Корисна апликации направена за туристи во Охрид а и за нас од Македонија кој не си го знаеме доволно Охрид. Може да се видат локации што се може да се посети во Охрид, ресторани, брза храна, ноќни клубови, плажи, планински активности, маркети, бензински, Охридско лето...
За се има мапа за да може да знаеш каде се наоѓа
Има и јазичен помошник за странец да има македонски основни зборови за кога ќе седне во ресторан да се разбере.
Броеви за итни случаи од полиција, брза помош, пожарна..
Покрај англиски јазик има и други јазици апликацијата меѓу кој и македонски јазик.
Единствено што сметам дека фали е да ги има и повеќето настани пишано како што се концертите а не само за охридско лето.
Chisto.mk е апликација каде се пријавува загадено место со помош на фотографија и се обележува на мапа
Се регистрирате и таму има за да пријавиш загадено место ( мислам е место на кое има ѓубре) Потоа се одобрува пријавата и веројатно треба институции, новинари и што знам кој да ги гледаат тие пријави преку мапа. Потоа се организираат акции за чистење.
Не сум ја користел апликацијава за да дадам критика ама мислам дека ова нема да ја подобри ситуацијата се додека сите ние не се свестиме дека не треба да се фрла ѓубре секаде. Само пендрек по задник и народот ќе се научи на ред
Можеби сум пишал предходно за оваа апликација можеби и не па ќе пишам. Радио Мк e aпликација за слушање македонски радио станици.
Покрај слушање радио има опции тајмер за спиење, може да се слуша и во кола на Android Auto, Carplay, преку Chromecast и Air Play...
За во кола кога ви се слуша радио а не фаќа FM секаде македонски радио канали е одличен.
За повеќето радио канали има и објавено програмска шема, информации за радиото. Дури некој радио канали имаат идентификација на песната која е пуштена со име песна и ковер слика од артистот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.