Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Тато, а кој те уби тебе?
01 Mar 2008, 14:24
ТРАУМИТЕ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ГОРЈАН РИСТЕСКИ ПО 25 ДЕНА ВО КОМА И 55 ДЕНА ВО ШОК-СОБА


По завршувањето на војната во 2001 година, државата, за да им се оддолжи на своите бранители, ги прифати барањата за отштета на ранетите припадници на безбедносните сили и на семејствата на загинатите. Но кога власта се смени, државата се премисли за дел од отштетите и реши да си ги бара назад парите кои еднаш им ги даде на припадниците на полициските сили кои од бојните полиња во 2001 се вратија дома со шрапнели во телото, со извадени белодробни крила, со жици место ребра и со воени трауми кои им ги пренесоа на нивните деца, сопруги, мајки... Заедно со тие што треба да ги враќаат парите од отштетата, во ист кош се и дел од семејствата кои не добиле отштета или Врховниот суд им ги поништил судските пресуди за обесштетување.
Во третиот кош се најдоа бранителите кои, по завршувањето на воената 2001, беа деградирани во нивната служба, што од едната што од другата власт. Така, високи полициски старешини кои беа во кризните региони, место благодарам, од државата добија деградација во помлади инспектори и преместување на работни места надвор од градовите во кои живеат.
Никој од нив, и да сака, не може да ги заборави траумите од војната. Ќе им останат белег за навек.
Сите тие, со згазен углед, се здружуваат во "Достоинство" за да си го обелат образот кој, како што велат, им го оцрниле други, место благодарност што се бореле за Македонија.




"Танушевци, Тетовско кале, Лавце, Селце, Вејце, Шипковица, Бродец, Вешала... Сите тие се дел од мојата татковинска приказна од 2001 што ништо нема да може да ми ги избрише од сеќавањето. А како заглавје на таа приказна, која не треба никогаш да ни се повтори, слободно можам да и го ставам Ваксинце. Селото каде што бев ранет и каде што го видов душманот што со снајпер ме застрела и ме осакати за цел живот, додека со колегите се обидувавме да ги ослободиме неговите сонародници кои тој и неговите 'борци за човекови права' ги држеа во заложништво. Таа епизода ми донесе 70% инвалидитет, 25 дена тешка кома, поствоени трауми. Тоа не се заборава".
Вака полицаецот од Прилеп Горјан Ристески го почнува речиси секој негов муабет за 2001, за воениот конфликт, за кризните региони, за колегите, за Велигден прославен во касарна, за здравицата за новородената ќерка по тешката кома, но и за сегашните денови, за повоените трауми, за фобијата од униформа, за неговиот ангажман како член на Надзорниот одбор во здружението на бранителите на Македонија "Достоинство".
Горјан бил испратен во Танушевци на 27 години, како припадник на прилепската посебна полициска единица, веднаш по познатиот инцидент. За сето тоа раскажува гордо, зашто, како што вели, па за татковината ли да не се направи тоа.
"На осми март 2001 заминавме за Танушевци со задача да заземеме што поголема територија во тој регион. Додека со битолската посебна единица ја извршувавме таа задача, се случи Тетовското кале. Итно бевме повлечени во Идризово, а од таму веднаш испратени за Тетово. Тоа утро, додека одевме кон Тетово, на Попова Шапка веќе се разгоруваше ситуацијата. Поради тоа, едната половина од посебната единица замина кон Попова Шапка, а ние продолживме за Тетово. Таму пунктовите на безбедносните сили како да чекаа на нас. Само што ги зазедовме позициите кај стадионот, почна гранатирањето, битката се разгоре, Тетовското кале мораше да се ослободи од припадниците на ОНА кои го имаа заземено. Почна последниот дел од операцијата, и кога 'тигрите' и 'волците' се појавија на Калето, се беше готово. Нам, заедно со една единица 'Волци' ни беше оставено да го чуваме, да ги задржиме позициите", почнува Горјан со неговата воена приказна, полека, како вовед пред заглавјето на неговите трауми Ваксинце.
Од Тетовското кале биле прекомандувани на позиции кај Лавце и Селце во чистењето на македонската територија од вооружените припадници на ОНА. По патролирањата Тетово - Вејце и Шипковица - Бродец - Вешала, во замена им дошла прилепската посебна единица. Се замениле со колегите што само неколку дена подоцна беа измасакрирани кај Вејце.
"Кога не заменија колегите од Битола, ние се вративме во Прилеп. Тогаш се случи Вејце. Битола пламна. Народот сакаше одмазда, па бевме испратени за одржување на редот во Битола. По три дена, пак се вративме во Скопје. По кусото затишје, почнаа воените дејства во кумановскиот кризен регион. Ваксинце беше тешко поприште. До заби вооружени припадници на ОНА, добро забарикадирани и скриени зад жив штит од месно албанско население кое го држеа во заложништво", раскажува Горјан.
На 24 мај, на Свети Кирил и Методиј, задачата била да се ослободат заложниците во Ваксинце. Горјан и колегите тргнале кон селото. На пат кон него, во неколку наврати биле напаѓани со митралези и снајпери, се до бензинската пумпа кај селото.
"Полека стигнавме до селото. Немавме прецизни информации колку припадници на ОНА има таму, можеби околу 100, но знаевме дека целото село го држат како жив штит во куќите. Пред селото ги повикавме да се предадат и да ги ослободат луѓето. Одбија. Дел од нив имаа направено обрач околу селото, а другите беа позиционирани во куќите. Дејствувавме кусо и брзо, по што околу 150 жители на селото излегоа од 10-ина куќи со кренато бело знаме. Ние почнавме да се приближуваме до куќите. Како што се движеа 'хермелините', ние одевме до нив. Јас одев прв покрај еден 'хермелин'. Додека се движевме во став и на готовс, гледавме внимателно. Тогаш на отвор на таванот од една од куќите само за миг видов оган како излегува од цевка од пушка. Го видов снајперистот што ме осакати за цел живот. Само мало делче после тоа, почувствував огромна топлина. Ме погоди, ама не бев свесен каде, почувствував само топлина. Паднав назад во рацете на колегата што одеше зад мене и само му реков" 'Ме погодија во срцето'. Тој гледаше, но не можеше да види ништо на градите. Тогаш падна граната до 'хермелинот'. Шрапнелот му ги покоси нозете на еден колега. Ранет бев, ама гледав како паѓа колегата. Ми гореше телото од топлина, а почнаа ужасни болки на десната плешка. Всушност, снајперистот ме погодил во вратот, а куршумот со надолна патека на движење ми ги продупчил хранопроводот, белодробното крило и излегол од задната десна страна, кршејќи ми ја лопатката. Излезната рана беше голема и од неа излегуваа крв, пена и големи меури поради повредата на белите дробови", кажува Горјан, не веќе толку смирено како кога ја почна својата приказна туку полека, со стегнато лице кое му ја одава мачнината што ја чувствува од сеќавањата на тој ден. Колегата во чии раце паднал Горјан, и ден-денес, кога ќе се видат, му велел: "Рацете уште ми мирисаат на твојата крв, Горјане".
Битката се повеќе се разгорувала. Кога се вклучиле и "Тигрите", на ОНА од Ваксинце и дошло засилување од Лојане. Гранати, митралези, снајпери, автомати, минофрлачи. Горјан, иако тешко ранет, бил свесен цело време. Јасно се сеќава кога го кренале колегите на раце и го однеле кон задните линии на бранителите, од таму со возило до бензинската пумпа, а потоа со "хермелин" од "Тигрите" до патот кај бензинската пумпа кај Умин Дол. Еден од полицајците му укажал прва помош и со амбулантно возило го однеле во Кумановската болница, него и неговиот колега што го погодил шрапнел во нозете. Таму, поради тешката повреда, не можеле многу да направат, па го препратиле во Државната болница во Скопје.
"Цели 4,5 часа, додека траеше транспортирањето, бев свесен, иако со огромни болки. Првин ја оперирале излезната рана, па кога виделе што направил куршумот внатре, итно од дома го викнаа д-р Андреа Арсовски. Докторот дојде веднаш по влечки. Влезната рана во вратот беше толку мала што не се гледаше. Утврдиле дека во белодробното крили има влезно -излезна рана. Морале да ми извадат дел од белите дробови, а тоа што останало го спојувале. По операцијата на влезната рана, следното утро околу 10 часот се освестив. Имав посета, ама состојбата ми беше многу лоша. Сопругата беше бремена, се плашев за неа и за бебето, да не им наштети целиот овој стрес. Попладнето уште повеќе се влоши. Добив постоперативна инфекција и паднав во кома, во која бев цели 25 дена, со 2-3 куси полубудења на кои не се сеќавам јасно. Сум добил инфекција на медијастинумот, односно на срцевата обвивка. Процентот на преживеани од таква инфекција во САД е само 1%. Поради тоа ми ставиле дренови во срцевата обвивка", кажува Горјан како се уште да е во болницата, во шок-собата.
Во кома бил 25 дена. Се будел неколку пати кусо, но не се сеќава јасно. Му кажувале дека во тие моменти несвесно се кревал, ја вадел од устата цевката од апаратот за дишење, сакал да стане. Докторите и сестрите едвај успевале да го задржат и да му помогнат.
На 25-тиот ден се разбудил од кома. Првото што го слушнал било дека има повредени македонски бранители во Арачиново и оти мора да се направи место за нив на КАРИЛ. Следниот ден покрај него бил донесен генералот Стојанче Ангелов, тешко ранет во Арачиново. Го прашал од кога е во болница и му рекол дека тој не може да остане таму, дека сака назад кај колегите. Едно утро му заsвонил телефонот. Бројот бил на еден од неговите колеги од посебната единица, ама гласот не бил од другар му. На телефон бил тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Горјан убаво се сеќава што му рекол Љубе: "Собери сили, братче, тука сум со твоите колеги и многу ни недостигаш".
"Почнав да се закрепнувам. На втори јули требаше да си одам, ама како за беља, се појави нова инфекција. Ми се направија две гнојни ќесиња и ме задржаа уште две недели. Така останав цели 55 дена во шок-соба. Дома си отидов на 17 јули. Кога ми се роди ќерката, ја крстивме Андреа, во чест на д-р Андреа Арсовски кој ме оперираше. Славевме, сакав да наздравам, ама се уште бев со медицинска цевка преку која се хранев. Му се јавив на докторот да го прашам дали смеам барем една голтка колку да наздравам за ќерката. Ми дозволи колку за адет, ама јас се хранев преку цевка, па здравицата ја направив со шприц, пуштајќи си една голтка во цевката преку која се хранев", вели Горјан, веќе опуштен, бидејќи, вели, да не било раѓањето на ќерка му таа 2001 година, се ќе било друга, страшна, приказна.
По воениот конфликт, Горјан одлучил да бара отштета за повредата. Неговите лекарски документи покажуваат 70% инвалидитет и намалена животна и работна способност.
"Не можам да им одговорам на задачите онака како што треба и како што јас сакам. Не можам да носам униформа која ме потсетува на траумите кои ми останаа од 2001, а за што имам и лекарски наоди. Во последно време имам проблеми со некои од претпоставените кои ме тераат да облечам униформа, иако јас имам докторска документација дека не треба да носам униформа туку да бидам во цивилна облека како што сум сега. Има многу случаи како мене кои вака ја завршија 2001. Се бореа за државата, гинеа, беа ранувани, а сега дел од нив се обесправени, земено им е достоинството. Кога некои бранители не добија отштета, некои беа деградирани, а некои дури мораат да ги враќаат парите кои ги добија како отштета, веќе не можевме да издржиме и одлучивме да го формираме здружението 'Достоинство' ", вели Горјан.
Денес Горјан се уште е во МВР, ама не е и во посебната единица. Многу често се гледа со колегите од војната. Иако им е тешко, се сеќаваат на тие денови, на раните, на болката.
"Колку и да е сериозно, на шега им раскажувам на другарите што ми вика синчето дома: 'Тато, а кој те уби тебе? Тој чичкото што го уби и чичко Стојанче'. И ајде сега објасни му на дете што ми се случило кога ќе ми ги види лузните на телото".
Горјан се обидува да ја заборави 2001. Вели, фала Богу што радоста со децата и со најблиските не му даваат така често да се навраќа на тој кошмар.
 
@Panter 01 братче алал да ти е на маката што цело време пишуваш и пишуваш. Да не си ти, јас никогаш можеби немаше и да ги читам овие текстови. Да можам и 10 лајкови да ти ставам.
Фала ти.
 
Se osloboduvam od ARHIVATA Materijalite sliki tekstovi videa informaciite na razni nacinin na fb forum fb-strani i dr koja so GODINI ja zbirav i potrosiv mnogu vreme zato spodeluvam za nesto koi ne go znaat drugite ili ne go videle da vidat toa i mi e celta sto poveke da vidat (kako sam da ostanav na forumov :) ) dr spijat i sledat samo.
Forumov go pratat i nekolku administratori na fb strani od spcecijalnite edinici i Branitelite,za koi nie debatirame i se nadmudruvame ovde kako eksperti a tie ne sledat samo. :) tolku od mene .

http://vecer.mk/sekogash-eden-chekor-pred-site

Star link da se potsetime.Marjan e prviot komandant od osnovanjeto na RANGERite

РЕНЏЕРИ-СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ НА АРМ
Секогаш еден чекор пред сите!

29 април 2007 - 19:19
Одлучни да скокнат од хеликоптер во лет со полна воена опрема, вооружени до заби спремни за воздушен десант, но истовремено и совладувачи на водени препреки, подготвени за сите временски услови и зиме и лете на секаков терен, тоа се Ренџерите - единица за специјални операции, дел од составот на полкот за специјални операции во АРМ.

Одлучни да скокнат од хеликоптер во лет со полна воена опрема, вооружени до заби спремни за воздушен десант, но истовремено и совладувачи на водени препреки, подготвени за сите временски услови и зиме и лете на секаков терен, тоа се Ренџерите - единица за специјални операции, дел од полкот за специјални операции во АРМ.
Водени од мотото "Секогаш еден чекор пред сите", мисијата на Ренџерите е да го поддржува баталјонот за специјални намени. Тие се оспособени за изведување операции за поддршка на надворешната безбедносна политика на Македонија и другите редовни задачи во насока на зголемена ефикасност на армијата.

Совладуваат секаков терен, снежни, водени и планински препреки. Изработуваат привремени живеалиша на територија на непријателот во воени услови без да бидат забележани, притоа преживуваат хранејќи се со продуктите што ги нуди природата.

Единицата е формирана на 8 декември 2003 година и е составена од припадници на бившиот извидувачки баталјон, 501 падобрански одред како и дел од "волците". Составот е мешовит - Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и Роми. Бројот на овие високостручни припадници на македонската војска е строго доверлива тајна. Меѓу овие неколкумина без идентитет кои секојдневно живеат во сенка на обичните смртници, составен дел се и три девојки. Паралелно со момците, девојките рамо до рамо ги извршуваат зададените работни задачи со огромен успех.

Синџирот на командата во хиерархијата на оваа воена формација е составен од врвни стручни лица со соодветна експертиза секој во своето поле. Тие се грижат сите зададени наредби од претпоставените на генералштабот да бидат извршени глатко и беспрекорно. Секој од раководните кадри е со соодветно индивидуално искуство и образование стекнато во земјата и со учество на мноштвото курсеви, вежби и воени академии на земјите-сојузнички од Нато пактот.
"Следејќи го развојот на Нато армиите, а пред се армијата на САД и користејќи ги нивните искуства, се наметна потребата за поинаква организациска структура и способност на полкот за специјални операции. Така се формирани "Ренџерите" како составен дел од ПСО - појасни Марјан Јачевски, командант на Ренџерите.

Што е Ренџер?
Ренџер може да биде војник на АРМ со чин подофицер и офицер до максимално наполнети 29 години. Исто така и секој оној цивил кој сака да биде составен дел на оваа специјална единица на АРМ треба да има најмногу 26 години. Што се однесува за цивилите, треба да се има најмалку средно образование со завршен четврти степен, и висока психофизичка подготвеност. Покрај лекарските прегледи и безбедносната проверка, идниот ренџер треба да освои 206 бодови, што значи да истрча 3.200 метри, да исплива дадена цел со препреки и други кондициони задачи, објасни Марјан Јачевски, командант на Ренџерите. Командантот објаснува дека најважен услов да се биде Ренџер е кандидатот успешно да го помине 24- дневниот селективен курс.
 
Последно уредено:
Uste edna mala tajna vo Makedonija nema ETNICKI cisti specijalni edinici samo so MAKEDONCI.Kako pred vojnata vo MVR ESZ TIGAR I EBR se meshani so pripadnici od dr nacionalnosti isto kako i vo ARM kaj RANGER i bSN VOLCI.[DOUBLEPOST=1450808744][/DOUBLEPOST]https://www.facebook.com/4049679797...4967979709498/420251778181118/?type=3&theater

Единица за специјални задачи Тигар
Објавено од Есз Тигар
Ми се допаѓа оваа страница · пред 5 часа ·
Владимир Дамчевски

Vladimie bese ubien vo tepacka se obidel da go odbrani i spreci negoviot kolega od ESZ TIGAR vo tepackata so kolega od EBR naskoro ke objavat poveke za Vladimir na stranata od Edinicava.

15701_116461035039870_865733_n.jpg
 
Последно уредено:
24.12.2007
Владимир Дамчевски

Трагедијата се случи на прослава на новогодишната вечер во кафеаната Деспина во скопски Мичурин. На 24 демекври 2007 година по претходна расправија а потоа и тепачка
меѓу присутните во кафеаната. Пресметката продолжила пред локалот, кога на припадник на Тигрите, Славчо Неделковски, му испаднал пиштол. Во турканицата Максимовиќ го дофатила оружјето од кое истрелала неколку куршуми во Дамчевски.

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=145269&idg=7&idb=2256&rubrika=Crna+Hronika

ПОЛИЦИСКА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНАТА "ДЕСПИНА" ВО СКОПЈЕ
Убиен специјалец
Пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин вчераутро со куршум од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од
Во пресметка меѓу припадник на Единицата за брзо распоредување и припадници на елитната единица "Тигри" при МВР, пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин, вчераутро со неколку куршуми од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од Единицата за брзо распоредување во МВР, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Врз него е извршена хируршка интервенција и, според лекарите, тој не е во животна опасност.
Осомничен за убиството е Сашо М. (24) од Скопје, брат на повредениот Бобан М.. Тој и Славе Н. (29), припадник на единицата "Тигри", кој е косопственик на кафеаната, се приведени. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
Инцидентот, според првичните информации на полицијата, се случил еден час по полноќ, вчераутро. Кафената била полна со гости. Прославувале вработени од "Тинекс" маркетите. Меѓу гостите биле и Бобан М. и неговиот брат Сашо М., А.Т.(25) од Скопје и Н.Н. (27) од Велес-припадник на ЕБР, со женско друштво. Околу полноќ Сашо М., видно расположен, се качил на стол. Веднаш бил предупреден од персоналот на кафената да се симне. Разлутен од тоа, Сашо отишол на масата каде што седел Славе и му рекол: "Немај гајле, ние сме од МВР". Газдата почнал да се подбива со гостинот, велејќи му: "Вие од МВР сте многу силни". По кусата препирка, Сашо се вратил на масата и му рекол на неговиот брат дека газдата ја исмејува полицијата. Бобан, лут од тоа што го слушнал, отишол кај Славе и почнал да му вика. За да не ги вознемируваат другите гости во кафената, Славе заедно со браќата и жените излегол надвор. На десетина метри од кафеаната, по жестоката расправија, тие ги извадиле пиштолите и почнале со нив да се маваат. Ненадејно на местото каде што се тепале пристигнал и Владимир Дамчевски, кој се приклучил на тепачката за да го одбрани нападнатиот колега "тигар". Во мешаницата на Славе Н. му паднал пиштолот од раце и една од жените го зела и му го подала на Сашо М., кој го репетирал и почнал да пука. Со еден од испуканите куршуми тој смртно го погодил во главата Дамчевски, кој од здобиените повреди починал на самото место. Најверојатно од рикошетиран куршум, повреден во главата бил и Бобан М. кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар.
На местото на настанот пристигнале и полициско-судски екипи, кои извршиле увид. Во полиција биле приведени Сашо М. и Славе Н., од нив биле земени и парафински ракавици за да се утврди кој пукал.
Вчера кафената "Деспина" беше затворена. Големата локва крв сведочеше за полноќниот инцидент. Никој од станарите од зградата која се наоѓа спроти кафената "Деспина" не знаеше да каже што се случило на улицата но велат дека ноќта слушнале повеќе истрели.
Против Славе Н. и Бобан М. во тек е дисциплински постапки за други дела кои ги сториле пред неколку месеци. (П.А.Л)
27191_1238500852797_6810038_n.jpg 27191_1238500892798_5430718_n.jpg 27191_1238500932799_1828311_n.jpg 27191_1238500972800_8356368_n.jpg 32208_130589420293698_4038719_n.jpg 36717_133323930020247_6341608_n.jpg
 
Владата по Диво насеље нареди специјалците и во ве-це со оружје да одат. Изгледа не предвидоа шо ќе се деси кога истите ќе се напијат. Колку е банална причината за смрт на млад специјалец едноставно шокира.
Мотивацијата на безбедносните структури не е сменета уште од прошлата држава. Специјалците се убедени во себе дека се најелитна единица, единица за восхит, дури понелогаш и дека на некој начин се поголем сталеж. Едукацијата за анонимност и тајност изостанува во целост. На запад оваквиот персонал не смее да се декларира како "ние сме од мвр" туку секој си има свој параван на техничар механичар, водоводџија, бизнисмен.
Што е уште пожалосно некои индивидуи чалами дигаат оти се специјалци, овој пат тоа беше кобно.
Бог да го прости, вечна му памјат.
Повредениот ќе го спомнувам во моите молитви за побрзо и побезболно да оздрави
 
Владата по Диво насеље нареди специјалците и во ве-це со оружје да одат. Изгледа не предвидоа шо ќе се деси кога истите ќе се напијат. Колку е банална причината за смрт на млад специјалец едноставно шокира.
Мотивацијата на безбедносните структури не е сменета уште од прошлата држава. Специјалците се убедени во себе дека се најелитна единица, единица за восхит, дури понелогаш и дека на некој начин се поголем сталеж. Едукацијата за анонимност и тајност изостанува во целост. На запад оваквиот персонал не смее да се декларира како "ние сме од мвр" туку секој си има свој параван на техничар механичар, водоводџија, бизнисмен.
Што е уште пожалосно некои индивидуи чалами дигаат оти се специјалци, овој пат тоа беше кобно.
Бог да го прости, вечна му памјат.
Повредениот ќе го спомнувам во моите молитви за побрзо и побезболно да оздрави


druze od 2007 e ova i da vo pravo si postarite kadri sekoja cest ma da ima i od niv isklucoci ama ovie mladite sto dojdoa na poslednite konkursi....I ova ne e prva a ni posledna tepacka megu kolegi od MVR od razlicni ili od ista edinica samo gi prikrivaat da ne se doznae vo mediumite.samood kako ke se skuci kasno e veke treba da se prevzemat merki ama koj!.
 
Имам еден другар влезен во полиција, нонстоп објавува слики во униформа и со оружје, толку се чалами што почнува да станува досаден. И јас се сложувам со вас дека постарите припадници на специјалните единици се прави професионалци кои не се чалат, фалат и раскажуваат што правеле во акции, бидејќи се свесни дека тоа може да стигне до уши кои не треба да стигне, и така ќе си ја загрозат и својата и безбедноста на семејството, додека овие што исповлегоа на конкурсиве, немам коментар. Тоа е кога испопримија се и сешто, голем дел обични позери. Посебно ми се интересни девојките кои постираат слики со оружје во комбинација со кармини, подвезици, танги, штикли, кои ги постираат, изгледа МВР е станата модна агенција.:mad:
 
Имам еден другар влезен во полиција, нонстоп објавува слики во униформа и со оружје, толку се чалами што почнува да станува досаден. И јас се сложувам со вас дека постарите припадници на специјалните единици се прави професионалци кои не се чалат, фалат и раскажуваат што правеле во акции, бидејќи се свесни дека тоа може да стигне до уши кои не треба да стигне, и така ќе си ја загрозат и својата и безбедноста на семејството, додека овие што исповлегоа на конкурсиве, немам коментар. Тоа е кога испопримија се и сешто, голем дел обични позери. Посебно ми се интересни девојките кои постираат слики со оружје во комбинација со кармини, подвезици, танги, штикли, кои ги постираат, изгледа МВР е станата модна агенција.:mad:
7a224101d057b8ae9bc934abd171a0af.jpg

ЧАОО...
 
....... Посебно ми се интересни девојките кои постираат слики со оружје во комбинација со кармини, подвезици, танги, штикли, кои ги постираат, изгледа МВР е станата модна агенција.:mad:
Извор,линк дај од тие со подвезици:drk::drk::drk:
 

Никогаш ниту сум имал проблем со полиција ниту сакам во иднина да имам, така да оваа реплика пренасочи го кон криминалците и навивачите, кај мене ти е залудно;)[DOUBLEPOST=1451247082][/DOUBLEPOST]
Извор,линк дај од тие со подвезици:drk::drk::drk:

Не зборам за нив лично дека се сликаат со подвезици, туку ставаат слики со полицајки со еротска содржина
 
Имам еден другар влезен во полиција, нонстоп објавува слики во униформа и со оружје, толку се чалами што почнува да станува досаден. И јас се сложувам со вас дека постарите припадници на специјалните единици се прави професионалци кои не се чалат, фалат и раскажуваат што правеле во акции, бидејќи се свесни дека тоа може да стигне до уши кои не треба да стигне, и така ќе си ја загрозат и својата и безбедноста на семејството, додека овие што исповлегоа на конкурсиве, немам коментар. Тоа е кога испопримија се и сешто, голем дел обични позери. Посебно ми се интересни девојките кои постираат слики со оружје во комбинација со кармини, подвезици, танги, штикли, кои ги постираат, изгледа МВР е станата модна агенција.:mad:
i toa kako si u pravo
skoro site vlegoa so vrski i kakov calam frlaat :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom