Македонска полиција

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.990
Поени од реакции
9.687
Локација
Независна Битола
Ограбена полициска станица



08.11.2010 19:06



Наместо да ги фаќаат крадците, ги украдоа нив. Иако осветлена полициската станица, крадци направиле дупка во жичаната ограда и си зеле два скутера од полицискиот двор.

Дури после неколку часа полицајците од Ѓорче Петров забележале дека од запленетите велосипеди, автомобили и мотори од пред нос им исчезнале два скутери.

Тие не ги виделе воопшто крадците. Деталите им ги кажале станарите од соседната зграда. Биле четворица. Влегле преку дупка која ја направиле во оградата и си излегле со два скутера.

Дали полицајците спиеле, не биле тука или биле зафатени со друга работа, испитува Внатрешната контрола. Како и да е, крадците го искористиле нивното невнимание и успеале токму од полициски двор да излезат со два скутера.

Полицајците кои синоќа биле на смена и вечерва даваа отчет пред Внатрешната контрола на МВР.

Освен записникот што сами си го го направиле, објаснуваа каде биле и што правеле додека четворица на само неколку метри од главниот влез оперирале тајно.

Дел од полицајците зад камерата на А1 се жалеа дека не можат да постигнат, со оглед дека се слабо обезбедени.

Дали синоќешната кражба била вистинската потреба од скутерите кои биле постари или пак крадците свесни за сите слабости на полицијата, сакале само да ги стават во искушение.
:pos2:
ACAB
 
Барем кажи дека текстов ти е копиран од А1..или стави извор...сепак срамота е за полицијата....:toe:
 
Наместо да ги фаќаат крадците, ги украдоа нив. Иако осветлена полициската станица, крадци направиле дупка во жичаната ограда и си зеле два скутера од полицискиот двор.

:pehar:
 
Ова се случува само во Македонија , да не кажам Ѓорче :pos2:
 
Дел од полицајците зад камерата на А1 се жалеа дека не можат да постигнат, со оглед дека се слабо обезбедени.

Слабо сте обезбедени ?! Абе не заебавај... полицаец си алоооооо :tapp:

Приказнава - Монти Пајтон. :)
 
Еден пресврт во приказнава крадците се полицајци . Одличен изговор за да си ќариш два скутери...
 
Еден пресврт во приказнава крадците се полицајци . Одличен изговор за да си ќариш два скутери...

Ооооуооо. Е видиш на ова не ни претпоставив, а држи вода. ;)

„Абе заспав јас, колегава на мочање беше... ништо не чувме, оти ја длабоко спијам, а он и серка го фатило, а бидејќи запек има и напиња многу и стенка.. не се слуша ништо“. И другиот ден ете ти ги со скутери на работа.
 
И после овие треба да се грижат за нашата безбедност?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom