Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
12472728_580778455420640_4806917436922160441_n.png
 
И ако не се лажам тој е првиот кој умира од волците
 
И ако не се лажам тој е првиот кој умира од волците

Жално што нигде не пишува ништо за него ниту во еден медиум е спомнат... уште пожално што во тоа време Македонија не превземала ништо, да го сфати како предупредување што може да ни се случи (агресија од Косово, 2001).
 
Дали е тоа книгата на Тони Ангелески?
Ne toa e knigata SVEDOSTVA ebe ja i Amanet od Toni



2014-09-19 19.28.45.jpg 2016-02-29 05.28.05.jpg[DOUBLEPOST=1460217267][/DOUBLEPOST]
Дали е тоа книгата на Тони Ангелески?
Ne toa e knigata SVEDOSTVA eve ja i Amanet od Toni[DOUBLEPOST=1460217341][/DOUBLEPOST]1- 2Hristian Ilievski Kiko 3 Goran Velkovski Vampir.jpg[DOUBLEPOST=1460217451][/DOUBLEPOST]
И ако не се лажам тој е првиот кој умира од волците
Zosto nikoj ne go ni spomnuva ni od edinicata ne sum siguren dali bese siguren si deka bese vo i pripadnik od VOLCITE?
 
Извадок од текстот
Big Lies: How Our Corporate Overlords, Politicians and Media Establishment Warp Reality and Undermine Democracy

ИСТОРИЈАТА НА ТАЈНИТЕ ВОЈНИ НА АМЕРИКА

Кога американските и британските војници на НАТО во Македонија почнаа да ги евакуираат албанските бунтовници во јуни 2001-ва, службените лица тврдеа дека тие едноставно се обидуваат да и помогнат на Европа да избегне разурнувачка граѓанска војна. Најголемиот дел од медиумите послушно го повторуваа овој спин како факт.

Меѓутоа објаснувањето би имало смисла само ако ги игнорираш проблематичните контрадикции: имено, САД ги поддржуваше и македонските вооружени сили и Албанците кои се бореа против нив. На ова му претходеше и една деценија на збунувачка и манипулативна западна политика, чиј климакс беше бомбардирањето на Србија и наметнувањето "мир" преку агресијата во Косово. Заедно, овие потези директно го дестабилизираа регионот.

Во Македонија главниот посредник беше MPRI (Military Professional Resources, Inc.), во тоа време голема приватна воена компанија, чиј командант за Македонија беше американски генерал со силни врски со командантот на ОВК, Агим Чеку и со македонскиот генерал, Јован Андрејевски.

MPRI и слични приватни воени компании, успеаа најголемиот дел од своето финансирање да го извадат од Стејт Департманот, Пентагон и ЦИА. На пример, MPRI ја тренираше и ја опреми Федералната армија на Босна, со помош на голем договор со Стејт Департманот. Со текот на годините, компанијата тврди дека "помагала" во Хрватска, Србија, Босна и Македонија - што значи го вооружувала и тренирал сите страни во конфликтот. Во 2000-та, тие извадија најмалку 70 милиони долари од своите глобални операции.

Во блиска соработка со Пентагон, MPRI исто така се погрижи за тренингот и опремувањето на ОВК во продолжението на војните во Југославија. Подоцна, истата фирма испорача воена помош за македонската армија, ново американско оружје за албанските бунтовници и информации од воената разузнавачка служба за двете страни.

Во основа, ова беше стандардна процедура која со децении имаше голем успех на Блискиот Исток: ги одржуваш двете страни да не станат премногу силни една за друга и ја засилуваш моќта за преговарање на човекот што ги држи конците. Уште подобро, комбинирај го ова со дезинформација, односно кажи и на јавноста дека правиш едно, додека го правиш спротивното.

Не се во прашање сојузници и непријатели. Овие ознаки можат да се променат заради голем број причини. Во 1999-та Албанците беа жртви и борци за слобода. Во 2001-ва, тие официјално беа закана. Нориега, Хусеин и бин Ладен се само тројца ликови кои ја научија оваа лекција и од пријатели се претворија во непријатели.

И која беше вистинската цел во Македонија? Земјата беше во финансиска лудачка кошула, нејзиниот буџет во основа беше контролиран од ММФ и Светската банка во име на меѓународните кредитори. Бидејќи ММФ го одреди максимумот за воена потрошувачка, единствената опција за финансирање беше приватизација. Според Jane's Defense Weekly, процесот започнува со продажбата на владиниот дел во Македонски Телеком.

Меѓутоа имаше многу поголем влог - работи како стратешки нафтоводи и транспортни коридори низ земјата. Меѓутоа ова нема да биде очигледно уште долги години. Ова е уште една тактика: колку е можно подолго чувај ја оригиналната агенда сокриена.

ESZ TIGAR 2001
1524962_444899435611271_1120253934_n.jpg[DOUBLEPOST=1460399582][/DOUBLEPOST]Од фб превземено
Разузнавачките извештаи ќе ја разјаснеа војната од 2001

Тетстот е превземен од весникот ВЕЧЕР

Разузнавачки извештаи подготвени непосредно пред војната од 2001 година и документи за набавки вршени за време на војната, вредни стотици милиони евра, биле во украдените документи од трите каси во Министерството за одбрана во 2003 година, дознаваме од армиски извори. Грабежот, и по 4 години, се уште не е расчистен.
- Има многу засегнати кои можеле да имаат интерес таа документација да ја снема. Се работи за строго доверливи документи речиси од формирањето на нашето Министерство и Армијата, па се до крајот на војната. Од документи за набавки, до разузнавачки извештаи - коментираат нашите извори. Според нив, доколку крадците имале интерес да ги снема документите за набавки, тоа не треба воопшто да биде чудно, бидејќи годишниот буџет на Министерството е околу 130 милиони евра. Во воената 2001, тој буџет бил неколкукратно поголем. За нашите извори, сепак, ова е поневеројатното сценарио. Тврдат многу поважни и позначајни се разузнавачките извештаи.
- Разузнавачите уште во 2000 година во своите извештаи имаа наведувано дека има одредени движења на вооружени групи на границата кон Косово. Има многу луѓе од тогашниот државен врв на кои не им е сеедно тие извештаи да се дознаат. Многу од тие документи можат да ја разјаснат дури и војната од 2001 - велат изворите.
Министерството за одбрана најверојатно нема да даде никакви информации за кражбата на воени документи од нивните простории во 2003 година.Официјалниот одговор треба го добиеме надоцна за 20-тина дена.
Како што веќе пишувавме, од три каси во Министерството во 2003 година била украдена архива за периодот од 1992 до 2001 година. Според армиски извори, во документацијата имало и разузнавачки извештаи подготвени пред војната во 2001, како и потврди за набавки вршени за време на војната, вредни стотици милиони евра.
По кражбата, Министерството формирало специјална комисија за испитување на случајот. Интерната истрага Комисијата ја завршила на 15 мај 2003. Подготвила записник под број КД 31/03, кој го потпишал извесен заставник Петрески. Потоа, целата постапката запрела. Не била поднесена ниту една кривична пријава. Ниту за осомничени крадци, ниту пак за вработени во Министерството одговорни за безбедноста на доверливите документи.
Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој во тоа време беше министер за одбрана, деновиве изјави дека за случајот прв пат слушнал од медиумите.
 
Последно уредено:
За судбината македонска е одговорен никој друг освен македонскиот народ!
 
Единица за специјални задачи Тигар додаде нова фотографија во албумот: Единицата за специјални задачи ТИГАР.
1 час ·
Стара слика одлична екипа добри времиња поздрав до сите на сликата повекето сега се ветерани...

1477908_573713109374798_1598856294_n.jpg
 
За кого умреа нашите колеги, за ова ли дадоа живот. Господ нека те казни ку*во.

w99w0l.jpg
 
И странци тврдеа дека ОНА е обучувана од Американци и од Британци



VO TRENINZITE на припадниците на УЧК и на ОНА учествуваа и поранешни офицери на американската армија и го правеа она што војниците не можеа да го прават, бидејќи е нелегално, пишуваше аналитичарот Дејвид Галанд




Не се само „Википедија“ и македонските весници единствените што тврдат дека во конфликтот во 2001 година во Македонија и на Косово директно биле замешани и странски државјани, Американци, Британци, Германци, Хрвати на страната на УЧК и на ОНА како обучувачи и даватели на разни други услуги. На таа тема пишувале и сериозни неделници и месечници, како и аналитичари на случувањата на Балканот. Само едно мало истражување на интернет-мрежата дава многубројни резултати на таа тема.

Се разбира, дел од тие материјали некој во меѓувреме грижливо отстранил од интернет-страниците, но очигледно не може да се отстрани сé.


Обуки за ОНА


Од САД за ова пишуваше угледниот „Џејн Дифенс“, врвно списание за одбрана и вооружување. Британскиот пандан на ова списание е „Дифенс уач“. И во двете списанија експлицитно пишуваше дека ОНА во Македонија директно или индиректно е обучувана од нивни сограѓани. Ваквите анализи на овие угледни стручни списанија никогаш не биле демантирани!

Во Македонската енциклопедија на МАНУ, во одредницата за ОНА, пишува дека нивните војници биле обучувани од британски и американски офицери и специјалци. Авторката на оваа одредница, д-р Татјана Петрушевска, како извори за ова ги наведе „Дневник“, „Утрински весник“, Интернет-енциклопедијата „Википедија“, како и книгата „Војната во Македонија 2001“, на пензионираните генерали Митре Арсовски, Стојан Кузев и Ристо Дамјановски.

Што се однесува до странските ненаведени извори, да го земеме за пример и аналитичарот Гари Вилсон, кој цитира многу релевантен извор како што е најпознатиот светски магазин за безбедност и одбрана „Џејнс Дифенс Викли“. Тој во својата статија под наслов: „Германски документот ја открива тајната улога на ЦИА“ од 20 април 1999 година напиша: „Што навистина стои зад ОВК? Специјални единици од Велика Британија, САД, Франција и други НАТО групи прикриено работат во Косово“.

Дејвид Галанд, заменик-главен уредник на најпознатиот британски магазин за одбрана „Дифенс уач“ во текст, објавен и во московска „Правда“, пишува:

„САД, Велика Британија и другите, помалку значајни членки на НАТО, ги создадоа, обучуваа, вооружија и насочуваа т.н. албански бунтовнички сили. Само пред извесен период, многу од албанските бунтовници беа на платен список на НАТО на Косово, каде што беа обучувани од американските зелени баретки и британските специјалци. Тие беа снабдувани со оружје, претежно од американско производство и се наоѓаа под туторство на војници од специјалните сили. Од нив тие учеа како да спроведуваат неконвенционални борбени операции. Во тренинзите учествуваа и поранешни офицери на американската армија, кои едноставно беа најмени да работат како инструктори, и да го прават она што војниците не можеа да го прават, бидејќи е нелегално. Многу би ме интересирало колку американски војници служат во „строго доверливи мисии“, или колкумина во моментов се „мотаат“ околу Македонија со документи изработени од ЦИА“.

Ова е само дел од ваквите извештаи. Има уште.


Американци од двете страни на оградата


Канадскиот угледен професор Мишел Чосудовски во 2001 година во напис под наслов „САД ја финансира етничката војна на Балканот“ пишува:

„Со сурова иронија, Вашингтон ги вооружува и советува и напаѓачите на ОВК и македонските бранители според воено разузнавачко овластување со акт одобрен од страна на американскиот конгрес. МПРИ, платеничка фирма на Пентагон под договор, и помага на Македонија - како дел од американскиот пакет за воена помош, за да спречи вооружена агресија и одбрана на македонската територија. Но, МПРИ, исто така, ја советува и опремува ОВК, што е одговорна за терористичките напади. Во оваа војна, американскиот воено-разузнавачки апарат ги влече конците од двете страни на оградата...“.

Чосудовски, ја пренесува и изјавата на сенаторот Џозеф Либерман, цитиран во „Вашингтон пост“, 28 април 1999 година, во која сенаторот индиректно ја открива и врската на САД со Косово:

„САД и Ослободителната војска на Косово поддржуваат исти човечки вредности и принципи...Борбата за ОВК е борба за човековите права и американските вредности“, изјавил Либерман.

Текстот со изјавата на Либерман повеќе го нема на страницата на „Вашингтон пост“. Не функционира ниту линкот до текст на страницата на Британските падобрански сили, каде се наведува дека Гзим Острени, генералот на ОНА, бил обучуван од оваа британска единица, но за потребите на Косовскиот заштитен корпус.

Го нема ниту текстот од 18 април 1999 година на „Лондон сандеј телеграф“ каде пишуваше дека САС, единица на британските специјални сили, води два ОВК кампови за обука во близина на Тирана, албанскиот главен град. Текстот сепак може да се најде на разноразни форуми, но не и на официјалната интернет страница на весникот. Според „Телеграф“, единици на ОВК, обучени од САС, се инфилтрираат на Косово, користејќи сателитски и мобилни телефони како помош за наведување на НАТО бомбардирачките мисии. Во извештајот, исто така се наведува дека ОВК има контакт со МПРИ, чија база е во Вирџинија, која очигледно ја проширува својата улога...


Демантиран само „Катимерини“


Грчки „Катимерини“, кој во 2002 година пишувал дека 17 британски и американски инструктори од фирмата МПРИ биле извлечени од Арачиново во јуни 2001 година, е единствениот медиум што бил демантиран, но индиректно.

„Контроверзната американска компанија МПРИ со дозвола од властите во Вашингтон им дава совети и на македонските сили и на терористите на ОНА. Генералот Ричард Грифитс се движи на релацијата Скопје - Тетово - Приштина, ги брка интересите на МПРИ и им нуди услуги на двете завојувани страни во Македонија. При крајот на јуни Грифитс е виден во поранешен логор на ОВК со офицери на КФОР, потоа е виден во Тетово со Џејмс Пердју, а имаше одлични односи и со Роберт Фровик “, пишува „Катимерини“ на 19 јули 2001 година, а пренесува белградската агенција „Бета“.

„Катимерини“ не бил демантиран од американската амбасада во Атина, но кога истиот извештај бил пренесен од повеќе македонски медиуми, амбасадата на САД во Скопје веднаш демантираше.


На државниот универзитет во Тетово, финансиран од буџетот на Република Македонија, стои оваа спомен-плоча на која пишува за жртвите паднати од „државниот терор на славомакедонците“


Претходно на 10 јуни 2001 година, лондонски „Тајмс“ во текстот „Македонија на работ на војна“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори, пишува дека околу 1.300 припадници на ОНА преминуваат од Косово во Македонија. Тие биле претходно тренирани од силите на НАТО.

И овој текст повеќе го нема на официјалната страница на весникот.

„Бунтовниците се снабдиле со модерни американски ракети „Стингер“ и нешто постари руски САМ проектили. За срамота на НАТО алијансата, тие користат мапи издадени од НАТО за потребите на Косовскиот заштитен корпус (КЗК). Стотици резервисти на КЗК беа повикувани од командантот Агим Чеку, уште во март. Тие постепено исчезнуваа од тренинг-камповите на УЧК (сега се на КЗК), а потоа наеднаш се појавуваа на борилиштата во Македонија“, пишува „Тајмс“.

Нема податоци дека овие информации на „Тајмс“ се некаде демантирани, како што не е демантиран ниту текстот на лондонски „Гардијан“ од 29 март 2001 година во кој се наведува дека НАТО-трупите во Косово уапсиле 22 Албанци поради убивање српски цивили, а кои „тргнале да се борат во Македонија. Уапсените биле тренирани од британските специјалци САС.

Ова е голема срамота за Алијансата“ пишуваше „Гардијан“.

По објавувањето на Македонската енциклопедија, и британската амбасада и американската амбасада во Скопје испратија официјална реакции до МАНУ во кои бараат МАНУ да го коригира тој дел од одредницата и да го поправи својот кредибилитет. Обвинувањата дека американски офицери ги обучувале поранешните војници на ОНА немаат никаква основа и се бесрамни, реагираше амбасадата на САД во Македонија.





Ахмети во 2001 напаѓаше славомакедонци

Лидерот на ДУИ и поранешен командант на ОНА, кој сега жестоко реагира на употребата на терминот Албанци во „Македонската енциклопедија“, во почетокот од воениот конфликт во 2001 година ги нарекуваше Македонците славомакедонци.

На 22 јануари 2001 година ОНА изврши нова акција врз полициската станица во Теарце, на патот Тетово-Јажинце, во која загина еден полицаец, а уште тројца беа тешкоранети. По оваа акција јавноста беше информирана со коминике бр. 4, потпишано од Генералниот штаб на ОНА. Во него се вели:

„Вчера, на 22 јануари 2001 година, во Теарце, Тетовско, една единица на специјалниот оддел на ОНА, поддржана од една група набљудувачи, ја нападна, со ракети и автоматско оружје, славомакедонската полициска станица. За време на нападот спротивните сили не пружиле отпор, додека други славомакедонски сили, од други правци, не се доближиле навреме на местото на настанот. Нападот беше ограничен и имаше предупредувачки карактер, за славомакедонските освојувачи и нивните албански говорници. Униформата на славомакедонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ. Ги повикаме сите полицајци да се вратат кај нивните фамилии за да не ги загубат животите, служејќи им на славомакедонските планови за доминација над албанското мнозинство“.

ОНА е банда на убијци и криминалци

Контроверзиите врзани со ОНА и најмоќните НАТО членки не се од вчера. Всушност, контроверзиите започнаа со позната изјава на тогашниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон од 15 март 2001 година дека „ОНА е банда на убијци и криминалци“.


„Џејн Дифенс“ и „Дифенс уач“: ОНА во Македонија директно или индиректно е обучувана од нивни сограѓани

Гари Вилсон во „Џејнс Дифенс Викли“, 20 април 1999 година: „Што навистина стои зад ОВК? Специјални единици од Велика Британија, САД, Франција и други НАТО групи прикриено работат во Косово“

Дејвид Галанд во „Дифенс уач“: „САД, Велика Британија и останатите, помалку значајни членки на НАТО, ги создадоа, обучуваа, вооружија и насочуваа т.н. албански бунтовнички сили

„Лондон сандеј телеграф“, 18 април 1999 година: САС, единица на британските специјални сили, води два ОВК кампови за обука во близина на Тирана, албанскиот главен град

„Тајмс“: „Бунтовниците се снабдиле со модерни американски ракети „Стингер“ и нешто постари руски САМ проектили. За срамота на НАТО алијансата, тие користат мапи издадени од НАТО за потребите на Косовскиот заштитен корпус (КЗК). Стотици резервисти на КЗК беа повикувани од командантот Агим Чеку, уште во март. Тие постепено исчезнуваа од тренинг камповите на УЧК (сега се на КЗК), а потоа наеднаш се појавуваа на борилиштата во Македонија“

Мишел Чосудовски: „Со сурова иронија, Вашингтон ги вооружува и советува и напаѓачите на ОВК и македонските бранители според воено разузнавачко овластување со акт одобрен од страна на американскиот конгрес. МПРИ, платеничка фирма на Пентагон под договор, и помага на Македонија...но, МПРИ, исто така, ја советува и опремува ОВК, што е одговорна за терористичките напади

IZVOR- http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9309955166&id=9&setIzdanie=21800
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom