Toчно,само тие реклами се наменети за консументите во случај да има ист или сличен производ од друг производител а не за производот како во случајот со Македонската влада која е единствен производител односно има монопол врз производот па си се рекламира самата себе,не оставаќи простор на консументите да проценат дали производот е добар иако нема друга алтернатива.Впрочем изгледа владата на Гвујо мисли дека има конкуренција во државава од паралелна влада па ги троши нашите средства за рекламирање на воздухот кој единствено таа ни го дава да го дишеме.Апсурден начин за крадење буџетски средства би рекол.
На производот што е навистина добар во секој поглед не му треба воопшто реклама.
Тешко на онаа власт која секојдневно си го мери.........рејтингот,де.![]()
Како тоа мислиш дека власта нема конкуренција, па што е тогаш опозицијата(таа порано беше на власт)
И на добриот производ му треба реклама, пример кока колата.
И што има чудно во тоа што некој стално си ги следи рејтингот.Растот или падот на рејтингот е показател на успехот или неуспехот и водилка за преземање, непреземање или корекција на одредени активности во иднина.