,,Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ“
Утре, 28 февруари (сабота) во рамките на одбележувањето на 1-ви Март денот на полкот за специјални операции (пСО) и Јубилејот ,,15 години специјална единица на АРМ“ од 10.00 до 16.00 часот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи ,,Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ“. На ,,Отворениот ден“ припадниците на пСО пред граѓаните на Скопје и пошироко ќе се претстават со изложба на борбените средства, техниката и опремата кои ги поседуваат. Покрај изложбата на техниката и опремата, на воениот стадион граѓаните ќе имаат одлична прилика да се дружат со специјалците на АРМ и на тој начин да видат дел од вештините кои тие ги поседуваат, како и некои атрактивни секвенци од обуката што ја изведуваат.
Средбата со граѓаните од сите возрасти, утре во градскиот парк на специјалците на АРМ како и многу пати досега ќе им претставува посебно задоволство, заради што поканата за дружење исполнето со интересни мигови со нив е отворена до сите во Република Македонија.
Новинари, сниматели и фоторепортери се покануваат утре на воениот стадион настанот да го проследат и да известуваат во 12.00 часот.
еве, ја ке одам!!!ке стаам и слики ако сликам!!!
беше денес некој???јас бев, слики ке стаам после....немаше многу гужва... и така,добро беше.!!

:violent1::violent1::violent1::violent1:
еве неколку слики....од изложбата, беше некој друг бе???? или само ја ке си дискутирам на темава!!?????
тоа на последнта слика сум јас...иначе пуштаа у возилата,доста беа дружељубиви и гостопримливи војниците....