Коментар на неконсолидирани и неревидирани Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка АД Скопје за периодо
т 01.01 - 30.09.2020 година 1.
Биланс на успех Во периодот од
01.01-30.09.2020 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.300,6 милиони денари што претставува зголемување за 0,8%. Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1%. Зголемувањето на бруто-добивката е остварено во услови на позначителен пораст на дополнителната исправка на вредноста на финансиските средства заради влошување на квалитетот на корпоративното кредитно портфолио. Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 37,8% поголема во однос на истиот период минатата година. Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи,
односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје и
Технометал Вардар АД Скопје. Позитивниот резултат од работењето, Банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во Државата поради пандемијата со ковид-19 во периодот март-јули, при што е извесно дека и во следниот период здравствената и економската криза ќе се пролонгира и остануваат присутни ризиците поврзани со истата. Во периодот по прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 30.09.2020 година, Банката во целост го прилагоди своето работење со донесените препораки и уредби од Владата, како и со измените на регулативата поврзана со управувањето со кредитниот ризик и останатите одлуки донесени од страна на Народната банка кои беа креирани пред сè за да ги заштитат клиентите на банките кои се директно погодени од кризата.
#
lucartandonov веќе го разглоби ова, Буши сеа е на терен , рестарвира и реновира затоа им е интересно на новинариве