Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Перпетуалните обврзници се слични со обичните во исплата на камата, а разликата е што немаат датум на доспевање и се вклучени во Основните средства, т.е. Additional tier 1 capital. Тоа значи дека ја зголемуваат адекватноста на капиталот и се еден вид "замена" на нова емисија на акции. Теоретски ќе добиваат камата засекогаш.
 
I dali imate sovet ili mislejne dali da investirame vo akcijata na uni ?
 
Според што овие бројки биле сосема очекувани за тебе?

Акциите, добар дел од нив, беа потценети со задоцнет залет од 2023. Играше секако улога и кешот од мтур, како и барањето засолниште од инфлацијата
 
Перпетуалните обврзници се слични со обичните во исплата на камата, а разликата е што немаат датум на доспевање и се вклучени во Основните средства, т.е. Additional tier 1 capital. Тоа значи дека ја зголемуваат адекватноста на капиталот и се еден вид "замена" на нова емисија на акции. Теоретски ќе добиваат камата засекогаш.

Проблемот со нив, во однос на акциите е што тие имаат во случајов на UNI, а денеска и ТТК објави такви во износ од 1 милион ЕУР, што имаат приоритет во однос на акциите. Односно, од добивката, прво ќе се исплатат 6% за перпетуалните на УНИ, 5% за ТТК, а ако остане, оди дел од добивката за акционерите.
Количината на перпетуалните обврзници на UNI ја намалува вредноста на одличното P/E и P/B на UNI.
Дури е волкава добивката, нема гајле, ама ако се намали, ќе останат акционерите со празни раце за дивиденда, а обврзнициве ќе си земат договорена камата.
Искрено, дел од портфолиото и јас би го имал под вакви услови, ама за жал понудата не е јавна ниту во една од тие 2 банки.
 
 
 
Денешниот промет високо го надминува просечниот дневен промет во последно време.
А се тргуваше и со акции со кои подоста време немаше трансакции.

1757683297406.png

По мене, една од причините за "тињата" на берза е релативно високите провизии за купување и продавање.
Во просек за клиенти со помал историски просек се движи од 0,9% до 1.2% зависно од брокерот.
Но, дополнително ср*ње се минималните провизии по трансакција, од 100 ден за цдхв, 100 ден берзанска провизија, и зависно од брокерот (КБ на пример, мин 250 ден).
Ова дебело дестимулира учество на мали акционери, кои на пример ако земеме, за 10 акции од TEL, иако е трансакцијата 4400 денари, ќе платат 450 денари провизија, што доаѓа 10% провизија.
Не велам дека малите акционери ќе ја раздвижат берзата, но ако може гувернерот да стимулира намалување на банкарски провизии (КИБС, МИПС, интерни), може некој надлежен да потегне да паднат овие несериозни мимимум надоместоци по трансакција. Не гледам причина да бидат 100+100+250 ден минимални трошоци при трансакција.

Како и да е, ден без провизии покажа дека провизиите се голем товар.

Поздрав, и убав викенд.
 
Исто и давачките за м-трејдер. Денес сите очекуваат дигитални решенија, тие за длабочина на пазар наплаќаат. За некој кој сака неколку пати годишно да купува/продава акции е висока давачка секој месец да плаќа за да гледа длабочина на пазар. Подобро би било давачката да си ја вкалкулираат на направена трансакција. Исто податоците на веб страната се со многу доцнење. Ако ги подобрат табелите за компаниите со подобри и посвежи податоци од кварталните извештаи исто ќе придонесе. Има уште многу што може да направи МСЕ за да го поттикне прометот, но нивната инертност е голема. Засега како можност останува само ако хрватите го зголемат уделот и ја преземат МСЕ да реформираат некои работи, оти од овие се гледа.
 
Во оваа инвестиција се парите,кои со време си инвестирал направил одличен потег.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom