Пет земји членки на Алијансата сигурно би гласале за прием на Македонија во НАТО следната година. Тоа се најголемите поддржувачи: САД, Британија, Турција, Словенија, на кои им се придружи и Романија.
Иако повеќето земји членки се уште не расправале околу упатувањето покана до Македонија, сепак за идното проширување на НАТО со Македонија, Албанија и Хрватска би гласале и поновите земји членки, како Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Словачка.
Тоа се 13 од 26-те земји членки на Алијансата. Останатите допрва ќе одлучуваат. Белгија е во длабока политичка криза. Франција одлука ќе донесе на крајот од годинава, исто како и Германија и Италија.
Овие три најстари земји членки поддржуваат ново проширување на НАТО, но не по секоја цена на следниот самит. Одлуки треба да донесат и Канада, Данска, Исланд, Луксембург, Холандија, Шпанија, Португалија и Норвешка.
Во овие земји дополнително треба да се лобира во наредните два-три месеци. Останува и отворено прашањето со Грција, која може да стави вето, но тоа е се поневеројатна варијанта.
Според словенечката амбасада, која е контакт амбасада за НАТО, расположението во Алијансата за прием е позитивно.
„Мислам дека расположението за НАТО е многу позитивно. За тоа ќе одлучат претседателите на држави и на влади. Мораме да кажеме дека одлуките се носат со консензус на сите 26 членки“, изјави Ален Брајан Бергант, словенечки амбасадор
Работите треба да бидат нешто појасни по презентацијата на најновиот Деветти акционен план за реформи во Брисел на 20-ти овој месец.
Извор
Овие три најстари земји членки поддржуваат ново проширување на НАТО, но не по секоја цена на следниот самит. Одлуки треба да донесат и Канада, Данска, Исланд, Луксембург, Холандија, Шпанија, Португалија и Норвешка.
Според мене од овие земји сигурна подршка ќе имаме и од Данска Канада Холандија и Луксембург
Сето тоа што се зборуваше во Грција падна во вода

по изборите така да и тие мож нема да не поддржат ама ќе бидат воздржани.
Според ова шансите да влеземе во НАТО т.е да добиеме покана за влез во нато на следниот самит во Букурешт се сосема реални