Македонски портал за туториали на МК јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата M * a * X
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 август 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Здраво на сите,

Од околу пред еден месец, јас и уште еден другар направивме еден проект - портал за туториали на македонски јазик: www.tutoriali.com.mk

www.tutoriali.com.mk е сајт чијашто главна за цел е пишување, собирање и подредување на туториали коишто се однесуваат на ИТ сферата и коишто се на македонски јазик. Тука исто така ќе најдете и бесплатни темплејти, фонтови, софтвер, а и едукативни статии од ИТ сферата. Идејата ја добивме од многубројните слични светски портали, но приметивме дека не постои некаков македонски портал (или барем ние не сме сретнале), кој сконцентрирано би се занимавал со оваа тематика. Се‘ што имаме од туториалите на македонски јазик се од некои македонски форуми (it.com.mk, badijala....и тн.), но тие не се средени и систематизирани, со што се отежнува достапот на самите корисници до нешто конкретно што нив би ги интересирало.

Примарната цел на сајтот е развојот на ИТ културата во Македонија. На овој начин, сите ИТ корисници би научиле нешто ново, коешто ќе биде на нивен јазик и би било поразбирливо за нив, особено за оние коишто не го владеат баш најдобро англискиот јазик. Темите се солидно филтрирани, така што достапот до некаква статија од конкретна насока може многу лесно да се најде. Исто така, дизајнот е едноставен и е лесен за навигација по него.

Нашите очекувања од овој проект се дека ќе допридонесеме до развојот на ИТ културата во Македонија, и дека секој кој што барем еднаш минал низ сајтов ќе научи барем нешто ново и корисно, а можеби и да најде некој линк, статија, темплејт, галерија или било што, што би му дало инспирација да направи нешто свое, или пак слободно да го искористи истото.

Сајтов е направен со идеја и самите корисници да ја збогатуваат неговата содржина, така да, доколку некој има воља и ентузијазам, ако има нешто направено, нека ми го прати по ПП или е-маил или да се регистрира дирекно на сајтот и таму да го испрати.

Би ни значело многу доколку дадете било каква критика, мислење за сајтов и општо за целата оваа идеја. Исто така, искрено се надеваме на соработка на некои од членовите овде коишто пишуваат многу добри туториали. Не сакаме да земаме туториали без дозвола, сите тие што ги зедовме од форумов, претходно побаравме дозвола од самите автори. Се надеваме дека ќе наидеме на соработка, со цел да ја збогатиме базата на сајтот, и да помогнеме во развојот на ИТ културата во Македонија.

Сите критики, пофалби и било какви мислења и прашања се добредојдени. :helou:
 
Бр.Мајсторе цар си одвај чекав нешто вакво на МК :smir:
 
Фала за пофалните зборови на сите, секакви коментари и критики се добредојдени :wink:
 
@Rokerot

Не можам да ти пратам ПП пошто сеуште немам 20 поста :D

Провери си е-mail, ти пишав таму. :helou:
 
Одговор на Анкетата:

Од Кајгана :toe:

мислам треба да додадете :wink:

Зашто имаме оставено овакви теми по различни форуми и портали, токму затоа оставивме “друго“ иначе анкетата би била непрактично поголема :)
 
@M * a * X, општо гледано арно е, само не ми се допаѓаат неколку работи...

- Фонтот со кој се пишувани алгоритмите/тоторијалите и нивните објаснувања. Барем кај мене на Linux & Opera треба да се изнамачам за да можам нешто да прочитам (можда на Windows или Mozilla не е така).

- Набрзинка како што разгледав, алгоритмите не се поставени во „pre“ тагови како што доликува, вака како обичен текст стварно е мачно да читање/разбирање.

- Исто така побарајте некој Syntax hightligher или пишете го рачно во JavaScript за да алгоритмите би изгледале поинтересни и попрегледни.

Е сега, да не ме сватиш погрешно, значи не сакам со постов некој да навредам, туку само го кажувам моето мислење, предлози, критики и слично, а на вас останува дали ќе ги прифатите моите критики или не. :)

Во секој случај идејата е добра, само ако сајтот не ви е за маркетинг цели добро би било и некоја секција за доброволно „донирање туторијали, алгоритми, задачи и слично“.
 
@SkyDriver

Критиките нај-на место, таман работа да го сватам како навреда :)

Инаку околу тоа Syntax highlighter ќе го средиме по нова година. Т.е. да завршат испитиве и празниците што следуваат, ќе има и други промени на сајтот, но оваа за да се направат кодовите попрегледни - секако. Фала многу на критиката :helou:
 
www.tutoriali.com.mk со нов дизајн. Погледнете и кажете што мислите во споредба со стариот.

На претходниот дизајн имаше проблем со насловната страна, имено: насловот на статијата не беше целосен. Пример: Склопување на ... (е насловот на една тема, не се знае ништо за неа додека не се кликне и излезеваше дека е Склопување на повеќе фотографии во една)

Токму заради оваа причина дојдовме до заклучок дека би можеле да го освежиме малку дизајнот. На овој начин, насловите на туториалите се целосни, дизајнот е за нијанса посвеж од претходниот (барем според мене). Најновите 5 туториали се таму на пример.

Исто така, одделени се туториалите и оние статии од “Едуцентар“, и тука се најновите 5 статии од Едуцентар, додека за “бесплатно“ си има скромна флеш анимација на горниот дел, веднаш под мениата, каде што, исто така се наоѓаат најновите 5 статии.

Крајно прашање, нели: споредба помеѓу претходниот дизајн и новиот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom