Македонски интернационалци во странските лиги.

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Оваа тема нека служи како информатор како одиграле нашите интернационалци во странство.

Јас си земам за одговорност секој викенд да пишувам за нивните игри, а може и некој да ме надополнува. Темава нека биде имуна на коментарите "леле Пандев гол даде и сл." или во превод, ако нешто ви текне да пишете овде, тоа нека биде убаво напишано за играта на наш интернационалец на одреден меч.

Па почнеме викендов 14-15 Март:

Христијан Кировски за само осум минути на теренот во Романија, постигна два гола. 23-годишниот напаѓач влезе во игра во 81-та минута, а првиот гол во романската лига го постигна по само 4 минути, во 85-та минута. Вториот гол Кировски го постигна на една минута пред последниот судиски свиреж, притоа поставувајќи го конечниот резултат од 0:3 при победата на неговиот тим Васлуи против Глориа Бистрица. Дебито на 190-сантиметри високиот напаѓач има уште поголемо значење ако се знае дека стрелецот на осум гола во есенскиот дел на македонската прва лига мина само десетина дена заедно со Васлуи пред овој меч, бидејќи имаше спор околу неговиот трансфер.
Горан Пандев го одигра само првото полувреме, а Лацио дома загуби со 0-3 од Киево, во 28. коло во Серија А. По трите победи по ред, Лацио беше непријатно изненаден и сега со 41 бод падна на осмото место, пет бода помалку од Рома, која се наоѓа на последното место што носи пласман во Евролигата на УЕФА.

Репрезентативниот плејмејкер Драко Тасевски исто така игра во добра форма во дресот на бугарскиот гигант Левски. Тој во 19. минута го постигна единствениот гол за победа на гостувањето против Ботев (1:0), во 17. коло и е најзаслужен што "сините" останаа лидери на табелата со 39 бода, еден повеќе од градскиот ривал и единствен конкурент за титулата ЦСКА (С).

Зоран Балдовалиев го даде својот учинок во убедливата победата на Локомотив (С) над Пирин (4:0) на гостувањето во Благоевград. Повремениот репрезентатиец го постигна третиот гол за помалку познатиот тим од бугарската престолнина.

Горан Попов ја забележа својата најголема победа во холандскиот фудбал, откако Херенвен со 5-1 ја декласираше Спарта Ротердам со што тимот се реваншираше за поразот од 1-4 во есенскиот дел. Левиот бек го одигра целиот натпревар, доби жолт картон во 10 минута и повторно беше еден од најдобрите играчи кај победникот.Попов и Херенвен имаат три победи по ред во првенството. Македонскиот репрезентативец од 18 настапи има само два порази. Херенвен со последниот резултат се искачи на третото место на табелата.

Филип Деспотовски е вистински феномен во украинската лига, бидејќи Ворскла со него во составот нема ниеден пораз во првенството. Нашиот интернационалец од средниот ред, кој ги пропушти претходните два меча поради повреда на зимските подготовки, вчера го одигра првиот натпревар во пролетниот дел во ремито од 0-0 кај Л’вов. Поранешниот фудбалер на Вардар сезонава има 16 настапи за Ворскла, која минатото коло загуби со 1-4 од Динамо Киев, и има ефект од девет победи и седум нерешени средби.Деспотовски го одигра целиот натпревар. Ворскла е на делба на третото место со еден бод помалку од второпласираниот Металист Харков.

Игор Митрески не знае за пораз во белгиското првенство, а неговиот нов клуб Жерминал Бершот со 2-0 го порази Берген. Отстапениот фудбалер на Котбус има осум настапи по ред со пет победи и три нерешени средби. Дефанзивецот на македонската репрезентација го одигра цел меч и во 70 минута го заработи првиот жолт картон во белгиската лига.

Макаби Петах Тиква на Бобан Грнчаров (90 минути играше) дома ремизира без голови, со Бнеи Сахнин, во 23. коло во Израел. Макаби ПТ ги губи шансите за пласман на третото место и излез на европската сцена, оти со 30 бода заостанува девет бода зад третопласираниот Макаби Нетанја.

Саша Огненовски ќе почека најмалку до третото коло за прва победа со неговиот нов клуб Сеонгнам, во Јужна Кореја, оти во саботата тој тим дома одигра 0-0 со Улсан, за кој настапува Славчо Георгиевски.


Црвена звезда, чиј тренер е Чедомир Јаневски, а до 54. минута играше Иван Тричковски, ремизира 2-2 со гол во последните секунди на гости кај ОФК Београд, во 20. коло во Србија, по кој црвено-белите имаа големи забелешки кон судиите. Во ова коло ремизира и Војводина на Влатко Грозданоски, а сето тоа го искористи Партизан и се одвои на табелата со осум бода повеќе од Војводина, а девет од Црвена звезда.

Ниреѓхаза со Ацо Стојков во составот за време на целиот меч на гости загуби од неговиот поранешен клуб Дебрецин со 0-4 во 15. коло во Унгарија. Ниреѓхаза падна на 9. место со 24 бода, а во водство се Дебрецин и Ујпешт со по 39 бода.

Матерзбург продолжи со серијата без победа, но барем овојпат освои еден бод на гостувањето кај ЛАСК Линц со ремито без голови 0-0, во 26. коло во Австрија. За гостите сите 90 минути ги одиграа тројцата македонски интернационалци Гоце Седлоски, Илчо Наумоски и Остоја Стјепановиќ. Матерзбург остана последен, десетти, сега со 16 бода, еден помалку од деветтопласираниот Алтах, кој пак има и два меча помалку. Од Лигата ќе испадне само последнопласираниот тим.

Во сите 90 минути Горан Мазнов беше на теренот за Том Томск, кој дома загуби од Крилја Совјетов, во 1. коло од новата сезона во Русија. Македонскиот репрезентативец имаше три шанси за гол.

Баку на тренерот Ѓоко Хаџиевски и на играчот Драган Начевски остана лидер во Азербејџан, по победата со 1-0 на гости кај Карван, во 18. коло. Баку сега има 44 бода, еден повеќе од шампионот Интер.

Александар Бајевски одигра 45 минути во второто полувреме за Дунајска Стреда, која дома загуби со 0-4 од Петржалка, во 20. коло во Словачка. Дунајска Стреда остана на 28 бода и на четвртото место, со 15 бода помалку од водечкиот Слован Братислава.

„Македонските“ тимови во Полска загубија во 20. коло. Полонија со Владе Лазаревски (59 минути) и Филип Ивановски (сите 90 минути) дома беше поразена од ЛКС со 3-1, а Легија на Панче Ќумбев (цел меч) беше неуспешна на гости кај Јагиелониа Бјалсток со 2-1.

Лех на Златко Таневски играше синоќа, но без разлика на резултатот тој клуб е прв со 42 бода, два повеќе од второпласираната Легија. Полонија е четврта со 36 бода.


извор: www.sportdenes.com
 
интересна тема да се види кој каде и како игра, но факт е дека поодамна ни помина еуфоријата кога слушавме како наши играчи играат во странство, репрезентацијата не се подобро многу и сфативме дека нема абер од тоа... па затоа мислам дека не треба многу да се очекува и од овие, но барем да имаме солидна репрезентација која ќе нема да не срами и да биде лошо рангирана
 
Ц,ц,ц, кога ќе видам нашиве играчи кај све играат само за да не останат во Македонија почнува да ми се темни пред очи.Додека не се тргне она крлежон хари ќе гледаме трансфери од нашава во албанската, косовската лига.

На Тричковски му беше поништен чист гол против ОФК Београд.
 
Вчера Тасевски беше повторно стрелец за Левски, влезе во добра форма, да се надеваме дека исто така ќе игра и со Холандија.
 
И Гроздановски вчера стрелец за Војводина, и со неговиот гол Војводина успеа да победи со 1-0.
 
20 - 21 - 22 Март. Наши интернационалци низ Европа

Горан Пандев промаши пенал во поразот на Лацио од 0-1 на гостувањето кај Катанија. Пандев имаше шанса во 61. минута да го израмни резултатот, но неговиот удар од белата точка го одбрани домашниот голман Албано Бицари. Претходно македонскиот фудбалски репрезентативец сам се избори за удар од 11 метри, откако во казнениот простор беше фаулиран од Силвестре. Лацио на крајот загуби со 0-1. Само шест минути по промашениот пенал, Пандев беше заменет и на негово место влезе Мауро Сарате. Пандев остана на 8 погодоци сезонава во Серија А.

Јане Николоски направи прекршок за пенал, по кој Алки израмни на 1-1 во дуелот со АЕП Пафос, во 1. коло од Лигата за опстанок во кипарското првенство. Другиот македонски голман на Кипар, Петар Милошевски, поради повреда, не бранеше за Енозис, кој загуби со 2-0 од АПЕП. Пафос е прв во оваа четиричлена група со 28 бода, а Енозис е трет со 25 бода, пет повеќе од последнопласираниот Алки. Само фенерџијата ќе се пресели еден ранг подолу.

Влатко Грозданоски беше џокерот на Војводина, оти во игра влезе во вториот дел и со голот во 72. минута му донесе победа на тимот од Нови Сад со 1-0, на гости кај Банат, во 22. коло во Србија. Тоа беше втор гол сезонава за Грозданоски. Војводина сега е втора со 39 бода, колку и Црвена звезда и 11 помалку од водечкиот Партизан. За Војводина до 70. минута играше Марио Ѓуровски, а за домаќините целата средба ја одигра некогашниот репрезентативец Милан Стојаноски, кој е и капитен на тимот. Банат е последен со 19 бода.

Драган Чадиковски го постигна првиот гол во дресот на Инчеон, донесувајќи му еден бод на својот клуб од гостувањето кај Чуннам драгонс, во 3. коло во Јужна Кореја. Чадиковски го одигра целиот натпревар.

Од другите „македонски“ тимови, во К-лигата Поханг на Стевица Ристиќ ремизира 2-2 кај Даегу, а Ристиќ беше асистент на вториот гол. Улсан на Славчо Георгиевски (цел меч) дома загуби од Чонбук, а во ова коло слободен беше Сеонгнам на Саша Огненовски. По три кола, водат Гангвон и Чонбук со по седум бода, Поханг е петти со пет, Инчеон е шести со четири (од два меча), Сеонгнам е на 12. место со два бода (од два меча), а Улсан е последен со еден бод (од два меча).


Артим Положани го постигна својот втор гол за Кроација Сесвете, но одново во пораз на таа екипа, сега во неделата, на гостувањето кај Риека, во 21. коло во Хрватска. Некогашниот македонски репрезентативец мрежата ја затресе во 46. минута, во тој момент за 1-1. Кроација остана на претпоследното, 11. место, со 20 бода, колку што има и последниот Задар, а еден помалку од десеттиот Интер.

Игор Митрески го почувствува својот прв пораз во белгискиот фудбал, а тоа се случи онаму каде што се најголеми шансите за тоа: кај лидерот на табелата Андерлехт. Белгискиот великан се бори за титулата под голем притисок од конкурентите и не остави ништо на случајот, така што беше неодминлив прекинот на серијата на Митрески од осум натпревари без пораз.

Две победи од два настапи за Васлуи има Христијан Кировски, кој на последниот меч не постигна гол, иако неговиот тим славеше убедлива победа од 4-2 против Фарул Констанца. Во 23. минута, при водство под 1-0, популарниот Џери постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд. Робусниот шпиц играше цел натпревар осамен во нападот на тимот што постигна седум гола во последните два натпревари.

Во Романската лига, тимот на нашиот Стојанче Игњатов, Поли Иаси победи на домашен терен против Глориа со 1-0. Нашиот интернационалец во 77минута го замени Гаваторта.

Величе Шумуликоски повторно остана на трибините, а Ипсвич дома ремизира без голови со Вотфорд, во 40. коло од англиската Чепмионшип-дивизија. Ипсвич сега е 10-ти со 56 бода, девет помалку од шестопласираниот Кардиф. Првите два тима ќе се пласираат во Премиер-лигата, а следните четири играат квалификации. Шумуликоски сезонава настапи само на 18 средби, од 40 кола.

Горан Попов го доживеа својот трет пораз во холандскиот фудбал сезонава, откако Херенвен загуби со 0-2 кај Де Графшап, кој грчевите со бори за опстанок. Сите три порази на офанзивниот бек на македонската репрезентација се впишани против екипи од долниот дел на табелата. Херенвен и Попов и натаму не се совладани од екипите од високите позиции на табелата.Тимот се наоѓа на четвртата позиција и се' уште се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Во втората чешка лига, Никола Тонев, го изигра првиот натпревар во 2009година за неговиот тим Баник Мост, кој издвојува победа над Фулнек со 3:0.

Владе Лазаревски играше од 61. минута, а Филип Ивановски не настапи, но Полонија Варшава на гости го победи Сласк со 1-0, во 20. коло во Полска. Полонија остана четврта со 36 бода, а со 43 бода води Лех, кој дома ремизира со Арка.

Ацо Стојков настапи до 81. минута во ремито 3-3 дома на Ниреѓхаза со Кечкемет, во 19. коло во Унгарија. Привремениот македонски репрезентативец не се запиша во листата на стрелци, а неговиот тим Ниреѓхаза со тој еден бод сега има 25 и е на 9. место со обезбеден опстанок. Води Ујпешт со 42 бода.

Бобан Грнчаров стандардно беше во составот на Макаби Петах Тиква, во саботата, во ремито на гости 0-0 со водечкиот Макаби Хаифа, во 24. коло во Израел. Со овој резултат тимот на Грнчаров ја крои табелата, оти Хапоел Тел Авив ја намали разликата до Макаби хаифа на два бода. Макаби Петах Тиква сега е седми со 31 бод.

Мирсад Мијадиноски го изигра целиот натпревар за Ујпешт. Во дербито на унгарската лига, Ујпешт успеа да издвојува значајна победа на домашен терен против Дебрецен. Сега Укпешт е прв на табелата со 42бода, 3бода повеке од Дебрецен.

Роберт Петров настапи во сите 90 минути во победата на Славија со 3-1 над Сливен, во 19. коло во Бугарија. Ванчо Трајанов не беше во составот на Черноморец, кој дома одигра 0-0 со Черно Море. Славија е шеста со 30 бода, а Черноморец е деветти со 23.

Матерзбург одново загуби, сега со 1-0 на гости кај Штурм, во 27. коло во Австрија и остана закован на последното место. За гостите целиот меч го одиграа Гоце Седлоски (жолт картон) и Остоја Стјепановиќ, а до 76. минута играше и Илчо Наумоски. Матерзбург со 16 бода е последен, а еден бод повеќе има Алтах. Од Лигата ќе испадне само последнопласираниот. Матерзбург нема победа веќе 20 кола, односно осум месеци.

извор: www.sportdenes.com
 
Ејј Горан Мазнов само што постигна гол за Том Томск во првата минута на гостувањето против ЦСКА Москва. Ај нека продолжи така.
 
Ејј Горан Мазнов само што постигна гол за Том Томск во првата минута на гостувањето против ЦСКА Москва. Ај нека продолжи така.
Со тој гол Мазнов и донесе изненадувачка победа на својата екипа на гостувањето во Москва
 
3-4-5 Април ---- Нашите низ светот

(Германија) Ока Николов за бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт успешно го бранеше голот, бидејки беше несовладлив сите 90минути. Александар Васовски сеуште е повреден, и според лекарите ке паузира до крајот на сезоната.

(Италија) Нашиот најдобар интернационалец, Горан Пандев, беше дел од поразот на неговиот Лацио на гостувањето кај Сиена. Пандев сепак влезе во второто полувреме, во 67минута, заменувајки го Мењи.

(Германија)
Николче Новевски ги одигра сите 90минути за германскиот второлигаш Мајнц на гостувањето во Дуизбург. Новевнски доби жолт картон во 55минута, а неговиот тим издвојува победа од 1:0, и уште повеке си ги зголеми шансите за промоција во Бундеслигата наредната година.

(Англија)
Величе Шумуликовски конечно е повторно во составот на Ипсвич. Тој ги одигра сите 90минути, но не успеа да му помогне на својот тим на гостувањето кај Шефилд Јунајтед, каде е поразен со 2:0.

(Холандија)
Горан Попов беше во составот на Херенвен, кој на гости освои еден бод со ремито со Хераклес Алмело, 1-1, во 29. коло во Холандија. Херенвен остана четврти со 55 бода, шест повеќе од ПСВ, а три помалку од Ајакс.

(Австрија)
Нашите интернационалци во дресот на Матерзбург се изборија за нерешен резултат на домашен терен против Штурм Гас. Остоја Степанович ги одигра сите 90минути, доби и жолт картон, додека Илчо Наумовски влезе во 80минута заменувајки го Томас Вагнер. Капитенот на Македонската репрезентација, Гоце Седловски не играше поради акумулирани жолти картони.

(Украјна)
Филип Деспотовски настапи само 45минути против Иличеветс во Украјна. Тој на полувремето го замени Олег Красноперов, но сепак не успеа да стори нешто повеке при поразот од 2:3.

(Унгарија)
Со асистенцијата на Ацо Стојков, Ниреѓхаза постигна еден гол и освои еден бод со ремито 1-1 на гостувањето кај РЕАК, во 21. коло во Унгарија. Нашиот интернационалец имаше многу шанси за гол, но сепак не успеа да се запише во листата на стрелците. Ниреѓхаза остана десетта, сега со 26 бода. Мирсад Мијадиноски стандарден во тимот на Ујпешт. Ги одигра сите 90минути за лидерот во Унгарската лига, а доби и жолт картон. Кемал Аломеровиќ при победата на Залаегерсзег од 0-2 против МТК, во унгарското фудбалско првенство го постигна првиот гол.

(Полска)
Филип Ивановски го постигна деветтиот гол сезонава и и донесе победа на Полонија Варшава дома, со 1-0 над Полонија Битом, во 22. коло во Полска. Некогашниот напаѓач на Македонија ЃП го одигра целиот натпревар, голот го постигна во 9. минута, а за домашните од 58. минута заигра и Владе Лазаревски. Полонија е трета со 42 бода, два помалку од водечката Легија на Панче Ќумбев.

(Израел)
Макаби Петах Тиква, за која настапува и македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров на домашен терен загуби од Хапоел Тел Авив со 1-2. Грнчаров беше стрелец на единствениот гол за својот тим.

(Кипар)
Ванче Шиков со настапот во сите 90 минути не успеа да спречи пораз на Етникос Ахна дома од Докса со 0-2, во 30. коло на Кипар. Јане Николоски, пак, повторно остана несовладан на гостувањето на АЕП кај Енозис, за кој не бранеше повредениот Петар Милошевски. Етникос се бори за пласман во Купот на УЕФА, а АЕП и Енозис за сега се безбедни од испаѓање.

(Азербеџан)
Артим Шаќири со два гола ја најави победата на Карабах со 4-2, дома, над Туран Товуз во 20. коло во Азербејџан. За некогашниот македонски репрезентативец тоа беше петти гол сезонава, а со триумфот Карабах се зацврсти на 6. место со 35 бода. Шаќири головите ги постигна во 53 и во 58. минута за водство со 2-0. Баку на тренерот Ѓоко Хаџиевски го доживеа првиот пораз по речиси пет месеци. Со поразот од Олимпик со 1-2, на гости, и покрај водството со 1-0, Баку ја испушти лидерската позиција, каде што сега се наоѓа шампионот Интер со два бода повеќе (49-47).

(Романија)
Христијан Кировски одигра 72 минути, но Васлуи загуби на гости со 0-3 од Клуж, во 22. коло во Романија. Васлуи уште не ги загуби шансите за пласман во Купот на УЕФА, оти има 35 бода, три помалку од екипите што се на места што носат играње во тој европски куп. Во романскиот Поли, Стојанче Игњатов влезе во 82минута, при вотство од 2:0, а до крајот, неговиот тим славеше со 3:0.

(Словачка)
Александар Бајевски настапи до 72минута за словачкиот тим Дуњајска Стреда, кога беше заменет со репрезентативецот на Лирванија Ричардас Бениушис.

(Бугарија)
Дарко Тасевски со неговиот Левски ремизираше(0-0) во гостувањето кај Черно Море. Репрезентативецот на Македонија играше до 69минута кога му го отстапи местото на Георги Христов. Тимот на нашиот Зоран Балдобалиев славеше победа над Черноморетс од 2:0, додека за поразениот тим не настапи Ванчо Трајанов.

(Србија)
Во Србската лига, македонскит стручњак Чедомир Јаневски конечно ги надмина проблемите со неговиот тим и славеше победа над Чукарски со 2-1. Иван Тричковски за Црвена Звезда влезе во 66минута на местото на Паркер. Марио Ѓуровски ги одигра сите 90минути за Војводина, додека Влатко Гроздановски поради повреда која ја заработи на мечот против Холандија, ке мора да отсуствува шест месеци.

(Јужна Кореа)
Поханг Стилерс на Стевица Ристиќ дома ремизира, 1-1, со Улсан на Славчо Георгиевски, во 4. коло во Јужна Кореја. Сеонгнам на Саша Огненовски го доживеа првиот пораз, и тоа убедлив, со 1-4, од водечкиот Чонбук, на гости. Чонбук сега има 10 бода, Поханг шест, Улсан и Сеонгнам по два.

извор: www.sportdenes.com
 
x.gif
x.gif
Македонски интернационалец роден во Исланд потпиша за Бетис
вторник, 01 јули 2008
x.gif
Павлов, Македонецот кој е роден во Исланд и има 30 натпревари за младинската репрезентација на таа држава, од следната сезона ќе игра во тимот на Бетис од Шпанија
01308005-pavlov-vo.jpg
Марко Павлов, на 20 годишна возраст потпиша со првиот тим на Бетис, еден од најдобрите во Шпанија.
Како што пренесе интернет весникот „Маседонианфудбал“, Павлов е роден во Исланд, а во кариерата има одиграно 30 натпревари за младинскиот тим на скандинавската држава.

Македонскиот интернационалец имал понуди од францускиот тим Каен, Севиља од Шпанија, но тој го прифатил предизвикот Бетис.
Шпанските медиуми веќе објавија дека Павлов со стилот на игра наликува на Чаби Алонсо. Татко му на фудбалерот, Драган Павлов е поранешен играч на Вардар.
html .fb_share_button { display: -moz-inline-block; display:inline-block; padding:1px 20px 0 5px; height:15px; border:1px solid #d8dfea; background:url(http://static.ak.fbcdn.net/images/share/facebook_share_icon.gif?8:26981) no-repeat top right; } html .fb_share_button:hover { color:#fff; border-color:#295582; background:#3b5998 url(http://static.ak.fbcdn.net/images/share/facebook_share_icon.gif?8:26981) no-repeat top right; text-decoration:none; } Сподели


Играч заборавен од Македонскиот свет на фубалот кој вреди да му се обрне внимание!!!
 
Друже очигледно не пратиш доволно фудбал.:smir:

Марко Павлов играше за репрезентацијата до 21 година пред некое време,а на натпреварот со Грција не допатува заради повреда.:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom