Сеуште не сме во најголемата економска криза која што се случила. Ама можеби ќе бидеме.
Работниците ќе се вратат на работа во истиот момент кога ќе ја снема забраната. Засега 100% е сигурно дека тоа нема да се случи пред мај.
Еј ако случајно имаш некаква врска со Црпко и те викне за совет немој ништо да му кажуваш, немој никако.
Значи вака, оваа ќе трае најмалку цел Април (епидемијава реално нема да сопре ни 2 месеци во целосен карантин), помина и Март, многу од населението во ЦЕЛ СВЕТ ќе нема пари да си купи храна не па нешто друго, што значи еднинствено што ќе работи турбо е прехрамбената индустрија (оти без неа не се може), со тоа што нема да има пари да си купи храна нема да троши на чоколади (пр. автомобили), што ќе има намалена побарувачка за одредени производи, со намалена побарувачка дали ќе има потреба од толку работници во автомобилската индрустрија, што значи ќе има нови откази и нови екс работници со помалку пари кој ќе трошат само на леб без да трошат на чоколада (пр. облека) и така кругот продолжува....
оваа година на градежништвото пишете му крст, ќе работат колку да преживеат.
И оваа нашава северџанска влада со дупка во буџетот од 2-3 милијарди, од каде мислеш ќе скрати,
немам коментирано ама мислам дека е време да образложам глупостите кој ги тресна,
на Црпко му светнала идеа целата администрација да ја стави на минималец (не дека е нешто лошо ама лош тајминг), ако на пример имаш 50м евра плати за администрацијата (незнам колку се точно кажувам бројќи сликовито да се разбере) со неговиот план треба да падне на 30 милиони, а тие 20 милиони да се закрпи дупката, што значи 20 милиони ќе има помалку во потрошувачката, со што синџирот кој го имало претходно сега ќе се прекине на многу места,
ама еве речеме дека тие 20 милиони се поделат на приватниот сектор, како прво не е можно да се поделат рамномерно на секој, познавајќи го северџанскиот менталитет, парите ќе се делат преку штаП (како и се останато да не набројувам што),
всушност и главните мерки што се најавуваат би биле, во следните 2-3 месеци да не плаќат данок, 50% од придонесите да ги плаќа државата (ама ако ги скратеш пензиите не ти требаат придонеси, уште не и текнало или јас не сум прочитал добро),
но да се вратиме на Црпе и неговите 50% од платата ќе ја плаќа државата со тие 20м,
ако на пример приватниот сектор дава плати 100м, државата 50м, по негова логика, 30м се доволни за администрацијата, 20 милиони за приватните, ама приватните ги преполовиле платите на 50м, што пак фали 50 милиони во потрошувачката, што значи многу ќе одат банкрот.
Мерките што ќе ги предложи владата треба да ја одржат потрошувачката, оние фирми што немаат обрат да добијат некаква помош за трошоците за да не пропаднат,
сите влади така прават, гледаат да ја одржат потрошувачката, во спротивно ќе почне да пука синџирот на потрошувачката, а оваа нашава неписмена влада на милионери, дава предлози за намалување на таа потрошувачка.