- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
Во Сараево денеска продолжуваат разговорите за поделба на дипломатскиот имот на поранешната југословенска федерација. Претставниците на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и на Хрватска треба да најдат заеднички јазик за поделбата на двата резиденцијални стана во Њујорк, како и за амбасадите на СФР Југославија во Бон, Софија, Букурешт и во Буенос Аирес.
Досега наследничките се договорија за поделба на 44 дипломатско-конзуларни објекти, некои државите и ги презедоа, но останаа нерешени уште 77 објекти, многу од нив неатрактивни згради и скапи за одржување кои најверојатно ќе се продаваат.
Во фокусот на јавноста се најде таканаречениот стан на Тито на Менхетн, но за Македонија особена важност има амбасадата во Софија.
- Хрватска и Србија се откажаа од неа, но Босна никако да се повлече. Можно е да игра на картата на притисок за да добие нешто повеќе во процесот на преговорите. Во секој случај, станува збор за вреден објект кој би сакале да го добиеме - вели еден познавач на процесот на сукцесија.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=93D535880D686048A85B141E7B854B39