Перо Блажевски е најкорисниот играч на 9. коло во Космофон Супер лигата. За ветеранот ова е трето признание во изборот на официјалниот сајт на КФМ,
www.basketball.org.mk, и весникот “Македонски спорт“. На Блажевски му беа потребни само 10 минути да ја покаже својата кошаркарска големина во нашето првенство. Кошаркарскиот велемајстор постигна 14 од последните 19 поени на својот тим, токму во периодот кога Вардар Осигурување го направи пресвртот против Струмица 2005 во самиот финиш на средбата. А двете реализирани слободни фрлања на 4 секунди до крајот ја заклучија неговата маестрална партија. Неговиот ефект за 34 минути игра беше 19 поени (втор стрелец на колото), 6/9 шут од поле, без промашување за 2 поени, 4/4 слободни фрлања, 3 украдени топки, по 2 асистенции и скокови... Доказ дека Блажевски е корисен во секој еден елемент од кошаркарската игра.
1.
Милан Миљковиќ повторно е меѓу идеалните 5 играчи на колото. Во дуелот против Фени индустри, играчот на Свисслион Пелистер беше најефикасен на средбата со 19 поени, имаше 6 скока и 2 асистенции, со што компензираше за релативно скромната реализација на шутот (8/17)
2. Партнерот на Миљковиќ во бековската двојка на Свисслион Пелистер,
Бранко Мирковиќ, е најдобар бек на колото. Мирковиќ повторно беше меѓу бајефикасните играчи на средбата, со 17 поени, а оствари и 3 асистенции и 2 скока. Мирковиќ прави одлична сезона, и фактот што често наоѓа место во идеалната петорка на колото е сосема логичен.
3. Местото на најдобро крило во ова коло е резервирано за
Перо Блажевски.
4. Крилниот центар на Фершпед Работнички,
Немања Пауновиќ, исто така најде место во идеалната петорка на колото. На натпреварот против МЗТ Скопје тој имаше скор од 15 поени и 12 скокови, и даде голем придонес за победата на својата екипа.
5. Репрезентативниот центар
Тони Симиќ беше прво име на вечното дерби, и сосема заслужено најде место во идеалната петорка. Симиќ, исто како и неговиот клупски колега Пауновиќ, имаше “дабл-дабл“ ефект на оваа средба, остварувајќи ефект од 18 поени и 10 скокови.
ВТOРA ПEТOРКA
J. Пeтрoвски (МЗТ Скoпje)
O. Стojaнoвски (Фeршпeд Работнички)
E. Хaџибулиќ (Вaрдaр Oсигурување)
Б. Joвoвиќ (Свисслиoн Пелистер)
С. Хaџивaсилeв (Струмицa 2005)
НАЈМНОГУ ПOEНИ ВО 9. КОЛО
J. Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 20
П. Блaжeвски (Вaрдaр Осигурување) 19
М. Миљкoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 19
Т. Симиќ (Фeршпeд Работнички) 18
Б. Joвoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 18
НАЈМНОГУ СКOКOВИ ВО 9. КОЛО
Н. Пaунoвиќ (Фeршпeд Работнички) 12
С. Михajлoвски (Фeни Индустри) 11
A. Пaунoвиќ (Фeни Индустри) 11
Т. Симиќ (Фeршпeд Работнички) 10
Д. Тaсoвски (Фeршпeд Работнички) 10
НАЈМНОГУ AСИСТEНЦИИ ВО 9. КОЛО
Б. Јововиќ (Свисслион Пелистер) 6
J. Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 4
Б. Миркoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 3
К. Мoрбaн (Вaрдaр Осигурување) 3
С. Михајлоски (Фени Индустри) 3