Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Девојчево Емилија што испадна кај Жаре имаше интервју и се пожали дека имало фаворизирање од а1 на еден кандидат/ка во однос на другите.Што мислите кој е тоа?
 
Арно што и испадна она, многу мрчи се нешто не било добро ова она ...
 
Девојчево на нерви ми иде. Толку несамокритичност одамна немам видено.
 
Баш ми се допадна интервјуто на Ема. Ми се потврди само мислењето за нејзиниот карактер ..
 
Христијан, кој може.Само за него се пишуваше во „најдоброто“ списание Крема.
 
Дека фаворизираат, фаворизираат... Виктор, Христијан и Биљана според мене ги истакнуваат повеќе, ама и да не ги фаворизираа - девојчево беше се освен за идол, уште кога ја испеа Fucking Perfect, реков дека воопшто не треба да пее. Не ја бива едноставно, барем не за Македонски Идол... Прв пат од Идолов излезе кандидат што сакав да излезе. Најслаба алка меѓу сите таму беше дефинитивно! НЕ го гледав интервјуто, ама... немав добар впечаток за неа, така да и да сум гледала немало нешто да ми измени сигурно...
 
+1
Редовно го пратам Идолов и навивав да излезе Емилија, се губеше меѓу останатите, не дека се и тие којзнае што со исклучок на Мики и Бети која веќе излезе. Не само кога ја испеа Fuckin Perfect и од предходно на аудициите ја имам запамтено у крв ми е да памтам глупости, уште на првата аудиција кога ја прашаа дали сака да биде македонски идол, испушти некои неартикулисани звуци "Сигурна сум дека сакам да бидам македонски идол, па кој не сака да биде види ги колку ги`има овде лелееееееееееее страшно". На многу грд тон го кажа тоа, баш си реков Господе зарем од оваа ќе биде ѕвезда? И некои фаци кога ќе ги направи незнам која им е поентата и зошто и на секое намига.
За Хихо кажав предходно, тој и Емилија се тука некаде со гласовните способности, само него има кој да го гласа. Пред некој ден на профилот на фејсбук Хихо напишал нешто у стилот "експертите" за музика можат да ми се фатат за онаа работа (се разбира ако можат да креваат тешко). Кое е тоа однесување? Свесен ли е дека тие експерти се неговата публика од која во иднина лебот ќе го вади? Публиката гласа на крај краева. А и незнам од кога дождовен црв е мерка за тешко?
 
мене сега за сега фаворит ми е Виктор Апостоловски... преубаво пее, преубаво изгледа... значи машко какво што посакува секоја девојка. :pipi:
 
Бидејќи сограѓанката Еми отпадна, навивам за Нико и за тој дечкото што пееше „Моја гитара“
 
мене сега за сега фаворит ми е Виктор Апостоловски... преубаво пее, преубаво изгледа... значи машко какво што посакува секоја девојка. :pipi:

i-said-what.jpg

Ако има некој што го заслужува епитетот преубаво пее, тоа е Мики па после Нико. А дека убаво изгледа, ноу комент.

И ова дека секоја девојка посакува таков.....не се сите девојки 15 годишни :S
 
Mики во Понеделник е 10ти и ќе ја пее Лет ит би.. :)
 
Дејан Јованов ќе настапи 5-ти по ред и ќе ја пее песната Baby you can drive my car. :)

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom