Македонски "Евергрини"

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
[quote="курајбер, post: 6108941, member: 5036"

крстам прво дете по тој што ќе ми ја најде песната на Брајан(, дечко со тетратка - фризура што се врти во круг и не знае што збори) и “Какви Ветрови ме шибале’’ од Славиша Кибровски
[/quote]



:pos:Брајан и беше син на мојата класна во средно. Секој понеделник на класен, на табла ни го пишуваше бројот на некое радио, не ми текнува кое беше и ни викаше да се јавуваме да гласаме за песната на син и - со фамозен наслов „Ќе сВатиш“ ( со В!) :icon_lol:
Ја утепав од барање вчера, ама ја нема

Исто, не знам дали ви текнува на „Бакнувај ме“ од веќе добро познатиот Константин Кајшаров? Имаше некое језиво спотче,ми текнува само на една црна тесна маичка и испружени раце :P
 

Моментот во првите 2-3 секунди од видеото.
Временска капсула сосе водителката :icon_lol:

Да не заборавам за Андријана Јаневска - супер глас уште на времето кога ја гледав како се врткаше во МБУЦ.
 
Саладине, не такви песни. Дај нека ја најде некој од Никола Конзулов-Сакам, сакам, сакам, е баш и не те сакам, ова не е песна за тебе. И од Саша Лаки гореспоменатата. Частам пиво од големите.
 
Леле луѓе што направивте со темава !
Се трескав од земја ко мал на песнава

Ако му текнува на некој како се викаат овие песни,ќе оставам текст а нигде не можам да ги најдам по нетов,ќе го бацам во образ

Првата беше од некоја женска група изгледа дали ИН или БУМ или само женско пееше не ми текнува вака идеше тексот "Сонувам ме следи мојот лик а во мракот слушам шепоти,чудна светлина ме води сон пробувам и да се разбудам како магија од небо силен сјај полна месечина,ме води"

а другава машко ја пее
вака иде "Не постои поголема,понесреќна љубов од нашата...возот го сонам како те зема поврена душа никогаш ќе немаш Елена,моја Елена возот во сонот брзо се губи а срце сака уште да те љуби Елена,моја Елена"

Ако некој ги најде песниве вечна благодарност има од мене
 
Саладине, не такви песни. Дај нека ја најде некој од Никола Конзулов-Сакам, сакам, сакам, е баш и не те сакам, ова не е песна за тебе. И од Саша Лаки гореспоменатата. Частам пиво од големите.


Леј да уште ја паметам. Од заебанција и ете ми останала у глава. Вака одеше,

" Сакам, сакам,сакам,
еј баш и не те сакам,
ова не е песна за тебе.
А се заради тебе, е е еве пак се гледа како правам будала од себе"

Ам па ја нема, тргната е:pos:
 
Барем темата ја смените во стари глупави песни кои ги слушате и денес. :icon_lol:
За некои песни се смеам и се чудам како може да ви останат во сеќавање и имате желба пак да ги слушате. :rolleyes:
Фали уште XXL - 100% и некои песни од Куку Леле и Мартин Вучиќ да ги ставите. Марјан Стојановски овој веќе го заборавив а не пак песни да му паметам.:pos:
По 10 години може ќе се сетите на Елвир Мекич и Гулабица. :icon_mrgr:

Еве ја мојата листа ја избрале веќе. Повеќето се класични евергрини ама тие не ми ги изело времето, а се што е надвр од оваа листа ми е заборавено и не вреди да се спомнува а не пак да ги слушам. :icon_mrgr:
„Тајно моја“ од Тоше Проески, „Сите мои слики“ од Ареа, „Галебе“ од Верица Ристевска, „Како Вардар“ од Зафир Хаџиманов, „Ивана“ од Кемал Монтено, „Високи штикли и црни чорапи“ од Конкорд, „Еден бакнеж“ од Нина Спирова, „Моја гитара“ од Банкрот блуз бенд, „Дал да плачам“ од Биз Без, „Кажи нешто драга“ од Драган Мијалковски, „Неправда“ од Лева патика, „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски – Џафер, „Кажи зошто ме остави“ од Никола Боби Автовски, „Се што сакав по тебе“ од Симеон Гугуловски, „Остани во мене“ од Калиопи, „Осамен“ на Трајче Манев, „Срце тетовирано“ од Трифун Костовски и Александар Митевски, „Љуби ме и главата горе“ од Зафир и Сенка Хаџиманов, „Кога те нема“ од Хелена Благне и „Роза сина“ од Д.Поповски и З. Милосављевиќ

Тука би ја додал и сите песни на Владо Јаневски и Тоше Проески, Свирете ја зајди зајди, Како кучето мое, Кока кола, Многу солзи исплакав, Гитаро моја, Ѕвонат ѕвонат, Признавам, Птицо малечка, Чија си, Ти си песна што ќе трае и 223-305.


А што мислиш, зашто евергрини е во наводници? Зашто не се евергрини во класичната смисла на зборот. Аман, некој чита ли прво мислење во тема деновиве на форумов? Уште химната фали на темава да се стави.
 
Ова му беше мислам првата песна на Маријанчо :D

 
А што мислиш, зашто евергрини е во наводници? Зашто не се евергрини во класичната смисла на зборот. Аман, некој чита ли прво мислење во тема деновиве на форумов? Уште химната фали на темава да се стави.

Знам зошто се наводниците и затоа и напоменав дека дел е од мојата листа има ставено и класични евергрини читај поубаво. Просто и едноставно бројот на "евергрини" кај мене е мал и може да ги најдеш во листата.
 

Пари пари пари се опсесија, живот живот живот на вересија :D
За жал само блуз верзија најдов :pos:

Никако не можам да ја најдам една песна што одеше на МС :D
Сме запамтиле дел од текстот и секогаш се заебаваме :)

Пееа три девојки, од кои едната беше екстремно дебела, а песната мислам дека се викаше ЛА ЛИ ЛА ЛИ ЛА :D
Текстот одеше нешто Ј-А-С И Т-И С-М-Е С-Т-В-О-Р-Е-Н-И ДА СМЕ ЗАЕДНО ЛА ЛИ ЛА ЛИ ЛА :D (цртички има пошто ги кажуваше буква по буква :)) И имаше еден дел кога дебелата пееше СИТЕ МАШКИ СЕ ХОМО ИЛИ ДВОЦЕФКИ :pos::pos: и со прсите поминуваше во стилот на Stayin Alive :pos:


Не беше ова со стаклава од ЕСМ од спотот БИДИ ИН? :D
 

А ретко некој да ја знае оваа, далеку е од евергрин...а и далеку од се поврзано со музика :facepalm:
(Не можам да го најдам „спотот“)
 

Пари пари пари се опсесија, живот живот живот на вересија :D
За жал само блуз верзија најдов :pos:

Никако не можам да ја најдам една песна што одеше на МС :D
Сме запамтиле дел од текстот и секогаш се заебаваме :)

Пееа три девојки, од кои едната беше екстремно дебела, а песната мислам дека се викаше ЛА ЛИ ЛА ЛИ ЛА :D
Текстот одеше нешто Ј-А-С И Т-И С-М-Е С-Т-В-О-Р-Е-Н-И ДА СМЕ ЗАЕДНО ЛА ЛИ ЛА ЛИ ЛА :D (цртички има пошто ги кажуваше буква по буква :)) И имаше еден дел кога дебелата пееше СИТЕ МАШКИ СЕ ХОМО ИЛИ ДВОЦЕФКИ :pos::pos: и со прсите поминуваше во стилот на Stayin Alive :pos:


Не беше ова со стаклава од ЕСМ од спотот БИДИ ИН? :D


А Мона Лиза всушност е автопортрет на маж!:pos:

Ексклузив се викаа, а таа дебелата се викаше Арабела. Песната се викаше Ла ли ла ли ла ама ја нема на ју туб.
 
Оваа од Коки Костовски музиката е одлична, да пееше само некој друг и ќе беше евергрин вистински...

ЧЕКАЈТЕ МАЛКУ ДРУГАРИ !!!

Ова сосема случајно го пиша или?

Пошто Владо Јаневски има песна со ИСТАВА музика и речиси ИСТИОТ текст! :eek:

Ај споредете:


vs.


WTF? Кој кого краде овде? :cautious: Песнава е на албумот кој Владо ги издал у 2007ма...

Владо и оваа ја украл? :eek: Од Коки ?!? :pos:
 
WTF? Кој кого краде овде? :cautious: Песнава е на албумот кој Владо ги издал у 2007ма...

Владо и оваа ја украл? :eek: Од Коки ?!? :pos:


Ваљда ја преработил онака со дозвола од автори и изведувачот, зашто е иста и секако дека би приметил некој. Како и да е, ете што значи добар пејач, одма поинаку е. И така уште една песна на Владо која не е негова оригинално. Има ли човеков своја песна бе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom