Македонски Stand-Up комичари

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не ме смее повеќе од добар стенд-ап, затоа ми е мило што конечно и кај нас се актуелизира. Лани имаше еден период во Џубокс еднаш неделно и идеше тоа неколку недели, ама прекина. После тоа и дешавката во Хард Рок кога имаше од неколку екс-ју земји дојдено комичари. Би сакал да има барем еднаш у месецот некој стенд-ап настап у градов. Нека се спремаат дечкиве, па да изорганизираат нешто. :)
 
Како што имам слушнато први кој почнале да прават Stand-Up се Гоце Тодоровски ,Дади и Ванчо Петрушевски но тешко се наоѓа од нив материјал а од новава генерација Жаре и Никола Тодороски ми се топ
 
Искрено, Охриѓанецот е каде каде бољи од Битолчанецот. Му држи муабетот, поврзан е и има поента. Без разлика што е стенд ап, сепак треба да има поента. Битолчанецот нафрла некако безвезе муабет како на кафе седнати и што му текне тоа.

За Сашко неам зборови. Неколку пати идев во Џубокс, бидејќи и јас настапував (јбг нема снимки нигде) и можам да кажам дека Сашко има некоја харизма од која не можеш, а да не се смееш. По неколку пати го слушав истиот настап и дали како ги кажува работите, дали пристапот кон публика, пак е смешно.
Не знам дали сте чуле за Гораст и тој е глумец и исто правеше стенд - ап во Џубокс, дечкото е исто така квалитетен и достојна замена за Сашко.

Инаку, не е лесно пред публика, го имаш моментот на неповратна реакција од истата, која може да ти го ебе целиот настап. Мене ми се деси еднаш и беше колеж. Среќа на крај успеав да извлечам по некоја насмевка, ама ме гледаа као да сум им ја онадил сестрата на сите, а на некого и девојката. Чуден народ. :)
 
Жаре е најдобар од познатите МК комичари, зашто не користи дијалект, опфаќа теми од поп-културата и знае да направи шега-две со помош на ефекти и слични срања. Хуморот го има добиено и од Американски talk шоуа, стенд ап...
Ова на Жаре не би го нарекол стенд ап, но според смисла за хумор ги убива сите други. Бар јас се имам смеено до солзи на многу од неговите шеги на ТВ и нет.

Нешто слично прави Џумерко
 
Жаре е повеќе влогер (видео блогер) и потсетува на неколку американски канали на YouTube. Мене ми е ТоБ пошто и јас зборам така (современ скопски сленг). За некои ставови сме контра, ама убаво е да се чуе и другата страна, посебно кога тој ќе го каже тоа на негов начин.

Битолчанецот го слушав кога еден другар го објави на неговиот сајт и не ми се допадна, овој охриѓанецот ќе го слушам утре на работа, па ќе пишам мислење за него.
 
Би сакал да се пробам некад. На сцена. Ако не се усерам и здткам ќе е топ!
 
Zare eden na eden e debil, a Sasko Kocev e podobar od nego... ama toa ne go pravi nedebil.
 
046
047
--- надополнето: Oct 3, 2011 9:43 PM ---
Хејтерана тешка сте еј :D Скопјаниве се нафрлени врз овие дека се од Битола и Охрид :pos:
Можда дека овде ги емитираТ охриѓанчишчево во првиот дел
 
извини Сашко е нумеро уно
Се е ок ,ама еден голем промашај.Слушни му го 'охридскиот' дијалект од 6:00.Ко во Прилеп да учел охридски :pos:
 
Тони Михајловски и Коцев се мајстори за работава секоја чест за нив.Овие првиве клипчиња тој охриѓанец и битолчанец или од кај и да беа се срање.Тоа што го прават е слично на она на Жаре, ама каде каде е Жаре подобар од нив...
 
:pos: Добри ми се и битолчанецот и Сашко Коцев.Особено гледајте го тоа Балкан Стенд Ап комеди ако го најдете со сите односно цела емисија со босанецот,словенецот,хрватот,Сашко,Игор Џамбазов......од овие на јутјуб само со босанецот го има и смешно е баш и тој е многу добар.....хрватот неможам да го најдам :/
 
Жаре ми е тапа. Вештачки ми се форите и користи финти за да биде интересен од други влогери.

Статусче, сааш на некоја собиранка да си праиме дисои со стенд ап фори?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom