Македонски стручњаци!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Запишал еден чешки зоолог кој ја посетувал Македонија - како територија, во текот и по балканските војни „сите балканци сакаат да водат политика“....и така верувам се створиле нашите денешни политичари. Од чаршиски муабети, „клански“ напаѓања и освети, преку читање странски весници и проучување странски политики, партии и политичари! Се создале нашите денешни импровизатори и имитатори т.н. европски политичари!:pos2:
Се прашуваат -медиумски- нашиот премиер и нашиот врвен опозиционер , колку тој треба да плати а колку другиот претходно погрешил! ВЕСТИ НА ДЕНОТ!
Македонија оди напред , визна либерелизација, спогодба за името, сите не подржуваат , НО , да бидеме флексибилни и да признаеме дека не постоиме и како непостоечки сме и неспособни!
Имаме ли ние воопшто стратегија!!! (требаше да ја гласаме на парламент) ама и тоа како импровизација ќе да беше , па и како таква се откажа!
Знаат ли нашите политичари за што се бори нивниот верен народ и за што тој пати со години, размислуваат ли тие воопшто како македонски граѓани или ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ?
Ќе застанеме ли некогаш на свои нозе независни од некои надворешни сили или секогаш ќе се претставуваме како „курва спонзоруша“, ќе имаме ли некогаш зацртан пат по кој се движиме и на кој, по било која цена, ќе настојуваме да останеме или тоа е можеби веќе патот по кој тие одат - СРАМ И ПОНИЖУВАЊЕ! (на самите нив како личности и политичари, ако можат да ја носат таа титула, и на цела една нација - нација во изумирање).
Зар мислат дека нивната т.н. политика е продуктивна за било која држава поготово нашата туку-речиси безимена , што така храбро ја водат „напред“. И нели е нивниот капитал веќе доволно набилдан за да си дадат оставки , купат вили на некој преубав остров и да не остават нас обичните Македонски смртници да си ја градиме државата, а тие на сателитска да си гледаат сеир или пак да научат нешто! Предавници, имитатори, импровизатори,актери и сите други маалски хоштаплери!
Република Македонија - смрт или само Република Македонија!
 
Ο πρωθυπουργός της ΠΓΔΜ, Νίκολα Γκρούεφσκι, επανέρχεται στη θέση της «διπλής ονομασίας», την οποία χαρακτηρίζει ως «φυσική θέση» της χώρας του.
te444.png
Σε συνέντευξή του στο πολιτικό περιοδικό των Σκοπίων, «Φόρουμ», η οποία προδημοσιεύεται σήμερα στην ιστοσελίδα του περιοδικού στο διαδίκτυο, ο κ. Γκρούεφσκι αναφέρει ότι η θέση αυτή «απορρέει από τη συμπεριφορά της Ελλάδας στις συνομιλίες, η οποία επιμένει να..
 
Ο πρωθυπουργός της ΠΓΔΜ, Νίκολα Γκρούεφσκι, επανέρχεται στη θέση της «διπλής ονομασίας», την οποία χαρακτηρίζει ως «φυσική θέση» της χώρας του.
te444.png
Σε συνέντευξή του στο πολιτικό περιοδικό των Σκοπίων, «Φόρουμ», η οποία προδημοσιεύεται σήμερα στην ιστοσελίδα του περιοδικού στο διαδίκτυο, ο κ. Γκρούεφσκι αναφέρει ότι η θέση αυτή «απορρέει από τη συμπεριφορά της Ελλάδας στις συνομιλίες, η οποία επιμένει να..

Се надевам ова е преводот на сиот грчки текст кој си го објавил!
Инаку баш она што треба да биде објавено на 7ми Август во Форум е она што не го слушнав денес.

Марсовка , Да сум во Македонија!
 
Треба свесен народ за да не ти се рециклираат кондоми како што е лидерот на опозиција.
Денеска во неговиот лаган стил тој дискутира за името, истиот тој кој далечната 1995 година вети на народот БЈРМ за 3 месеци, истиот тој кој имаше мандат 10 години да го реши спорот.

Се додека таквите како него лагано излегуваат во јавност, ние нема да имаме свој пат.
 
Јас како граѓанин на Република Македонија не сум задоволен ниту од еден од политичарите односно партиите и коалициите кои биле на власт. Никој од нив нема вложено вистински труд во напреднувањето на Македонија. Иако сеуште мислам дека оваа влада тргна со вистинска програма и направи работи кои одамна требаше да бидат правени на еден пофин , побавен и природен начин, а сега насилно се буткаат. Сепак ако реално се погледне доста проекти пропаднаа или воопшто не започнаа и се скршна од програмата која многу голем број од нас ја сакаме и поддржуваме. И без разлика... да ги оставиме политичките партии настрана , зошто почнуваме сите да осеќаме аверзија спрема сите нив и воопшто спрема зборот политика и се поврзано со истата. Во Македонија , политика е еднакво на измама, политичар = измамник. Тоа воопшто не е во ред. Мојата идеа со ова е: кај е нашата одговорност како народ и што ние мораме да сториме, сепак ова е држава на Македонскиот народ, а не на Македонските т.н. политичари. Единствена цел, подобрување на условите за живот во Македонија, издигнување на сите македонски граѓани на едно завидно ниво и подобрување на нарушениот имиџ на Република Македонија , односно претставување на нас како нација и држава во вистинското светло.
Мора и ние граѓаните да сносиме одговорност!
 
Денот кога Никола Гелевски (Кољо од Точка) беше претставен како аналитичар низ медиумиве, ми стана кристално јасно дека со ваква "стручна" елита далеку ќе стигнеме, односно ќе си живееме у мрачната верзија на "Има ли во авионот пилот"
Ј. И без разлика... да ги оставиме политичките партии настрана , зошто почнуваме сите да осеќаме аверзија спрема сите нив и воопшто спрема зборот политика и се поврзано со истата. Во Македонија , политика е еднакво на измама, политичар = измамник. Тоа воопшто не е во ред. Мојата идеа со ова е: кај е нашата одговорност како народ и што ние мораме да сториме, сепак ова е држава на Македонскиот народ, а не на Македонските т.н. политичари. Единствена цел, подобрување на условите за живот во Македонија, издигнување на сите македонски граѓани на едно завидно ниво и подобрување на нарушениот имиџ на Република Македонија , односно претставување на нас како нација и држава во вистинското светло.
Мора и ние граѓаните да сносиме одговорност!
Е баш у тоа е проблемот.

Ние, како народ, не знаеме или не сакаме, да ја прифатиме нашата одговорност.
А, тоа итекако им конвинира на сите наши политиканти (само такви и имаме). Свесни се дека инертно стадо може да се тера кај ним им се присака.

Да, лесно е да се измрчи и да се игра на карта безнадежност...Као, јеби га, они се на власт, ќе ги плукам пред мало, ама со прст нема да мрднам за да нешто променам.

А, забораваме дека ние ги создаваме и ги сместуваме на позиции од кои може да одлучуваат. Забораваме дека се работи за нас, и дека ние сме тие што го јадат стапот од нивните авантури, а не некој друг.
 
Масовна хипноза или перење на мозок популарно речено.
Да ви речеше некој да прифатите да се преговара за името(само да преговарате не да го менувате) пред 4-5 години би му залепиле шамар.
Сега Северна Македонија изгледа како добар предлог.:tapp:
Истото ќе го направат и во прашањето на референдумот кое ќе го има.
Со малку штеловање на прашањето можат да се добијат неочекувани резултати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom