Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Па тогаш по некоја логика би требало да расте цената пошто ке лапнат тендери за обновување на оштетената инфракструктура од торнадото.
Кога почнавте со фантастични сценарија можно е и оваа-Ќе мора Гранит да плаќаат оштети на поради срушени неквалитетните изградени градби и ќе банкротираат пред да почнат да градат. :D
Автоматски споено мислење:

Ако добро се сеќавам, на врвот на моќта во 80-тите кога граделе по Ирак и Либија, Гранит имал 6.000 вработени и годишен обрт од 200 миљони долари, што е можеби како сега пола миљарда евра. Да постоела тогаш берза и да бил котиран и да се почитувале закони и да не се крадело, можеби би вредел и како сегашни 10.000 денари по акција.
Е кај се Садам и Полковникот да се вратат. Сега се сигурно на оној свет и си прават со Маршалот планови за нови градежни офанзиви. Ептен забегавте.
 
Последно уредено:
Се случија многу промени во изминатите 10 дена. Да видиме како изгледа MSE после мечето:

Прегледај го приврзокот 178471

Големината на балоните е врз база на нивната пазарна капитализација.
Интензитетот на бојата е врз база на дивидендниот принос.

Овие ги постирав за вака по некое време да ги гледам и да им се чудам.

Чудна е потценетоста на KMB во однос на STB и TNB во тоа време, која со тек на време се среди.
 
Кога почнавте со фантастични сценарија можно е и оваа-Ќе мора Гранит да плаќаат оштети на поради срушени неквалитетните изградени градби и ќе банкротираат пред да почнат да градат. :D
Автоматски споено мислење:

За што да плаќа оштета кога во последниве 2-3 години нема ништо сработено, освен тие 3-4 км од автопатот "пријатели".. И колку треба да си баксуз баш таму да мавне торнадо.. :D
 
Овие ги постирав за вака по некое време да ги гледам и да им се чудам.

А зошто СТБ е тука претставена како поголем балон од ТНБ? Дали е тоа поради неделењето дивиденда, бидејќи гледам дека има помал p/b и сличен п/е, па по некоја логика би требало да е поатрактивна од ТНБ.
 
Големината на балонот ја означува Големината на пазарната капитализација на Компанијата во тој момент.
 
Овие ги постирав за вака по некое време да ги гледам и да им се чудам.

Чудна е потценетоста на KMB во однос на STB и TNB во тоа време, која со тек на време се среди.

Мислам дека тогаш уште не беа ни почнале со инсајдерскиот транзициско-профитерски откуп на КМБ од странците. Кога тоа го завршија, почна наглиот раст на нејзините профити и поместувањето на сите индексирани акции нагоре и надесно. Сигурно 98% од новиот кеш бил впумпуван со десетте индексирани и уште 2-3 други акции од тип ОКТА, УСЈЕ или ППИВ
 
Па две години по ред има добивка помала за 10 проценти од претходната и не дели дивиденда. Зошто би растела СТБ
 
Па две години по ред има добивка помала за 10 проценти од претходната и не дели дивиденда. Зошто би растела СТБ
zatoa sto i so namalena 10% dobivka od rekordnata "tezhi" poveke za 70-80 m eur odkolku pred 2 god.
 
Па две години по ред има добивка помала за 10 проценти од претходната и не дели дивиденда. Зошто би растела СТБ
Зошто да не, РОЕ од 10% значи 10% повеќе пари од лани. А најверојатно ќе расте двеве последни години се особено лоши за економијата следните 5-10 ќе бидат многу подобри. СТБ ќе раст тоа е речиси сигурно. Плус и инвеститорите имаат немаат подобри опции во МК.
 
Bash koga mislev deka sum videl se, direktorot na REPL si prodava na 90.000, a gi ubeduva ostanatite deka tece med I mleko...
 
ПКБ со 1,7 милиони евра добивка но со ташак за акционерите. Се уште мислите дека е добра инвестиција?!
 
ПКБ со 1,7 милиони евра добивка но со ташак за акционерите. Се уште мислите дека е добра инвестиција?!

Не да е добра, туку е убедливо најдобра. Камо да постоеја уште 3-4 такви акции на (сѐ уште) Македонската берза
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom