василиј II Македонски била добро извежбана во источните битки на Византија, и Самоил бил присилен да се повлече во внатрешноста на своето царство. Самоил се надевал дека со постојани напади ќе го присили
Василиј II Македонски да склучи мир и на овој начин 12 години ја чувал независноста на својата држава, а успевал и да го задржи Василиј на растојание од големите градови меѓу кои и престолнината
Охрид.
На
29 јули 1014 кај планината
Беласица Василиј II успеал да ја изненади Самоиловата војска и да ја присили на битка во отсуство на Самоил. Резултатот бил страшен пораз за
Самоиловото царство – ослепени биле 14 000 војници на Самоил од кои секој стоти бил оставен со едно здраво око за да може да ги води останатите. Глетката била премногу и за самиот Самоил кој се обвинувал себе за поразот, заболел и умрел три месеци подоцна, на
6 октомври.
Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач. Во почетокот, престолнината на Македонската држава била во
Преспа, на островот Ахил, а по прогласувањето на Самоил за цар, престолнина на царството станал градот Охрид.
_______________
:barca:
Only B A R C A is in my heart!!!