Македонски рели возачи

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Сите го пратиме врц шампионатот,формула 1,втцц и слични случувања во авто мото спортот,ги знаеме сите возачи кои се натпреваруваме.Што е со домашните рели возачи,дали нив ги познаваме доволно?Јас сеуште го памтам(милосавлевски мислам дека беше)во националната класа пред укинување со својата бравурозна вожња на водно(120км/ч низ кривината лажи вере),вуле јуниор други што ми оставиле впечаток.Постирајте ако имате информации и по некоја фотка за да бидеме во тек.
 
А сигурно дека со 120 на саат на лажи вере прошол хаха:tv:
 
А сигурно дека со 120 на саат на лажи вере прошол хаха:tv:
сеуште си млад да разбереш некои работи.Ако имаш комшии поооостари од тебе а се по автомобилизмот нека се обидат:tapp:да те вразумат малце:pos2::pos2:.Секој кој ја има возено водно од нашите автомобилисти знае само кој и со кое возило може да ја помине таа кривина.
 
Мало потсетување на трагично загинатиот другар....

slavco.jpg

...ех..колку пати се имам возено во чудоно на сликата....

Славчо Георгиев - Чавле активно настапуваше во македонскиот автомобилизам до 1997 година. Во тој период успеа да постигне забележителни резултати - на два пати ја освои шампионската титула (1993 и 1994 година на ридски патеки), а исто така два пати (1997 година на ридски и кружни патеки) стигна до вицешампионската титула. Покрај настапите на домашните патеки, Георгиев учествуваше на натпревари и во соседните земји. Трагичната смрт го затекна на местото член на комисијата за рели при автомобилистичката федерација на Македонија. Како зависник од брзината, Георгиев долги години беше активен и во спортското воздухопловство во Македонија.

Почивај во мир Чавле!
 
сеуште си млад да разбереш некои работи.Ако имаш комшии поооостари од тебе а се по автомобилизмот нека се обидат:tapp:да те вразумат малце:pos2::pos2:.Секој кој ја има возено водно од нашите автомобилисти знае само кој и со кое возило може да ја помине таа кривина.
хахаах да пунеш ме насмеа. Како прво татко ми е бивш рели возач, не е познат на јавноста, како второ (како што се бара на темава нели) имам другар кој добро му оди иако не е многу искусен, последно зема 2ро место на водно мислам Џукац му е прекар, за Никола Карев вози. Како трето Пожарекно ако си слушнал за него ми е куќен пријател исто многу блесав возач (постарите го знаат). И како четврто никој на светов не може да ме убеди дека со 120 на саат некој ќе влезе на лажи вере. Тој може да се обиде ама каде ќе заврши е друго прашање.
 
Ама и ти не си ми многу бистар џукле неможе предпоследно место да земе а не па второ со кој памет си ја писал таа глупост.
Инаку за ваша информација во Македонија нема рели туку ридско брзински натпревари и кружни натпревари.
Сеа за сеа незнам да ставам слики кај и да е ке научам и ке постирам некој слики од трката сто се возеше вчера во крушево :salut:
 
Добро е ке ме биде фала Александар утре ке има слики.
 
Еее вака сеа значи. Пред трошка време ја зедов возачката дозвола, и не сум нешто најискусен, два пати паднав, него друг ми е муабетов. Значи сум зависник од возбуда, остај то и сакам да пробувам нови работи. Финтава ми е сеа, доколку јас сакам да возам на тие ваши тромеѓа, рели или незнам што, сакам да знам кои коли се возат во македонија на рели патеките,како оди пријавувањето и сите тие нишани.
 
Прво земи искрши неколку Застави 101, неколку Рено4, па за неколку години почни да размислуваш на темава:uvo:
 
Се сложувам со постот погоре земи малце стекни искуство оди посети некој од овие натпревари види за што се работи рели кај нас нема ама има ридско брзински и кружни трки и од оваа година се вози и автослалом. За кружни и ридски трки ти треба комплетно тркачко возило со ролбар со осигурачи на хауба и на гепек да има можност колата да се изгаси од надвор со када седиште каиши со четри места на стегање портивпожарен апарат тркачки комбилизон ракавици кацига и подкапа со хомологација не постара од 7 години и мн други работи. А за авто слалом можеш да учествуваш и со стандардно возило ама нема многу возбуд цела стаза со втора се вози ама интерсно е и тоа да се проба :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom