Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе врзам три поста по ред, па ќе делува дека повторно како пред некој месец ѝ го носам на грб форумов на Кајгана, ама нејсе.

И претходно пишував дека младите Кутревци можат многу да научат од Живко Алкалоид во когошто странците имаат инвестирано толку многу за во погоден момент да ни го октроираат како некаковси експертски премиер. Не се сомневам дека и нив при некоја „добронамерна“ посета од амбасади ги испипале дали имаат интерес за влегување у политика.

Една од тие работи е координирано со пензиските фондови акцијата со години да ја движат нагоре до астрономски височини. Нпр. кога ПКБ моментално би се тргувал со валуацијата на АЛК, цената би му била 69.100 денари :shook: Оваа шема потоа ја преслика и брокерско-фондовската екипа што координирано ги расте индексираните акции до астрономски височини.

На тој начин, како мали акционери ќе влезат и ќе се „збогатат“ и многу општествено влијателни личности коишто насекаде ќе шират добар глас за компанијата и менаџментот, наместо како сега у секоја ситуација и на секое место да јадат го.на против нив. Дури ми е смешно кога ќе слушнам некого што заработил 20-30% проценти или земал една-две дивиденди од АЛК, КМБ, ТНБ или МПТ како очи ќе ти извади ако кажеш било што лошо за фирмата :lolzz:

Кога ќе го видат Живко на волку добар глас, акцијата до плафон, а сите околу него задоволни, му шират позитивен имиџ и ѝ градат бренд на компанијата, мислам дека се доволно интелигентни да заклучат у која насока треба да им иде однесувањето.
 
Општо познато е дека нештата вредат онолку колку што можеш да ги продадеш, односно дека "есапот дома и на пазар не е ист".

Моментално, според куповната цена, пазарот ја вреднува акцијата на ПКБ 9.000,00 денари.
 
Последно уредено:
Општо познато е дека нештата вредат онолку колку што можеш да ги продадеш, односно дека "есапот дома и на пазар не е ист".

Монентално, според куповната цена, пазарот ја вреднува акцијата на ПКБ 9.000,00 денари.

Нормално де, немаше да може да се остваруваат десеткратни заработувачки ако пазарот своевремено не ги вреднуваше СТБ по 130, ТНБ по 1.600, ПКБ по 2.000, ОКТА по 450... Повеќе се чудам што има такви слепци што себеси се нарекуваат „инвестициски советници“ или „фонд-менаџери“, а во ваков период на пазарот дозволуваат десетина компании да се тргуваат по смешни цени, додека шпекулативно ги пумпаат само индексираните акции и рајата ја навлекуваат да сипува пари у нив
 
Изгледа дека соработката со големиот директор на ФИТР и големиот бизнисмен Коста Петров го стимулирал интересот за акциите на УНИ :lolzz:

Ако добро се сеќавам од пријавениот имот, човекот поседуваше само педесетина илјади евра нето имот, а изградил имиџ во јавноста како да стекнал милиони. Доколку не пријавил лажно, што пак само по себе е прекршок или кривично дело, ликов е една од најголемите шарени лаги што успешно ѝ се продала на затуцанава раја
 
Јас мислам од кога го снимаа видеово и тргна на банката:

Гледам овие од ИРЛ почнале да прават телевизиски серијал на повеќе теми, а досега ги нагазиле Анѓушев и Чифлиганец:

Којзнае, можеби у следните епизоди ќе објават сторија на којашто работеле за уште еден друг бизнисмен од „една голема прехрамбена компанија“. Колку гледам, објавуваат и тајни видео и аудио снимки, па можеби во сториите ќе вовлечат лица и институции со коишто контактирале, а коишто не сакале јавно да говорат и да се појават у емисијата :lolzz:
 
Не ја пратам многу македонскава, ама онка би купил и нешто макеоднско од патриотски побуди... Може некој да ми наброи неколку компании што не даваат дивиденда , да си ги анализирам. Предлози се добредојдени, ама мора без дивиденда да е.
 
sea grim ke ti objasni :)
 
Не ја пратам многу македонскава, ама онка би купил и нешто макеоднско од патриотски побуди... Може некој да ми наброи неколку компании што не даваат дивиденда , да си ги анализирам. Предлози се добредојдени, ама мора без дивиденда да е.
Zosto ti e tolku bitno da e BEZ dividenda ?
 
Zosto ti e tolku bitno da e BEZ dividenda ?
Гастербајтер сум, без македонско државјанство. Дивиденда ми ги комплицира работите со даноци во државава кај што сум, треба пријави глупости да пополнувам, да рачунам...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom