Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
И самиот се чудам колку многу бизарни работи сум напишал во животот коишто потоа се оствариле. Еве нпр. до пред три години сигурно сите ќе се смееле ако им речеш дека службеник од НЛБ Тутунска банка ќе може да украде милиони евра кеш од трезорот и парите да исчезнат без трага. Пред нас се барем уште 30 години инвестирање, а можам да ГАРАНТИРАМ дека за тоа време ќе се случи истоветен или сличен случај какошто опишав погоре кајшто некој вработен од овие инвестициски фондови ќе украде или проневери огромна милионска сума и убаво ќе ги потстриже „инвеститорите“ што ваквото вложување го сметаат за стопроцентно сигурно.
15 години поминаа и засега не се случил таков настан.

А што ако не се случи во наредни 30 години?

Скоро во секоја институција може да се направи голем криминал ако за тоа се договорат повеќе луѓе во форма на злосторничко здружение. Сепак овде за два дена ќе се открие кога некој друг службеник од банка чувар ќе го забележи тоа.
 
Последно уредено:
Опоравувањето на економијата ќе биде мачно и бавно
da0fd9ebdbd6e423935a012b1655b0d7.jpg
 
Нигде ги нема другариве што тврдеа дека нафтата ќе иде нагоре од понеделник.
Ајде нема врска секој понекогаш не е во право.
Се надевам не се заглавени на E-Toro со leverag-и на long позиции на нафта.
 
Јас колку што читав пишуваше намалување за мај и јуни, а не дека одма ќе намалат, и треба уште малку време да рикнат шкрилските компании.
 
Се ми е јасно, намалувањето кое е премало според мене нема да има никаков ефект по цената без светов да почне да се движи и да користи нафта.
Вишакот на нафта сам по себе и не до толку проблем, проблем е што моментално нема веќе каде да се складира вишакот нафта затоа што сите складишта во светот се полни, а веќе и танкерите ги наполниле како што се пишува.
 
Излезе многу добар извештај од IMF во кој се прават проекции на светска економија за наредните 2 години.
 
Се ми е јасно, намалувањето кое е премало според мене нема да има никаков ефект по цената без светов да почне да се движи и да користи нафта.
Вишакот на нафта сам по себе и не до толку проблем, проблем е што моментално нема веќе каде да се складира вишакот нафта затоа што сите складишта во светот се полни, а веќе и танкерите ги наполниле како што се пишува.
Ама како сакаш да паѓа цената кога уште не е почнато намалувањето, ќе терат вака до мај, па по мај ќе има поголема потрошувачка, помала понуда, рикање на некоја компанија од шкрилци...

Еден текс во врска со нафтата
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/sterjova-tri-predlozi-za-pazarot-so-nafteni-derivati

Предлогот е постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото, односно да изнесува 17,121 денари.

Набавната цена на дизелот е околу 15-16 денари.
 
Ама како сакаш да паѓа цената кога уште не е почнато намалувањето, ќе терат вака до мај, па по мај ќе има поголема потрошувачка, помала понуда, рикање на некоја компанија од шкрилци...

Не ти го разбирам коментаров.
Прво, не дека јас сакам да паѓа цената на нафтата туку тоа е реалноста, пад вчера и денес на светските берзи и тоа околу 20% за 2 дена изгуби цената.
Второ, коментарот ми беше насочен за дел форумџии тука кој при крајот на минатата недела не убедуваа дека нафтата од овој понеделник ќе расте.
 
чуден потег војска пред банкиве, поради ред или ? Колку што знам секоја филијала на нлб има обезбедување која се грижи за истото.
 
За нафтата ќе треба некој месец сепак е берза, секако ќе оди нагоре. Еве де пријавам влез во Рно денеска на 18,3 пошто е багатела
 
15 години поминаа и засега не се случил таков настан.

А што ако не се случи во наредни 30 години?

Скоро во секоја институција може да се направи голем криминал ако за тоа се договорат повеќе луѓе во форма на злосторничко здружение. Сепак овде за два дена ќе се открие кога некој друг службеник од банка чувар ќе го забележи тоа.

Тоа што досега не се случило воопшто не го намалува ризикот дека може да се случи. Напротив, ризикот е уште поголем затоа што е зголемена количината на пари со којашто располагаат тие луѓе. Се кладам дека ни пет луѓе у целата држава што не се директно вклучени во таа индустрија не знаеле дека КБ Публикум има над 50 милиони евра кеш у тој фонд. Фондовската индустрија е еден типичен ќути-си-дупи-си бизнис кајшто вработените малтене неочекувано се нашле со прстите длабоко во медот и сега грчевито се борат за да си ги зачуваат позициите. Не работат скоро ништо и не сносат одговорности, а имаат огромни примања за македонски услови.

Инаку, бекството воопшто и не мора да биде во некоја далечна држава туку може и во непосредно соседство. Има барем пет добро познати примери на луѓе што се накрале пари во Македонија, а се наоѓаат во Србија и Бугарија кадешто сигурно плаќаат солиден рекет за да добијат државјанства и не бидат испорачани, а богами и во Македонија за да не се ни инсистира на екстрадиција. Ич да не зборам за Албанија или Косово кајшто пребегнат криминалец со десетици милиони евра би бил практично недопирлив.
 
all good things must come to an end ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom