Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кои гревови сме, 3 пати не можеме да си подадеме
 
Кој поставил камери на стадион португалците или некоја наша тв па им го продава сигналот?

Португалскиот коментатор ќе да е овај :D

Они си прават хахаха ова е најголемото дно, нашава национална телевизија да не ти пренесува репрезентација.
 
Димитриевски (y)
 
Голманов денеска изгази еј, алал да му е.
 
ПОЗНАТ СОСТАВОТ ЗА ДУЕЛОТ СО КАМЕРУН
Македонската фудбалска репрезентација во базата Куфштајн го одржа и последниот тренинг пред утрешниот дуел со Камерун (19ч) прв во рамките на подготвителната турнеја во Австрија и Италија.
Избраниците на селекторот Ѓуровски работат во добри услови и најавија добар меч против учесникот на СП во Бразил кој исто така во најсилен состав се подготвува во Алпите.
Селекторот Ѓуровски не го крие составот за овој меч и најави доста офанзивна формација 4-3-3.
МАКЕДОНИЈА: Пачовски -Тодоровски, Попов, Грнчаров, К. Ристевски - С. Спировски, Трајковски, Д.Бабунски - Абдурахими, А. Ибраими, Тричковски.

„ Очекувам добар и пред се квалитетен меч против Камерун. Добро се подготвивме и од играчите барам да се исполнат задачите што ги договоривме на тренинзите. Ќе играме многу поразлично отколку на дуелот со Летонија. Ќе кажам резултатот не е во прв план туку е важно да се спроведат што подобро тактичките замисли. Тоа впрочем ќе биде и играта која ја градиме за стартот на квалификациите против Шпанија на гости. Работиме добро не се оптеретуваме со резултатот кој верувам ќе дојде сам по себе ако ги спроведеме договорените варијанти. Играме против силен противник и тоа е шанса за некои од играчите да се наметнат со квалитетна и пред се интелегентна игра“- истакна селекторот Бошко Ѓуровски.

Средбата се игра в понеделник 26.мај со почеток во 19ч.
 
Спировски и Бабунски во средина. :cuc: Мислам дека подобри немаме, браво Ѓуровски. Овој Абдурахими абер немам кој е, ништо посебно не очекувам од вакви играчи како и секогаш.
 
Каква трагедија е станат Спировски, т.е може од секогаш таков си бил, само му се погоди баш за до 21 да изигра нешто доволно да мисли народов дека нема ништо подобро :D
Дарко Мицевски и Ранџеловиќ го имаат измислено фудбалот за Спировски :)
И каде бе со Кирче Ристевски, циркус ќе биде тоа. Ќе има пренос некаде?
 
Бошко го препознава Битолскиот квалитет пред онај полошиот, Скопскиот.
Пренос МТВ 1 19:00
 
Така е, да живее независна Битола :icon_lol:
Поминало и тоа време кога Битола вадела подобар квалитет од Скопје, сеа искачаат хорспаулер фудбалери како Китановски и пони коњче како Драгарки кое секоја полусезона го лаже некој од Вардар дека ќе го земат у Скопје :D

Ништо ново нема да имаме ни со Бошко, чим има играчи како Кирче, Спировски, пак некој друг го составува составот
 
За Кирче можи си до некаде во право ама за Спировски никако не се сложувам, ќе видиме и овие вашите не се прославија многу многу...
 
Каква трагедија е станат Спировски, т.е може од секогаш таков си бил, само му се погоди баш за до 21 да изигра нешто доволно да мисли народов дека нема ништо подобро :D
Дарко Мицевски и Ранџеловиќ го имаат измислено фудбалот за Спировски :)
И каде бе со Кирче Ристевски, циркус ќе биде тоа. Ќе има пренос некаде?
За Кирче можи си до некаде во право ама за Спировски никако не се сложувам, ќе видиме и овие вашите не се прославија многу многу...
Каква трагедија е станат Спировски, т.е може од секогаш таков си бил, само му се погоди баш за до 21 да изигра нешто доволно да мисли народов дека нема ништо подобро :D
Дарко Мицевски и Ранџеловиќ го имаат измислено фудбалот за Спировски :)
И каде бе со Кирче Ристевски, циркус ќе биде тоа. Ќе има пренос некаде?
Мое мислење е дека Спировски е многу подобар од Мицевски. Пред 2 години и двајцата беа во Работнички и далеку подобар беше Спировски. Сега во петокот ги гледав младите и Мицевски не одигра ама баш ништо катастрофа беше.
 
Е шо изигра тогаш Спировски, две утакмици и се повреди и го шутнаа после
Лошо изигра Мицевски со Португалија, али се дешава
Напрај споредба на клубовите кај што играат и кој колку изиграл сезонава и ќе ти биде јасно кој е поквалитетен :)
 
Точно е дека Спировски изигра само 3 утакимици па се повреди и се врати во последното есенско коло и после му заврши позајмицата и си отиде. Сепак на тие утакмици што играше изигра доста добро,додека Мицевски најчесто влегуваше од клупата за резерви и не ми остави некој впечаток. Сепак од кога отиде во Тетекс не го следев ама сепак слушав позитивни коментари за неговата игра. . Е сега оваа сезона немам многу информации како изиграл во Офк Београд можеби напреднал во својата игра.
Можеби играта со Португалија не е мерило бидејки реално цел среден ред беа катастрофа. Дај боже да било тоа само лош ден и понатаму да прикажува добри партии..
Инаку што се однесува до составот на репрезентацијата по повредите и откажувањата на Мојсов и Шиков мораше да се земе уште еден штопер,бидејки како што знам Ристевски е бек и ке игра на неприродна позиција за него. Исто и во средниот ред нема последен играч за врска. Како и да е јас му посакувам среќа на Ѓуровски иако не сум оптимист и не очекувам ништо посебно ни во следните квалификации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom