Изгледа на Шпиц не им се интересни картите на голема Албанија, Сан-Стефанска
Бугарија и Грција каде не постои Македонија. Изгледа не ги трогнува вистината дека
Грчките војници пеат за уништување на Македонија и секојдневно се подигруваат со
нашите војници во редовите на НАТО. Недоволни се провокациите на Бугарските паравоени
структури кој што сакаат со лесно наоружување и Бугарски знамиња да маршираат од
Охрид до Дојран.Изгледа поинтересно им е да си поигруваат со Македонци, бидејки е
лесно, бидејки никој нема ништо да превземе, бидејки не носат последици.
Не им е гајле што на Форуми и ЈуТубе се е анти-Македонско. Не им е гајле дека
интернетот е преплавен со такви кој што Шпиц би го голтнале за секунда ако добијат
можност. Не им е гајле дека тие „Сајбер терористи“ посветуваат време, труд и средства
за да потпомогнат во Македонската голгота, додека тие на истите патриоти им
нанесуваат ваква голема штета. Умот ни е обседнат, целото слободно време го
посветуваме на Македонија и цели ноќи поминуваме на интернет додека некој НАШ си
подигрува со труд кој што сам не го разбира.
За разлика од самоуништувачката политика која што е видливо присутна во
весникот Шпиц, ние таканаречените „СајберТерористи“(патриоти за сите Македонци кој
што не се предавници) се трудиме да го просветлиме светот со Македонската вистина и
одстраниме каква и да било туѓа пропаганда. Додека уредникот на весникот Шпиц ја бара
сторијата на денот за да ја добие својата дневница, Македонските „сајбер терористи“
пронаоѓаат интересни податоци за Македонија, разменуваат мислења, градат став и
истото го користат во промовирање на Македонија и Македонскиот народ.
Ако авторот на текстот има прочитано барем дел од тоа што странските и
вистинските СајберТерористи го прават по своите и Англиските форуми, можеби. о Боже
можеби немаше да ја објави оваа статија. Му предложувам на истиот да седне еден ден и
да помине по Грчките, Српските и Бугарските форуми за да ја спознае вистината и
причината за нашето постоење. Треба да му е јасно дека кога некој мене ќе ме нарече
Бугарин или Србин, дека кога некој ќе ми каже на мене дека Македонија била ФИРОМ,
Вардарска или непостоечка, дека нашиот јазик бил Бугарски а нацијата ни се викала
МОНКЕЈДОНИЈА(МАЈМУНИ во слободен превод) тогаш тие исти погрдни зборови се однесуваат
за целата држава и целиот Македонски род.
Неспособноста да се процени вистинската вредност на една патриотска
организација може да произлезе единствено од неспособноста да се има некакво чуство
кон својата нација. Неспособноста да се оправда нешто бидејки навидум е неприфатливо
за непријателот и истото да се промовира со симбол кој што не е офицјален на истата е
само очаен обид да се декласира легитимитетот на организацијата. Несфатлива е
појавата на спонтано собирање на група Македонисти за многу заостарени идеалисти кој
што не сакаат да гледат на светот и да ја прифатат реалноста дека со седење и чекање
да дојдат новости неможе да се крои судбината на еден народ. Вистинска и видлива
иницјатива е потребна за креирање на својата судбина. Со помош на Бог и со наш труд
ние можеме да опстанеме како нација а не со чекање и седење. Но чекањето и седењето е
подобро одколку да се оспорува трудот на своите сонародници и да се деградира се за
кое тие стојат, се со цел да се оправда некоја ситуација за која самите се чуствуваат
одговорни но не признаваат ниту пак наоѓаат решение.
Статијата ја согледувам како предавничка. Таа за нас е само доказ дека сме
тргнати во права насока. Штом Македонци по род а предавници по душа не кодошат, тогаш
знаеме дека нешто добро сме направиле. Штом за предавници звукот на златници е
подобар од извиците на победа, тогаш знаеме дека сме за доброто на Македонија.
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.
Кој се чуствува изреволтиран... ве молам да пишете нешто.