Македонија-Словенија 25.01. 16:30 h(1/8 финале на СП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пласира во четвртфинале?


  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Tomasino како и увек не разочарува со анализиве....капа доле за познавањето коа го има за ракометот општо....

Е сеа За словенија не би требало да има поголем проблем...реално и треба да ги добиеме...ама нашиот менталитет не плаши ништо повеќе....

Марковски НИКОГАШ веќе да не заигра за репрезентација...
Диви да добива повеќе шанса кога не му иде на борко.....
Кире кога не му оди на шут да се осврне повеќе кон асистенции..
На Номче да му тргне шутот...
прибрак да добива повеќе шанса пошо човекот е ептен потценет..
преспатоп обавезно да даде гол за среќа и да намигне....
обрван да се научи да става играч со маркер кога треба..
И Ацо И велко малку да се убрзаат...не дека се лоши ама ипак....
Манасков да не игра одбрана пошо е дупка назад...нешто како дибиров...

И да со кој би требало да играме ако идеме даље?
 
Имаме подобар пикер за у репрезентација кој би можел да игра одбрана-напад?
Ванчо....а и сигурно има уште некој боље...
Марковски е сосема бескорисен и во напад и во одбрана....
 
Ванчо....а и сигурно има уште некој боље...
Марковски е сосема бескорисен и во напад и во одбрана....
:pos::pos::pos::pos::pos:

Марковски е една од најголемите причини зошто играме побрзо и имаме подобра транзиција од одбрана во напад и обратно во ова првенство,а ти го спомнуваш Ванчо кој има 200 кила кој е тотално бескорисен..неможам да те разберам искрено
 
Ванчо....а и сигурно има уште некој боље...
Не убедуваа дека Столе бил лош пикер, дека Ванчо може да трча одбрана напад.
Што не ќе прочита човек по темиве за ракомет.
 
И да со кој би требало да играме ако идеме даље?
Со победникот од дуелот меѓу победникот од група Ц и четвртиот од група Д.
Мој тип е Франција, која би добила евентуален дуел Франција-Русија :D
За да се случи ова, треба денес Франција да ја добие Шведска, а Русија да ја тепа Аргентина.

Нека се одиграат сите мечеви, па ќе направиме целосно дрво со елиминаторната фаза :D
 
Na sekoj natprevar imavme crni minuti,toa mora da go resat samite i da se iskoreni.:icon_mrgr:
 
Да беше Лино тренер, гарантирав со животот дека ќе ги добиевме ... Сметам дека баш неговата филозофија е лекот за овие run@:uzi: екипи

Цела одбрана е од Металург, така да исто ти се фаќа дали чиката е на клупа или не.

И јас сум за 6-0, со 4-2 како back-up опција. Зошто бек ап? Зошто при стандардна одбрана сигурно ќе пробуваат да не развлечат лево (наше десно), како би им се укажале две прилики:
1. Основната цел на тој напад, Гајич да добие простор за влез и голманот наш да биед во шах-мат позиција. Ова ќе биде стравично, пошто со Чупич видовме дека ни Манасков ни Бутинио не се асални да го бранат крилото. Тука спас е едино ден на Борко па да му скине бар 2-3 шута.
2. Не навлекуваат лево, нашето лево крило успешно го сочувува Гајич, они одат на финтање преку Доленец и среднот бек. Ако бар еден од нашава централна одбранбена двојка е разместен нема спас. Но ако е на своето место, Словенците немаат решение, се враќаат на 11 метри да почнат пак акција.

При овој случај, играње 6-0, прелесно може да се деси:
Хрватска = Македонија
Македонија = Словенија
ќе ги оставиме сами да гњурат во нашата одбрана и Миркуловски и Столе/Никола да изнудуваат пробивања.

Ако тоа по некој случај не им успее, ни ги размрдаат Велко и Ацо или па за чудо почнат да даваат голови од 9 метри, би требало да примениме „лажна“ 4-2, нешто што Шпанија на пример го игра јако. Доколку успее, тоа би им го пореметило брзиот нивен проток, повторно повеќе би играле на крило но овој пат крилата би биле по дефолт затворени. А за да успее ова, треба двајцата што ќе искачаат да се снажни и пред се подвижни, со рефлекс да го затвори противничкиот бек. Еден таков одличен играч е Миркуловски. Вториот ќе се бара кај пикерот, евентуално Прибак. Тука би можеле да имаме проблеми, но од друга страна пикериве и би можеле да изиграат добра улога.

Ако биде каша попара па и ова не успее, ондак мора да се оди на ризик, односно Кире и Столе на клупа на нивно место Никола и Вугринец. Тоа за да имаме целосна постава која игра одбрана-напад. Вуги ќе игра на двојка, Никола на четворка а Миркуловски на петка. Евентуално единствената промена одбрана-напад овде би била Столе место Никола, ако не успееме брзо да дадеме гол.

Сепак, ко што е пишано погоре, мнозинството голови Словенија ги постигнува од контри, полуконтри и таа неверојатна транзиција. А за да не им дозволиш контра, јасно е што не треба да правиш. Технички грешки, ако ги сведеме на минимум автоматски Словенија ќе има помалку контри, па и полуконтри. Уште ако ни се посреќи и одбранетите удари на нивниот голман, топките да идат далеку од него при што му требало бар 5-6 секунди да ги земе и да се врати у игра, со што ние би ја средиле одбраната би било топ. :D

Едноставно, за секоја одбрана има против напад и обратно за секој успешен напад има одбрана што би го сопрела. Ни ние, ни тие се во исклучива предност. Но шансите за победа се малку повеќе кон нас.

Ниту една тактика нема да успее ако во одбрана играме слабо како што игравме во поголемиот дел, но ако одиграме како што знаеме ќе не биде. Ако се оди по план и ако го слушаат Изборникот, нема да имаме проблеми да ги пукнеме Јанезите. Се надевам дека ќе го слушаат Обрван, нема да има ескалирање на нечиво его со што самите би си заебале историска шанса за Олимпијада.


/expert mode off

8YkazP1.gif


Keep calm и јадете ајвар.
 
Не убедуваа дека Столе бил лош пикер, дека Ванчо може да трча одбрана напад.
Што не ќе прочита човек по темиве за ракомет.
Не читај не те терам со сила да читаш....[DOUBLEPOST=1422115817][/DOUBLEPOST]
:pos::pos::pos::pos::pos:

Марковски е една од најголемите причини зошто играме побрзо и имаме подобра транзиција од одбрана во напад и обратно во ова првенство,а ти го спомнуваш Ванчо кој има 200 кила кој е тотално бескорисен..неможам да те разберам искрено
ok така е
 
Ме интересира уште колку пати ќе прашате со кого вкрстуваме ако победиме? добро бе луѓе дај не се повторувајте на секој поединечно да му се кажува на секоја ебена страна има напишано со кого вкрстуваме..
 
Со победникот од дуелот меѓу победникот од група Ц и четвртиот од група Д.
Мој тип е Франција, која би добила евентуален дуел Франција-Русија :D
За да се случи ова, треба денес Франција да ја добие Шведска, а Русија да ја тепа Аргентина.

Нека се одиграат сите мечеви, па ќе направиме целосно дрво со елиминаторната фаза :D
A баш сакав франција , шпанија, ислад и данска некако да ги избегнеме пошо најреално со нив најмалку шанси иаме...ама ајде да ги поминеме прво словенија :D
 
И јас мислам дека мора да играме 6-0 и да не оставаме игра 1-1, пошто Јоновски, Маркоски, се преспори за игра 1 на 1 против брзите Словенци.
 
Никола Марковски е џокерот на ова првенство, не знам зашто не сакате да го увидите тоа.

Нема онаква целосна експлозија ко Столе во Србија пред три години затоа што не е толку снаодлив во напад. Тоа му е слабата страна, паметот и незрелоста. Затоа промашува зицери напред, нешто што и Манасков го правеше до скоро. Затоа и прави глупи фаули во одбрана иако рака на срце на ова СП само еднаш направи глупо исклучување. Така што промашените зицери му се црната точка.

Но како играч е супер потенцијал, тоа со зицерите може да се среди со тренинзи. Жално ќе биде ако и тој како и брат му остане строго одбранбено способен. Затоа што може да биде клучен играч за нашава репрзентација, пошто е различен тип играч од Столе, а секогаш е добро кога во тимот имаш два различни типа играчи на една позиција.
 
Само да му тргне на Кирца шутот, дебилон да го менува Борко со Диви пошто Диви вчера се раскина од бранење, повеќето беа од 9 метри шутеви, што за Борко беа невозможни за фаќање.
Иаме шанса, шо се тресете само, очекувам победа.
 
сега не е време за тоа, паметам имаше крило во вардар Стојчевски ли беше, десно ли беше или не, барам замена за златче не за друго
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom