Македонски Stand-Up комичари

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Значи што ти е македонче еј... прво мора да "исхејтаме" па после да го прифатиме нештото. :cautious:

Ако добро се сеќавам пред неколку години сите плукаа по Сашко Коцев, особено кога прв пат се појави на Златна Бубамара како замена за Тони Михајловски. Беше нов, не беше воопшто интересен ниту пак смешен, но сега ете после толку години човекот се подобри а луѓево го прифатија најнормално. Истото беше и со Жарко кога прв пат се појави со своја емисија на тв екраните.

Поддршка луѓе, дајте поддршка... и не ја споредувајте Македонијава со Америка!
 
Најдобар меѓу најдобрите мислам дека ваков капацитет немаме ко Џамбазов! Нова генерација едноставно не ги сакам никој посебно , а најмогу ми оди на нерви убиецот на Македноските народни приказни Никола Тодоровски или како што го нарековте Охриѓанецот таквите ко него и Владо јас не би ги пуштил никогаш на тв ама нејсе. Мислам дека капацитет за оваа работа се и К-15 посебно Васко и Бранко
 
Ништо не ви чини.Се што е странско е подобро за вас.Ништо наше не можете да прифатите.
Аман..
Јас се плашам како излегвет овие нашиве на сцена ,сигурно со некоја или 3-4 жти на екс ,токму поради цитираново.

Настани:
Никола Тодороски во четврток во Охрид (Џез Ин)
http://www.facebook.com/event.php?eid=225535050837463
Никола Тодороски во петок во Струга (Пливалиште)
http://www.facebook.com/event.php?eid=292845517408086
Марјан Ѓорѓиевски во сабота во Гостивар (Дом на култура АСНОМ)

http://www.facebook.com/event.php?eid=226831210708506
 
Во денешно време шема си ако одиш контра на све.Ако контрираш тогаш си различен од останатите во општеството и си главна фаца.
 
Што има врска каде си роден, живееш, одиш по нужда итн? Ако си смешен си смешен, ако не си - епа не си. Она што треба да се научи од другите е начинот на кој се зборува на сцена. Но ако немаш основна замисла, нешто со смисол што ќе натера некого да се насмее, џабе ти е начинот на зборување. Еве рандом видео од нашиве - зошто сум сингл? Затоа што сум невработен хурр дурр смех хахаха...ова и 200 Луис СиКејовци да ми го кажат нема да се насмеам. Кој к е финтата во оваа "шега"? Најпрво треба да си вградат смисол за хумор па потоа да се посветат на стилот на зборување на сцена.

Тука си во право, ако немаш дарба за комедија џабе ти е се. Е да проблем е и кога ја имаш таа дарба и кога те бива, како ќе ја пласираш шегата. Има народски наречено „цаки“, ама се се учи и треба време.
Прво нешто што треба секој да го помине, ако сака да биде стенд ап комичар, е да се соочи со публиката и со тремата. Немаш појма кое факдап чувство е коа кажуваш шега мислиш дека е смешна, си ја кажал дома, сите се смееле, си ја кажал пред друштво сите се смееле, ја кажуваш на рандом луѓе што не те знаат и ... штама. Почнуваш да ги слушаш голтките на луѓето околу тебе. Е тука ако не се здркаш, на добар пат си, ако успееш да пребродиш преку тоа да не ти се смеат и сепак да останеш на сцена машки. Веруј, не можеш на сите да им го погодиш хуморот, на некој едно му е смешно, на друг друго.
 
Пофалби за дечкото имаше и на cOoLTuRa.mk ама мене не ми се допадна. Ама нека вежба, можеби ќе го биде и ќе го сака 90% од народот во Македонија.
 
http://www.fakulteti.mk/news/11-10-04/makedonija_ja_osvojuva_nov_stand_up_komichar.aspx

И додека на форумов си го плукаме и хејтаме, он си собира маса народ на неговите настапи :D Мене искрено ми е симпатичен, има нешто во него.

Не се работи за плукање или хејт, едноставно критична маса кажува критика. Ако не ми се допаѓа неговиот хумор, не ми се допаѓа и тоа е тоа.
Еве ќе се повторам пак, мене охриѓанецот ми е посмешен, има поента хуморот што го кажува и е добро срочен.
 
Првите клипчиња ако се стеднап комеди...незнам....

Од домашниве само Сашко и Тони. Остала багра wannabe комичари НЕ!
Мене Кумановци па ич не ми се интересни.:icon_lol:
 
Ок се двајцата и Никола и Марјан супер ко за почеток.

Иначе Балканците шо беа пред нова година Жаре шо ги организираше беа врв ама искусни. А Сашко шо го фалите овде ме разочара, истата точка ја имаше и во Џубокс коа праше стенд ап и по неколку месеци со овие балкан стенд ап комеди, значи за толку месеци да не смислиш ништо ново...
 
Првите 4 на битолчанецов му добри ама ова петово (n)
Иначе тие шо беа пред нова година беа 50 класи над овие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom