Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ви благодарам, имам уште неколку добри слики од Волците наскоро ке ги постирам и нив.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 14:21 ---
Припадник на Волци на почетоците од формирањето,мислам дека од 1994 год. е сликава.

419826_3102834221847_1817497813_n.jpg
 
14 Март 2001 - Тетовско Кале: Припадник на ЕСЗ Тигри со снајперската пушка „Застава М76„ во жестока борба против албанските терористи. Со битката за Тетовско Кале се развиори војната во Македонија во 2001 година.

62296_412363765548411_2002418933_n.jpg
 
14 Март 2001 - Тетовско Кале: Припадник на ЕСЗ Тигри со снајперската пушка „Застава М76„ во жестока борба против албанските терористи. Со битката за Тетовско Кале се развиори војната во Македонија во 2001 година.

62296_412363765548411_2002418933_n.jpg
Друже имаш грешка мала ама и голема не се есз тигри туку есз тигар.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 20:24 ---
Секогаш и секаде први ''ВОЛЦИ''

ИСТОРИЈА НА ЕДИНИЦАТА

На 1-ви Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени (6.Одред) под името „Волци“, кој претставуваше основно јадро за формирање на одредот за специјални намени, за подоцна да се трансформира во пСО. Во 1998 година поставена е првата тимска формација на единицата и преименување на единицата во Единица за специјални намени.Во 1998 година Волците ги прифатија НАТО стандардите за формацијата од 12 војника но таа по потреба се менуваше како сто во Ирак се користеја од формацијата со 8 војника.
Тимот се состои од водач на тимот негов заменик тимски специалист,двајца специалисти за оружје, двајца специалисти за минско-експлозивни средства , двајца болничари,специалист за комуникации и специалист за обавестување.Исто така постојат и специалисти за разни други вештини како што се алпинистички тим,противтерористички тим,нуркачки тим и падобрански тим.
Нивната обука е слична како и на американските и британските специални единици но има и домашни модификации.Доста напорна која бара голема психо-физичка спремност од кандидатот за да помине.Просечно има околу седумстотини кандидати и едвај поминуваат дваесетина кои подоцна се упатуваат кон додатна обука и специализација.

Се користат со следниве оружја AP M-70 AB2, M-95 калибар 5.56x45 М-21 од истиот калибар како и американскиот М-16 А4 и М-4 како и германскиот и турски H&K G-3.
Снајперистите се користарт со SPAP M-76, SVD Dragunov, H&K G-3 SG1, SAKO TG-42,Zvi Falcon 12.9mm , M-93 12.7mm
Опремата за комуникација се содржи од американските фирми Motorola и Harris.
За транспорт се користат со американскиот HMMWV.Од оклопните возила се користат BTR-80 и TM-170 Hermelin.
Во 2001 година единицата стана дел од ЕБПТ, а по формирање на КСЕ, единицата влезе во нејзиниот состав како Одред. Во 2003 година единицата е преструктуирана во баталјон за Специјални Намени.Како Команда на Специјални Единици функционираше од 2002 до 2003 година.
Во месец декември 2003 година со одлука на Врховниот Командант на Армијата на Република Македонија единицата е преструктруирана во Одред за Специјални Намени.
Во Ноември 2006 година извршено е преструктруирање во полк за Специјални Операции.

Мисија

Изведување на специјални операции во мирновременски услови и во услови на конфликт, самостојно и во содејство со други единици на АРМ, во сите земјишни и временски услови, поддршка на надворешната и безбедносната политика на државата со декларирани сили да учествува во изведување на заеднички специјални операции со други коалициски држави за поддршка на мирот и превенција на конфликти и во справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ и од ЕУ.

Да е оспособена да даде елемент за командување и контрола и разместување за НАТО (ЦЈСОТФ) или операции со други држави

Да се фокусира на планирањето и координирањето на специјалните операции

Да се фокусира на начинот на развивање на Доктрина за изведување на Специјални Мисии и Стандардни Оперативни Процедури врз основа на НАТО модели

Да дава насоки на потчинетите единици во врска со операциите, обуката, логистиката и начинот на употреба

Извршува специјални операции на територијата на Република Македонија самостојно и во содејство со единиците на МВР согласно дадената мисија;
Врши собирање, обработка и доставување на разузнавачки податоци за непријателските сили, просторот за изведување на борбени дејства и временските прилики со цел да се спречи изненадување, а истовремено обезбедуваат навремени подготовки за успешно изведување на специјални операции;

Подршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на РМ, во склад со позитивните законски прописи;

Учество со декларирани сили во операции за подршка на мирот (во сите негови димензии) и превенција на конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции во состав и/или предводени од МАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи

Учество во вежби, конференции, состаноци и други форми на соработка, како и други билатерални и меѓународни аражмани во функција на градење на доверба и унапредување на регионалниот и глобалниот мир и стабилност

Мисии надвор од Република Македонија

Баталјонот за Специјални Намени учествуваше со свој персонал во неколку мировни мисии во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.
За учество во наведените мисии припадниците на контингентите беа наградени со голем број на пофалници, медали и други стимулативни мерки и одликувања.

Оваа единица има сигурно место во АРМ (Армија на Република Македонија )

Од ИРАК

Македонските "волци" уапсиле тројца од најбараните приврзаници на Садам

Македонскиот вод за специјални дејства во операцијата "Слобода за Ирак" досега уапсил три опасни лица од листата на педесет и петте најбарани приврзаници на Садам Хусеин. Борбените задачи биле изведени заедно со американските единици за специјални операции во околината на Таџи, на 25 километри од Багдад. Поради својата храброст, македонските специјалци биле пофалени на свеченоста за смена на командантот во Таџи.

Армиските командоси "волци" учествувале во операцијата "Заливски удар", масовна акција на американските специјални сили за отстранување на приврзаниците на режимот на Хусеин и апсење на најбараните следбеници на соборениот диктатор, информираат македонските офицери за врска од штабот во Катар и офицерите на македонскиот контингент. Во операциите во кои учествувале досега биле изведени повеќе од 200 мисии, во кои биле уапсени повеќе од 150 лица.


Добиени одликувања

Во 2005 година со указ на Претседателот на Република Македонија баталјонот за Специјални Намени е одликуван со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“ – прв доделен орден во Република Македонија.


Ознака на единицата

Прегледај го приврзокот 68583

Прегледај го приврзокот 68584



Се викаа „ПАНТЕРИ“ а подоцна ги прекрстија „ВОЛЦИ''

Прегледај го приврзокот 68582
Игор друже имаш грешка волците никогаш немале а ниту иматт H&K G-3 SG1 тоа е снајперот кој за прв пат се покажа во тетово 2001 во рацете на еден снајперист од есз.И само тие го имаат
 
Јас го тврдам спротивното имаше и во Волците таков снајпер.Немам слика за да ти докажам.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 22:22 ---

На некого не му одговара да има посебна тема специјално за БСН Волци па ја преместил истата на ова тема и не ми дозволуваат да отворам ке продолжам да објавувам овде све сто имам од БСН Волци.Ке поцнам од 94 па навака да средам во архивата сликите .
 
Јас го тврдам спротивното имаше и во Волците таков снајпер.Немам слика за да ти докажам.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 22:22 ---


На некого не му одговара да има посебна тема специјално за БСН Волци па ја преместил истата на ова тема и не ми дозволуваат да отворам ке продолжам да објавувам овде све сто имам од БСН Волци.Ке поцнам од 94 па навака да средам во архивата сликите .
Брат додека нема ништо доказ за тоа да го подкрепиш значи нема.
 
Диверзант друже секоја чест за сликите посебно 2 та.Првата ја знам ама втората е закон.Малку да појаснам пошо знам за 2 та слика.Момците со митралезите м84 се од струмичката пеп а тој до нив шо е со црната стрела и потпрчената фантомка е есз тигар.Ова е пунктот каде што највеќе се трошеше муниција пошо имаше 4 митралези,3 м84 и 1 шарац.
 
ЃОКО ЛАЗАРЕВСКИ - Лешочкиот херој (1971 - 2001) од Лешок на 23 јули 2001 година го загуби животот откако со уште четворица негови другари го бранеја Лешок и Лешочкиот Манастир од терористите.Препуштен сам на себе во најтешките моменти ја презел командата за организација на одбраната.Тој и неговите другари давале отпор со цел да обезбедат сигурен премин на соселаните во соседното Жилче.Ти беше храбар човек кој во ниеден момент не се поколеба за одбрана на својата татковина.Ти си херој на оваа држава!Никогаш нема да те заборавиме!Почивај во мир и вечна ти слава! ХЕРОИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ!

http://www.youtube.com/watch?v=I3atQG0FuXM


1070051_489576684451731_1467097200_n.jpg
 
Тие кучињата синоќе се им ги расцветаа главите на луѓе околу стадионот со единица се ? Желки или како и да е ...
 
Нешто да видам некое видео од тепањето на ебр што думате
 
На ниедно видео неможеш да го видиш тоа што би го почуствувал кога присусвуваш на некој ваков сличен настан, кога интервенираат желките :)
 
Друже имаш грешка мала ама и голема не се есз тигри туку есз тигар.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 20:24 ---

Игор друже имаш грешка волците никогаш немале а ниту иматт H&K G-3 SG1 тоа е снајперот кој за прв пат се покажа во тетово 2001 во рацете на еден снајперист од есз.И само тие го имаат


Убаво знаете дека и униформи и амблеми на единици се менуваа тогаш, вие сте се фатиле за една Г-3 СГ1. (Абе со ваква го утепаа Џинџич ??? )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom