Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти доаѓа рекетар, криминалец, пљачкаш...
Ако му дадеш пари ќе те остаи на мира, ако не лошо за тебе.
Што треба да направиш доколку ти дојде рекетар или разбојник? Да не треба случајно да го почестиш со кафе и локумче? Се знае што треба на таков куршумот в чело, па потоа носење в багаж во депонијата Дрисла нека го јадат таму чавките.

Од каде му е дадено правото на некого да изнудува рекет?

Што се тие Богови, Божји пратеници?
 
Ој прашај ги коа ќе ти дојдат во објектот/локалот, и ќе прашаш кој ги гаси ламбите... :confused:
 
Што треба да направиш доколку ти дојде рекетар или разбојник? Да не треба случајно да го почестиш со кафе и локумче? Се знае што треба на таков куршумот в чело, па потоа носење в багаж во депонијата Дрисла нека го јадат таму чавките.

Од каде му е дадено правото на некого да изнудува рекет?

Што се тие Богови, Божји пратеници?
Никој не ги оправдува криминалците.

Но, твојата споредба на стандарден урбан криминал, со напади мотивирани од верска и етничка природа, не само што е наивно неприкладена од аспект на квалитет, туку и квантитативно не држи вода споредбата.
На страна тоа што самиот си ја копаш јамата (ова е толку многу карактеристично македонски, што ме прави апсолутно уверен дека си Македонец).

Па дури и Дарданија не се јави со ваква споредба, веројатно затоа што е попаметен.
 
Знаеш ли ти летно време во Охрид освен тоа убиство дека истите тие Охридски бандити ограбуваат туристи? Ќе начекаат некоја кола од другите градови и ќе му речат „Давај парите мамето твое“. Само што тие работи воопшто не се кажуваат по медиумите. Каде е МВР за тие работи да превземе мерки?

Друга работа: Во Охрид ги има минимум 40 рекетари и тоа од Македонска националност. Што сакаат си прават. Еден ден никој од нив не е лежан затвор.А од Албанците рекетари во Охрид има само еден.
:pos:
1.Сигурно во Охрид живејш?

2.Јас ги викам криминалци во обид.Се прославиле поголем дел со 2-3 јаки тепачки низ град имајќи среќа да преживеат и да бидат забележани од покрупна риба која би ги користела евентуално за бизнис или улога на глинени гулаби.
И од тие 40 и тој 1 поголем дел се лежани по затвори, од Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Словенија до Македонија, Охрид, Струга, Штип и Скопје.Ама потребни им се на партиите на 2-4 години, па ќе се вадат на такви работи.Зошто Детонаторот не пукна кај нас досега?Или му остаја простор (се затворија неколку кладилници пред некое време) или воопшто немат да видиме реакција.

И да, си размислил зошто јас и ти немаме проблеми со нив?
 
Чекајте малце бе, рекетарството, дилерството, лихварството и сл. се криминални дела, кои се прават поради лична економска корист, нема врска тука нација, религија, идеологија .......... додека пак настаните кои се случуваа во последниов период се случуваа исклучиво на меѓу-етничка, па ај да речеме и на меѓу-религиска база, погрешно е во ист кош да се става и криминал направен исклучиво поради лична економска корист и криминал направен поради национални, верски или идеолошки побуди !
Очигледно некои луѓе не ги разбираат работите и сакаат упорно да ги генерализираат работите, ако некој утре ми мавне рекет на пр. тоа сигурно дека нема да го направи поради национални, верски или идеолошки побуди, туку поради личен економски интерес, додека пак ако утре некој Албанец на пр. ме истепа, тоа секако дека е направено од национални и верски побуди, а тоа што на крај може ќе ми ги испразни џеповите, тоа ќе биде како гратис, инаку нападот е извршен од национални и верски побуди, а не за економска корист, не мешајте баби и жаби !
 
Ве поздрави здружението Почитувачи на ликот и делото на фашистичките окупатори со пораки за соживот на:
0:46 / 2:04 / 2:15 / 3:31 / 9:01 / 9:09 / 10:41 / 14:48
12:15 И малку пиротехника за чиво користење немале пари да платат казна па ќе им опростат
 
Што треба да направиш доколку ти дојде рекетар или разбојник? Да не треба случајно да го почестиш со кафе и локумче? Се знае што треба на таков куршумот в чело, па потоа носење в багаж во депонијата Дрисла нека го јадат таму чавките.

Од каде му е дадено правото на некого да изнудува рекет?

Што се тие Богови, Божји пратеници?

Ејј полека-првен три куршуми предупредувачки башка и ако го убиеш пак ќе го лежиш-тоа е разликата меѓу Р.М и САД кај нас крадците се заштитени бидејќи не се знаела намерата(да краде,да убива) додека во САД имаше случај мајка со бебе дома и некој абдал провалил женава ни едно ни две го застрела-полицијата убиството го нарече оправдано.

П.С Само смиренода не се прават инциденти оти спиралата на насилство е опасна работа.

Во меѓувреме порачајте Taser X26 Не е смртоносен и има 4 истрели од 50 000 волти.

taser-x26.jpg
 
Aбе од затвор некако се излегува, ама никако од гроб не се излегвит.

Значи на таков поубаво јас да му ја земам душата него тој мене.
 
Aбе од затвор некако се излегува, ама никако од гроб не се излегвит.

Значи на таков поубаво јас да му ја земам душата него тој мене.

Абе зошто да го убиеш???

Имаш разум малце дај жити се па бакарен казан стар околу 90 години и му украдоа на дедо ми па ги знам кои се и....да ги застрелам??

Етика малце,така се убива само во долина на волците.
 
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Ноќна снимка од местото на петкратното убиство крај Смилковското Езеро

13. април 2012 - 3:58
 
ете изјави и повик на одмазда од личности на видеово...нема да остане овоа вака,пак ќе се разгори,само овој пат да не отиде подалеку...
 
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Ноќна снимка од местото на петкратното убиство крај Смилковското Езеро

13. април 2012 - 3:58
Тој што го споменуваат во видеото дека е постар човек до сега нигде го немаше, а мене ми кажаа пред саат-два, значи изгледа се 5 млади + 1 постар убиени(или 4+1). За четворица млади веќе ми потврдија, исто и за постариот кој бил сведок и затоа го убиле.
За еден не знаеа дали тргнал со нив или не.

Бог да ги прости...
 
Изгледа се работи за некоја расправија која е на меѓуетничка основа.Не се знае уште... Лесна им земја стварно млади деца цел живот бил пред нив.
А сторителот доживотна му е малку траба како во кина на стадион да го пукаат или да го обесат пред 20,000 народ
 
Изгледа се работи за некоја расправија која е на меѓуетничка основа.Не се знае уште... Лесна им земја стварно млади деца цел живот бил пред нив.
На Велигден убиени се 4-5 деца Македонци и еден фамилијарен човек. Ако е на меѓуетничка основа, нема да помине со лесно.
А за бизнис и за мафија, колку може 20 годишници да бидат вмешани до степен да бидат застанати еден до друг и убиени со куршум во глава?
Но, уште повеке ме мачи, што ако навистина ова нема веза со бизнис... што ако е само ладнокрвно убиство на 5 млади луге?
Не верувам во Господ, но навистина ми треба да речам БОЖЕ ПОМОЖИ....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom