Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И тој и сите други во достоинство се луѓето кои се бореа а некои и пролеа крв за оваа земја за да можеме ние да живееме.
Да живее достоинство[DOUBLEPOST=1456587042][/DOUBLEPOST]
Самиот квалитет на сликата ти говори дека е од поодамна. Чизмите не се гледаат најсјајно за да може да се каже кој модел се. Сликата е од 2001.
Се гледаат другарче баш убаво,не е од 2001
 
Пантер дечкото имаше интересен надимак му го имам заборавено
 
Фала што ме потсети да така беше :)
Инаку сликата на нас старците на темава што сме ни е доста добро позната
 
1.3.2016
9.JPG

1 март 1994 !
Се роди првата професионална единица во АРМ !
Се викаа „ПАНТЕРИ“ а подоцна ги прекрстија „ВОЛЦИ“

533208_10200136869656514_501232122_n.jpg
 
Некој поупатен нека каже за какви големи набавки за опремување и модернизирање на армијата се работи,бидејќи моментално се дискутира во собрание за да се ослободи АРМ од ДДВ и царина,некој 10 годишен план изготвен од 100 професионалци од МО и АРМ??
 
Некоја страна каде постираат добри слики со добар квалитет од нашава армија ?
 

Attachments

  • 2mpbn.png
    2mpbn.png
    178,4 KB · Прегледи: 28
  • artbn.png
    artbn.png
    227,7 KB · Прегледи: 27
  • bataljon za vrski.png
    bataljon za vrski.png
    124,7 KB · Прегледи: 28
  • kobri.png
    kobri.png
    218 KB · Прегледи: 26
  • Logo_of_Rapid_Deployment_Unit_Macedonia.jpg
    Logo_of_Rapid_Deployment_Unit_Macedonia.jpg
    12,2 KB · Прегледи: 28
  • Patch_of_Special_Forces_Battalion_(Wolves)_Macedonia.jpg
    Patch_of_Special_Forces_Battalion_(Wolves)_Macedonia.jpg
    10,2 KB · Прегледи: 27
  • Macedonian_Aviation_Brigade_emblem.jpg
    Macedonian_Aviation_Brigade_emblem.jpg
    14,5 KB · Прегледи: 27
  • Patch_of_The_Rangers_Battalion_Macedonia.jpg
    Patch_of_The_Rangers_Battalion_Macedonia.jpg
    10,1 KB · Прегледи: 27
  • pesadiska brigada.png
    pesadiska brigada.png
    124,1 KB · Прегледи: 28
  • voena policija.png
    voena policija.png
    109,6 KB · Прегледи: 26
  • vozduhoplovna brigada.png
    vozduhoplovna brigada.png
    206,4 KB · Прегледи: 26
  • Грб_на_ЕСЗ_ТИГАР_(ново).png
    Грб_на_ЕСЗ_ТИГАР_(ново).png
    87,4 KB · Прегледи: 26
Единица за специјални задачи Тигар додаде нова фотографија во албумот: 2001.
пред 15 часа ·
Во војната 2001 во Македонија имаше многу “комити” и “партизани” што пееа песни и сечеа вени по кафани.Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееа ни да помислат да отидат.
1972423_470395926394955_747966731_n.jpg
 
Гоце Аризанкоски
Претседател на Форумот за безбедност

ИНСТИТУЦИОНАЛНО – КАРИЕРНИТЕ ПОЗИЦИИ И ПЕРСПЕКТИВИ НА ТЕРОРИСТИТЕ VS ЗАГРОЗУВАЊЕТО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БРАНИТЕЛИ

Ако се има предвид константата во противуставното дејствување од позиции на албански радикализам – одредени државни функционери да формираат терористички организации (како на пример, некогашната т.н. „Паравојска”) кои делуваат врз албанско-радикална политичка платформа, тогаш веројатно е да се очекува дека со оваа практика на нелигитимно и безбедносно-загрозувачко назначување на терористи за министри, а и нивно назначување и на други високи и раководни позиции во државните органи од областа на безбедноста, ќе се доведе во прашање заштитата на опстојувањето на Република Македонија во нејзините државни граници во конкретна историска ситуација која би одела во прилог на реализирање на големонационалниот проект „Голема/Природна Албанија”, но и на можеби друг големонационален проект, како замена за (се уште) неостварените проекти за европска и евроатланска интеграција на сите држави на Балканот. Како аргумент за наведеното, во кратки црти ќе се навратам на т.н. „Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците” или низ народот познат како случајот со т.н. „Паравојска” чие формирање се одвивало во првата половина на октомври во 1991 год., а која беше успешно разбиена од страна на македонските безбедносни служби во ноември 1993 год., и кога високата позиционираност на одредени нејзини припадници во Министерството за одбрана овозможуваше терористичка злоупотреба на тајните (класифицирани) информации кои се означени со степенот на државна тајна.
Имено, во оваа терористичка организација, како т.н. „командант” на т.н. „баталјон” за Чаир на т.н. „Паравојска”, меѓу другите, беше вклучен и Хусеин Хаскај, тогаш вработен во Министерството за одбрана како референт за оперативно-наставна работа во Општинскиот штаб за територијална одбрана во опшината „Чаир”. Со противуставна дејност Хусеин Хаскај продолжи да се бави и по месец јули 1993 год., кога како член на Партијата за демократски просперитет беше поставен за помошник министер во македонското Министерството за одбрана. Овој терорист, злоупотребувајќи ја својата висока функција, собрал тајни (класифицирани) податоци за 1300 воени обврзници за т.н. „баталјон” во Чаир (инаку ги користел и податоците од нелегалниот попис што претходно беше организиран за албанското малцинство), направил прегледи со основните податоци (име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, чин во Армијата на Република Македонија[АРМ]) врз основа на што биле изготвувани списоци на обврзници за терористичките формации, кои списоци преку курир биле испраќани до т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојската” во Гостивар. Друг вид на противуставна и терористичка злоупотреба на институционална позиционираност во АРМ, а во врска со т.н. „Паравојска” била извршена кон крајот на 1992 год. кога бил изготвен т.н. „Правилник” за т.н. „Систем за национална одбрана” во кој биле опфатени само Албанци, меѓу нив и припадници на АРМ, и тоа официрскиот кадар (нека се препознаат самите ако се уште се во нашата Армија), кои до одреден момент требало да дејствуваат во илегалност, а по вооружените конфликти со македонските безбедносни сили (АРМ и МВР) би преземале иницијатива за формирање на т.н. Влада и други институции (инаку, водечка улога во изготвувањето на овој терористички документ имал Хасан Агуши кој имал завршено Воена академија во некогашна СФРЈ). Инаку Паравојската вршела и организирање и подготвување за терористичка мобилизација со цел терористичко дејствување од позиции на албански радикализам. Имено, во февруари 1992 год., Хусеин Хаскај го ажурирал т.н. „План за мобилизација”, со определување на собирните места, врски, време и крај на терористичката мобилизација, која инаку ја планирал за 9 часа. Вака планираното време на терористичката мобилизација било врз основа на достапноста на тајните (класифицирани) информации кои му ги овозможувала неговата позиционираност во македонското Министерство за одбрана, со оглед на неговата висока функција. Имено, овој терорист поседувал информација дека нашата тогашна 14-та пешадиска бригада на АРМ имала предвидено време на мобилизација од 12 до 14 часа, со што би се овозможил терористички напад и евентуално разбивање на споменатата единица на АРМ. Истиот поседувал информации и за составот, разместеноста, вооружувањето и моралот на македонските безбедносни сили (АРМ и МВР). Имено, кон крајот на 1992 год. и почетокот на 1993 год. за потребите на т.н. „Паравојска” бил формиран т.н. курирско-известителен центар. Со посебни терористички документи бил одреден илегалниот курирски пат и мртвата јавка (инаку, истата се наоѓала во чајџилницата „Беса” во Гостивар), се до крајната адреса во село Чегране, каде бил сместен т.н. „Штаб” на т.н. „Паравојска”. Во терористичкиот документ т.н. „Извештај од изворот 222” (бр. 05-93 од 29.05.1993 год.) каде под точката „Информативна анализа за непријателот” се презентирани податоци за касарната на нашата армија во Тетово со податоци и за распоредот на нашите воени формации, како и за бројната состојба и националниот состав на командниот кадар. Меѓу другото, во овој терористички документ е наведено следното: „...има еден баталјон пешадија (ЈУ-модел), командантот на баталјонот е од нашиот реон од село Доброште, Македонец. Една-две батерии на артилерија. Оваа единица дава стража на границата, Јажинце-Глобочица. Исто така, 20 војници се дислоцирани во село Старосело и се сместени во училиштето...Во нашиот реон има уште една полициска станица во село Теарце, која дава погранична патрола, вооружена е со автоматски пушки...”. Понатаму, во овој терористички документ се даваат податоци и за полициските објекти и сили на овој реон, како и за економските објекти од поголемо значење и мерките за безбедност што во нив се преземаат, при што се дава оценка за учество на Македонците и Албанците во раководниот кадар и при тоа се констатира дека „албанските кадри се оставени надвор, на маргините”. Интересно е да се спомене дека Хусеин Хаскај, злоупотребувајќи ја својата позиција во македонското Министерство за одбрана изготвил посебен терористички материјал т.н. „Проценка на непријателот” (заведена под бр. ТО 8-3 од 30.03.1993 год.) во кој го анализирал моралот, организираноста и вооружувањето на АРМ и МВР . Инаку, Хусеин Хаскај до ”„Штабот” на т.н. „Паравојска” во Гостивар доставил и посебно барање (бр. Со 7-0 од 06.07.1993 год.), врз основа на неговата терористичка анализа за опасноста од „непријателот”, за формирање на уште еден терористички организациски елемент за село Љуботен (Скопско) со потребните т.н. воено-технички средства.
Инаку, по разбивањето на оваа кукавичка терористичка структура и прекинувањето на нејзиното противуставно делување од позиции на албански радикализам што се случи во ноември 1993 год., по седум и пол месечно судење кое завши на 27 јуни 1994 год., тогашниот Општински суд II во Скопје за сторено кривични дело „Здружување заради непријателска дејност”, ги осуди на казна затвор од пет до осум години следните десет припадници на оваа терористичка организација: Митхат Емини и Хасан Агуши на осум години, Ресми Ејупи, Селам Елмази и Реџепи Шинаси на седум, Хусеин Хаскај (овој од типот на „талатовци - малатовци”!), Акиф Демири и Абдулселим Арслан на шест и Бурим Муртезани и Еуген Цами на пет години затвор. Во понатамошниот период, Окружниот суд во Скопје, постапувајќи по жалба на осудените терористи, на 24-25 јануари 1995 год. донесе пресуда со која се потврди пресудата на Општинскиот суд II, а ја преиначи во делот што се однесува на казните, односно на сите им беа намалени за две години. Подоцна, со Решение на Претседателот на Република Македонија (август 1995 год.), Митхат Емини и Хасан Агуши се помилувани и ослободени од натамошно издржување на казната, додека другите осум лица се условно ослободени со решенија на Комисијата за условен отпуст (јуни, 1995). Од овие судски процеси може да се забележи за какви кукавици и кодоши станува збор кога различни структури (вклучувајќи ги и нив) во тоа време кукавички молеа за нивна милост од државата. Врз основа на констатацијата за ненаучената лекција од страна на одредени политички елити за противуставното делување од позиции на албански радикализам на високи дравни функционери во македонските МВР и МО за време на извршувањето на нивната државна функција, останува да повикам на правно основано непочитување на наредбите на „некогашните” терористи, а сега и понатаму овластени наредбодавачи, и на поведување на постапка за утврдување на кривична и дисциплинска постапка на сите (од поодамна, па досега!) одговорни и надлежни за предизвикувањето на оваа безбедносно резична ситуација.
 
Единица за специјални задачи Тигар додаде нова фотографија во албумот: 2001.
пред 10 часа ·
Да се потсетиме да не се заборави и повтори војната од 2001! Народе нека не ве манипулираат политичарите некои вжештени глави екстремисти или партиски патриоти! Бидејки тие не одат во Војната тие ја создаваат а ние сме секогаш први во војната за да го браниме народот!

ESZ TIGAR.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom