Македонска пошта

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Додека е жешка економијава,да ги ставиме на дневен ред и нив:)Се спрема приватизацијава,се разбива нејзиниот монопол на пазарот,тоа е јасно.Македонска приватизација,влегуваш внатре летаргија ги закачило вработените кој се на возраст помеѓу 55 и 65 години,прашина десет прсти,опрема од 45тата,мебел Хитлер на бегање што го оставил,брзина на услуга и квалитет на завидно ниво.Уплаќаш на 10 ти во месецот,трансакцијата се врши по жалба и молба.Вредноста успеаа да и ја намалат на најниско ниво,сега е зрела за приватизација.
И во 2008 година,после 17 години трансформација,примери од учебник за Македонскиот начин на санација и приватизација.
 
Дали некој знае како идат работите со достава на пратка
од странство ? Италија до македонија колку би цекал?
недела? мозеби повеке ? усте несто добив информација
дека доколку пратката стигне,и не те информираат на време
(македонска работа) се плака лезарина дали е ова вистина ?
Дали транспортот го врши Македонската пошта или
Италијанската ?
 
На страната на Мак.пошта си има ценовник ама малку нејасно ми е напишан.

Од прилика да не знаете кои цени се за писмо до Северна/Јужна Америка?
 
На страната на Мак.пошта си има ценовник ама малку нејасно ми е напишан.

Од прилика да не знаете кои цени се за писмо до Северна/Јужна Америка?

До Северна Америка (САД), колку што се сеќавам цената е од 150 денари нагоре, во зависност од тежината на писмото.
 
Дали некој знае како идат работите со достава на пратка
од странство ? Италија до македонија колку би цекал?
недела? мозеби повеке ? усте несто добив информација
дека доколку пратката стигне,и не те информираат на време
(македонска работа) се плака лезарина дали е ова вистина ?
Дали транспортот го врши Македонската пошта или
Италијанската ?
од Италија мене пратките ми стигаат најчесто за 10-14 ден.За лежарина не сум плаѕил никогаш,ама одма сум ја подигал пратката.
 
од Италија мене пратките ми стигаат најчесто за 10-14 ден.За лежарина не сум плаѕил никогаш,ама одма сум ја подигал пратката.

Фала на информацијата другар, ама види ја датата на постот :)
 
Нема шанси да ја приватизираат Македонска Пошта за брзо време. Им служи за вработување на партиските војници...
 
Писмата мистериозно се потпишуваат дека се подигнати, поштарите идат, ѕвонат набрзина и го фрлаат пакетот пред врата (и ги снемува за секунда дури да излезеш, а пакетот оставен пред врата) - замисли да не си дома. Ако ти е мало сандучето, и не го собира пликот (особено ако е National Geographic, списание на кое си се претплатил) го зиповаат и го набиваат во сандуче, оди после извади го. Еднаш ми се има случено пратката да ја остават кај комшијата (оти јас не сум бил дома). Сите овие се од лично искуство.

Според мене, им треба добри менаџери, и построги правила.

ПС. кога плаќате сметки, земете дигитронот, пресметајте си ги од претходно колку вкупно ќе ве кошта, и кога плаќате ќе ви каже „на грешка“ 40-50 денари повеќе :) Така 10 -15 души да зафркнат (си собрале сметки, ама не пресметале вкупно), си извадија уште една дневница плус. А ако се побуниш, ладнокрвно вика „Ејј дечко, извини, згрешив.“
 
Мене секоја втора пратка што ми ја имаат пратено и јас што ја имам пратено не ми има стигнато/не стигнала кај што сум ја пратил, преку таквото ми е од Мак пошта, лопови невидени се...
 
Пред некој ден во пошта уплаќав пари на уплатница за пасош и никаде нема напишано колку се плаќа за провизија. Можат да ви побараат колку што сакаат... :toe:
Порано пишуваше на уплатницата вкупна цена...
 
Абе она е спремна за приватизација(дури и за под стечај е спремна :) )...ама владава не смее ни да помисли на такво нешто,бидејќи ќе си се жигоса за наредните 100 години(оти порано се се правеше во медиумски мрак),а сега се знае и кој и кога прднал.

Така да кога ќе дојдат некои побезмилосни на власт ќе ја приватизираат и поштата...и тогаш ќе имаме најефикасна пошта на балканот,ама за сметка на тоа ќе останат пола од вработените на улица!
 
Поштата не се приватизира бидејќи е од стратешки интерес за државава. После нема да има од каде да регрутираме амбасадори и конзули.
 
Колку би ме чинело (од прилика) да пратам во Шведска 5 блузи негде околу 4-5 килограми?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom