Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетекс фан ^
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто бе секој сет вака го почнуваат ама овој до 15 тешко дека ќе свртат.
--- надополнето: Sep 2, 2011 9:19 PM ---
Тоа е квалитетот на крај излезе на виделина,приемот ги еби цел натпревар сепак добро е што вака почнуваме да играме и квалификации за ОИ.
 
Незнам Црногорците вчера се осамосталија и веднаш во се не победуват. Ептен таленти излегоа.
 
Незнам Црногорците вчера се осамосталија и веднаш во се не победуват. Ептен таленти излегоа.
Српска школа така што повеќе од што треба се оформени како тим.;)
 
слабо слабо... ама Симовски е ЅВЕР!
Не за џабе ми е прв братучед :D.
Голем проблем беше дизачот, уште не ми е јасно зошто Митев го извадија од репрезентација :mad:. Нивниот дизач само како им ги местеше топките на смечерите :cuc: ЗВЕР !
А за приемот се знаеше, како што ми кажа и братучед ми, тоа ќе биде најголем проблем на репрезентацијава, благе везе си немаат ! И тоа е кога нема редовност репрезентацијава, се собираат еднаш у годината, епа после овие од федерација сакаат резултати. Малку морген тоа.
При вториот сет, кога го зедовме, црногорциве се изгубија тотално последните поени. Како се уплашија мајке ми...:D чисти топки промашуваја. Ех да беше полна салата, ќе загубеа убедливо, а не вака да не млатат на наш терен...
 
Без јака лига неможаме да очекуваме резултати на репрезентацијата...одбојката во домашното првенство одамна го допре дното..единствено во оваа репрезентација ми се допаѓа е тоа што се помладува,голем број на млади играчи така и треба !! Повеќе пати сум кажал еве и пак,немам ништо против Скопје али повеќе во овој град не треба да се играат репрезентативни мечеви..не ми се верува град од 700 000 жители да неможе да наполни една сала од 7000 гледачи и тоа карта безплатна,стварно е срамно !!! Исто вака ги испратија и кошаркарите пред европско на трофеј Македонија..сигурен сум дека да се игра во Битола,Кавадарци,Струмица,Охрид,Велес итн салите би биле полни !
 
На 10 септември започнува европското првенство по одбоjка во Чехиjа и Австриjа. Очекува се многу интересен шампионат. Како основни фаворити за победници во шампионатот се сочат репрезентациите на Русиjа, Италиjа и Бугариjа. Дали сте заинтересирани, дали ке следите шампинонатот ? Дали имате омилени играчи от резпрезентациите ? Очекувам некакви коментари, ако сакате да сборуваме по темата. Поздрави.
 
На 10 септември започнува европското првенство по одбоjка во Чехиjа и Австриjа. Очекува се многу интересен шампионат. Како основни фаворити за победници во шампионатот се сочат репрезентациите на Русиjа, Италиjа и Бугариjа. Дали сте заинтересирани, дали ке следите шампинонатот ? Дали имате омилени играчи от резпрезентациите ? Очекувам некакви коментари, ако сакате да сборуваме по темата. Поздрави.
Да ги знаев одбојкарите на репрезентациите, ќе ти кажев кој ми е омилен играч :)
 
Една година не се пишало во темата, па едвај ја најдов. Ако сака некој од модераторите ( Ilumious друг освен тебе не дека ќе прочита:icon_mrgr: ) на овој дел нека ја закачи како важна темата, сепак за репрезентација се работи... а темата беше ептен назад.

Муабетот беше дека од 6 до 8 во Австрија ќе се одигра првиот од двата квалификациски турнири за Европското првенство 2013 година, на кој домаќини ќе се Данска и Полска (жити логиката..)
На првиот турнир домаќин ќе е репрезентацијата на Австрија, па првиот натпревар на турнирот нашата репрезентација го игра токму против нив. Почеток на мечот е во 18 часот, директен пренос не е најавен на ниту една наша телевизија..
Во второ коло играме против Република Чешка на 7ми септември од 20.30 часот.. а последниот натпревар ни е против Хрватска, ден потоа во истиот термин како и против Р. Чешка.

Составот на нашата репрезентација пријавен на овој турнир:
Дарко Ангеловски
Ѓоко Јосифов
Никола Ѓоргиев
Владо Милев
Филип Деспотовски
Александар Милков
Александар Љафтов
Јовица Симоновски
Ристо Клопчевски
Зоран Ѓорѓиевски
Александар Митев
Ристо Николов
Влатко Трајчевски
Вук Карановиќ
Благој Гинов
Виктор Зафиров
Ѓорги Ѓоргиев
Марко Стошиќ

Речиси сите играчи играат надвор од границите на нашата држава, претежно во Србија. И составот е прилично млад, што влева надеж дека може да се надеваме на некое изненадување.

После овој турнир, следува и турнирот 2, каде домаќин ќе е репрезентацијата на Република Чешка од 14 до 16 септември.
 
Moментално Австрија - Македонија 1-2 во сетови, четвртиот сет губиме 14-7 .. еден бод имаме сигурно, сеа се бориме за уште два. Се надевам ќе издржат и ќе ја совладаат Австрија.
..
 
Moментално Австрија - Македонија 1-2 во сетови, четвртиот сет губиме 14-7 .. еден бод имаме сигурно, сеа се бориме за уште два. Се надевам ќе издржат и ќе ја совладаат Австрија.
..

Има стрим?
 
22-25 во четвртиот сет, израмнуваат на 2-2.
Одиме по вториот бод, третиот друг пат:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom