Goran Bt
локал патриот
Ограбена полициска станица
08.11.2010 19:06
Наместо да ги фаќаат крадците, ги украдоа нив. Иако осветлена полициската станица, крадци направиле дупка во жичаната ограда и си зеле два скутера од полицискиот двор.
Дури после неколку часа полицајците од Ѓорче Петров забележале дека од запленетите велосипеди, автомобили и мотори од пред нос им исчезнале два скутери.
Тие не ги виделе воопшто крадците. Деталите им ги кажале станарите од соседната зграда. Биле четворица. Влегле преку дупка која ја направиле во оградата и си излегле со два скутера.
Дали полицајците спиеле, не биле тука или биле зафатени со друга работа, испитува Внатрешната контрола. Како и да е, крадците го искористиле нивното невнимание и успеале токму од полициски двор да излезат со два скутера.
Полицајците кои синоќа биле на смена и вечерва даваа отчет пред Внатрешната контрола на МВР.
Освен записникот што сами си го го направиле, објаснуваа каде биле и што правеле додека четворица на само неколку метри од главниот влез оперирале тајно.
Дел од полицајците зад камерата на А1 се жалеа дека не можат да постигнат, со оглед дека се слабо обезбедени.
Дали синоќешната кражба била вистинската потреба од скутерите кои биле постари или пак крадците свесни за сите слабости на полицијата, сакале само да ги стават во искушение.
:pos2:
ACAB