Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И мене ми се свиѓаше како испеа она, и ми падна криво шо не ја пуштија овие -.-
А стварно има 20 години, или некоја грешка беше тоа долу што напишаа?! ^.-
Најмногу 15 и давам. 20? No way.

15 години има, највеќе 16 од Велес е ..
 
Ќе почне ли ова некогаш да се натпреваруваат или го чекат Хеди да се појави?
 
Како се викаше то девојчето(од струмица ОЛГА)не ми текнува...девојчето стварно имаше физикус и убаво лице,ама ете не помина кај жирито,си ја потцени нејзината убавина со глупостите.Сега да не се лажиме голема придобива имаат тие што се мили и убави.Некогаш гласовните можности се во втор план кога на сцена излегува преубо лице.
Инаку ти шо велиш дека рок музиката не мавта со пароли give me a beautiful face ајде да ги видиме лицата на кралот и кралицата на поп музиката т.е. мадона и мајкл џексон,дали овие имаат убави лица?

Види човек кој има се живо за на сцена, и плус и убавина не негирам дека е комплетен пакет. Но, не ми се допаѓа трендот на глорификација на убаво лице кое нема ништо друго што да понуди. Ете убаво ја спомна Олга.
Кога сме кај Мадона, тоа ти е рецепт ала Лејди Гага, кариера изградена од скандали и настапи кои одат во крајност. А луѓето тоа го голтаат, јас и двете не можам да ги поднесам, така што за мене никогаш не ми било јасно зошто Мадона е таму каде што е.
За Мајкл нема збор. Џексон е поп музиката тој ја создаде. Комплетен визионер кога се работи за поп правецот и неговиот пробив. Само што ова што го слушаме сега нема ама благе везе со оној квалитет што го имаат неговите песни. Јас го насочив постот кон живите поп изведувачи, затоа го изоставив.

Мој фаворит е дефинитивно Коста Хаџикојчев. Детето е младо ама негува стил каков што мене ме бендисува, би бил извонреден поп-рок пејач.
 
Мој фаворит е дефинитивно Коста Хаџикојчев. Детето е младо ама негува стил каков што мене ме бендисува, би бил извонреден поп-рок пејач.

Same here.
Слатко е детево, има добар глас, само мал е и се плашам да не му мутира сеа у пубертет.
Сем едно видео, друго од него неам видено. Можда има некој!?
И да прашам влезе он помеѓу 20 финалисти???
 
Ќе почне ли ова некогаш да се натпреваруваат или го чекат Хеди да се појави?

Скап проект е, ќе го влечат до јуни. А имаше и многу пријавени, пола и повеќе не ги пуштиле, можеле да направат наместо некого петсто пати да го даваат реприза да даваа различни, ама кој ги знае.
 
Дечково на почеток што пееше од Ѓорче,за сигурно е еден од најдобрите три вокали на цел Идол.
Утре би сакал некој да го постира клипчето кај што пееше "По друм одам мајче''.

Леле овај сега шо пееше ПАраходот ми пристигна....Намбер уан! :)

Комшија ми е Аце, во ист влез живееме. Според тоа шо го знам, не влегол во финале. Дечкото пееше и на Макфест пред 2 години и прави свирки низ кафичиве.
 
Види човек кој има се живо за на сцена, и плус и убавина не негирам дека е комплетен пакет. Но, не ми се допаѓа трендот на глорификација на убаво лице кое нема ништо друго што да понуди. Ете убаво ја спомна Олга.
Кога сме кај Мадона, тоа ти е рецепт ала Лејди Гага, кариера изградена од скандали и настапи кои одат во крајност. А луѓето тоа го голтаат, јас и двете не можам да ги поднесам, така што за мене никогаш не ми било јасно зошто Мадона е таму каде што е.
За Мајкл нема збор. Џексон е поп музиката тој ја создаде. Комплетен визионер кога се работи за поп правецот и неговиот пробив. Само што ова што го слушаме сега нема ама благе везе со оној квалитет што го имаат неговите песни. Јас го насочив постот кон живите поп изведувачи, затоа го изоставив.

Мој фаворит е дефинитивно Коста Хаџикојчев. Детето е младо ама негува стил каков што мене ме бендисува, би бил извонреден поп-рок пејач.
Очигледно имаш погрешна престава за поп музиката(ако зборуваме за идолот на А1),незам каде ти забележа глорификација?

Кога сме кај Мадона пак имаш погрешна престава,или не го гледаш тоа што треба да се види...

И за крај да те частам еднна песничка од мадона чисто да видиш на каква музика се должи кариерата на Мадона:)
 
Според мене најубав глас имаше бремената девојка што пееше со маж и,но нели не ја пуштија бидејќи не смееле бремени да пуштаат понатака,такви биле правилата.
 
RocknRolla, така е во денешниов свет.
А, и да бидеме искрени, нашиов народ и не е некој образован, па да знае дали некој пее убаво или не.
Битно е да е убав.

--- надополнето ---



Ти ја местам? (((:
Инаку, другарка ми е, во исти клас учиме xD

Оу ноу, неќам да идам во затвор поради заведување малолетнички. Можеби изгледам млад и пишувам ко да имам неколку години од оние што навистина ги имам, ама Евгенија ќе ми биде само омилен лик од целиов овој циркус.

Патем Сузан Бојл?! Ринг а бел ениуан?!
Стара, грда.... ама ете стана идол, продаде пун куп дискови.
За дебелината, се сеќава некој каква беше Александра Пилева на првиот М2 избор???

Значи се може да се среди, ама ако не те бива за пеење... ќе мораш да имаш СТРАШЕН Пи-аР.
 
Сега погледав малце на ТВ, најголем впечаток ми остави дечкото што ја пееше Soldier of fortune, додека жирито гласаше. Прекрасен глас има. Епа ајде малце хелп околу името, кој е добар нека стави линкови и претходно што пеел да слушнам :) Фала.
 
Очигледно имаш погрешна престава за поп музиката(ако зборуваме за идолот на А1),незам каде ти забележа глорификација?

Кога сме кај Мадона пак имаш погрешна престава,или не го гледаш тоа што треба да се види...

И за крај да те частам еднна песничка од мадона чисто да видиш на каква музика се должи кариерата на Мадона:)

Очигледно ти мене не си ме разбрал. Јас не реков дека нашиов Идол прави глорификација на убавина, викам дека публиката го прави тоа (прочитај ги претходните постови на темава).
За втор болд, изглеа ми треба диоптер. Слушај си ја Мадона, ја никад не би. Али за вкус се работи и тука нема дискусија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom