Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Jas kolku sto znam ne ripaat vise toes od tragicniot nastan vo koj zagina Jovanov do denes nema skokovi
 
Јас како што знам после смртта на Циганот падобранството е укинето
 
Не сум знаел за ова воопшто.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Во САД сите припадници кои се дел од единици кои имаат падобранска обука и се обучени за падобрански операции добиваат "Hazard Pay" односно зголемување на платата бидејќи имаат дополнителен ризик односно скокање со падобран.

Во сите вооружени сили во светот каде што падобранството е присутно прифатен е ризикот на повреда или смрт тоа е дел од работата кој е способен нека најде статистики на колку луѓе годишно загинуваат при падобрански несреќи во САД или во Русија и ќе види дека тоа не е толку ретко.

Опремата за падобранство на Армијата на Република Македонија е во тотално исправна состојба и имаме еден од најстручните кадри во светот така што припадниците од БСН,Ренџерскиот баталјон и 501 доколку не скокаат во обуки со други единици надвор од Македонија дел од нив кои навистина го сакаат спортот скокаат цивилно и од свој џеб издвојуваат за скокови со македонски падобрански клубови.
Има луѓе кои работат од 1999 година,а се занимаваат со падобранство уште пред да се вработат во АРМ и мислам дека можете сами да заклучите колку скокови можат да изведат за 20 години.

Тоа што му се случи на Циганот е голема трагедија но не е причина за укинување на падобранска обука како дел од обуката во АРМ.
Одлуката за укинување на падобранството е донесена од страна на ГШ и МО поради самозаштита во случај да се случеше таква несреќа повторно се плашеа дека нив ќе ги држат одговорни.
Се надевам дека новиот командант на ПСО ќе проба повторно да ја воспостави обуката барем за припадниците на БСН и РБ
 
@Волчко дали ќе може да ги ставите сликите од tru-spec и BDU униформите
 
Се надевам дека новиот командант на ПСО ќе проба повторно да ја воспостави обуката барем за припадниците на БСН и РБ

Единица од рангот на БСН обавезно мора да има падобранска обука, ама обавезно и задолжително.
 
Падобранска обука припадниците имаат само не во Република Македонија.
 
Да ве прашам сум слушнал дека АРМ има свој СО- Сув оброк што се произведува во Македонија знам дека едно време се користеа хрватски. Дали некој го има пробано и дали може слика да постави
 
И ренџерите и волците имаат обука во Америка заедно со зелените беретки,на кои највеќе се обрнува внимание на падобранството[DOUBLEPOST=1527461981][/DOUBLEPOST]https://www.facebook.com/specijalnaedinicavolci12/videos/1017918851679613/?t=115
Еве ви го и доказот за тоа што го зборувам
 
Последно уредено:
И ренџерите и волците имаат обука во Америка заедно со зелените беретки,на кои највеќе се обрнува внимание на падобранството[DOUBLEPOST=1527461981][/DOUBLEPOST]https://www.facebook.com/specijalnaedinicavolci12/videos/1017918851679613/?t=115
Еве ви го и доказот за тоа што го зборувам

Грешка си, падоранската обука не е обуката која се врши со зелените беретки.
 
Грешка си, падоранската обука не е обуката која се врши со зелените беретки.
Јас како шо знам така е,е сега ако ме излажал припадник на ЕСН тогаш е друго.Јас кажувам како што ми е кажано.А ако те интерисира кој ми кажал можеш да ме прашаш во порака.
 
Немој да мислиш се што ќе ти кажат од единицата дека е точно од таму полесно е да дадат погрешна информација со цел да те задоволат бидејќи реално неможеш да ги верифицираш информациите.

Колку да ти другар,роднина или родител некои работи едноставно не се кажуваат на лица надовор од единицата без разлика кој си па дури и сите припадници во единицата не ги знаат сите информации за некои обуки таква е природата на нивната работа.

За било кој припадник американец или странка да присутстува на обука со зелени беретки или Q Course како што го викаат кандидатот мора да има основни падобрански вештини.
 
Последно уредено:
Нашите и американските ренџери имаат само една заедничка и иста работа, а тоа е името. :D :D :D

82ра и 101ва... си ја гледал серијата Band of Brothers ЧД
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom